Американскиот секретар за здравство и човечки услуги Роберт Кенеди Џуниор планира да отпушти 10.000 вработени со полно работно време во неговиот оддел, потврди денеска портпаролот на Министерството за здравство и човечки услуги. Станува збор за агенција со буџет од 1,7 трилиони долари која ги надгледува вакцините и другите лекови, научните истражувања, јавното здравствена инфраструктура, подготвеноста за пандемии и храната и тутунските производи, пренесува Си-ен-би-си.
Организацијата, исто така, управува со здравствената заштита финансирана од владата за милиони Американци, вклучително и постари лица, лица со посебни потреби и пациенти со ниски приходи. Претходно, уште 10.000 вработени во министерството решија доброволно да ја напуштат агенцијата откако претседателот Доналд Трамп ја презеде функцијата. Ако се спроведат сите планирани отпуштања без исклучок, ресорното министерство ќе изгуби околу 25 проценти од своите федерални здравствени работници и работната сила ќе се намали на 62.000 вработени. Кенеди претходно вети дека ќе стави крај на, како што ја нарекува, „корпоративната корупција“ во американските федерални здравствени агенции и ќе го намали бројот на вработени, пренесува Танјуг.