Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун треба да ја посети Русија подоцна оваа година, објави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Руденко. Како што јави државната новинска агенција ТАСС, тој рече дека се подготвува и посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Пјонгјанг.
Најавата доаѓа неколку дена откако Ким Џонг-ун се сретна со рускиот советник за национална безбедност Сергеј Шојгу во севернокорејската престолнина, на која тој изјави дека неговата земја ќе продолжи да ја поддржува Москва во нејзините напори да го заштити нејзиниот национален суверенитет. Ким и Путин во последно време често се среќаваат, исто така поради нивната соработка во војната во Украина. Во септември 2023 година, севернокорејскиот лидер направи „епско“ патување со воз во Русија, додека во јуни 2024 година, рускиот претседател беше во Пјонгјанг.