Кинескиот потпретседател Хан Женг во вторникот во Париз изјави дека Кина е подготвена да ја зајакне билатералната и мултилатералната стратешка комуникација со Франција. Хан зборуваше за „внесување нов моментум“ во билатералните врски со Франција за време на состанокот со францускиот претседател Емануел Макрон, се вели во соопштението, според Ројтерс. Кина и Франција се согласија да ги решат трговските спорови преку дијалог, но нема знаци за постигнување договор што ќе доведе до укинување на кинеските царини за европските брендови.
Хан е во Франција на конференцијата на Обединетите нации за океаните, каде што најави дека Кина ќе спроведе билатерални и мултилатерални проекти за соработка за поддршка на малите островски држави и другите земји во развој во спроведувањето на целите за одржлив развој, пренесува Танјуг.