Најмалку едно лице загина синоќа во руски воздушни напади врз украинските градови Киев и Одеса, каде што беше погодена и зграда на породилиште, соопштија локалните власти.
„Непријателот ја нападна Одеса со голем број беспилотни летала. Оштетена е цивилна инфраструктура, имаше и пожар. Русите ги погодија породилиштето во градот, станицата за итна медицинска помош и станбените згради“, изјави гувернерот Олег Кипер, додавајќи дека породилиштето е навреме евакуирано. Тој додаде дека „станбените згради се уништени и оштетени во центарот на Одеса“ и ја потврди смртта на 59-годишен маж. Во Киев, како што изјави градоначалникот Виталиј Кличко, најмалку едно лице е повредено во силен воздушен напад.