Кина евакуираше повеќе од 1.600 граѓани од Иран и стотици од Израел, изјави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун. Гуо повика на итни мерки за смирување на конфликтот меѓу Израел и Иран што е можно побрзо, објави Ројтерс.
„Напорите за евакуација продолжуваат и Кина одржува комуникација со Иран, Израел, Египет и Оман“, рече Гуо. Покрај лицата со кинески, евакуирани биле и лицата кои поседуваат пасоши од Хонг Конг и Макао.