Додека Пекинг смета дека Стејт Департментот не е доволно посветен на политиката „Една Кина“, официјален Тајпеј влезе во костец со американскиот претседател во врска со неговата изјава дека сака да ја врати индустријата за чипови од Тајван на американска почва.
Американскиот Стејт департмент ја избриша изјавата од својата веб-страница во која се наведува дека Вашингтон не ја поддржува независноста на Тајван, потег што предизвика гнев во Кина. Кина рече дека поправката на соопштението „испраќа погрешен сигнал до сепаратистичките сили кои се залагаат за независност на Тајван“ и побара од САД „да ги поправат своите грешки“, пишува Би-Би-Си. Фразата „не ја поддржуваме независноста на Тајван“ беше отстранета минатата недела како дел од, како што беше соопштено, „рутинско“ ажурирање. Во истата изјавaта се вели и дека САД ќе го поддржат членството на Тајван во меѓународните организации „каде што е применливо“. Министерството за надворешни работи на Пекинг остро го критикуваше потегот, нарекувајќи ја ревизијата „сериозна регресија“ во ставот на САД кон Тајван.
– Ова испраќа погрешен и сериозен сигнал до сепаратистичките сили кои се залагаат за независност на Тајван и е уште еден пример за тоа дека САД упорно опстојуваат на својата погрешна политика на користење на Тајван за задржување на Кина – рече кинескиот портпарол Гуо Џиакун. Ги повикуваме САД веднаш да ги поправат своите грешки и искрено да се придржуваат до принципот „Една Кина“. Во изјавата на Стејт Департментот се вели и дека портпаролот на САД вели дека земјата останува посветени на политиката „Една Кина“, со што САД признаваат дека имаат формални врски со Кина, а не со Тајван.
Меѓутоа, официјален Тајпеј не остана покусо во својата реакција за ова „пиши-бриши“ на Стејт Департментот. Иако тајванскиот министер за надворешни работи во неделата има се заблагодари на САД за, како што ги нарече, „позитивни формулации, пријателски настроени кон Тајван“, се чини дека Тајпеј и Вашингтон се пресметаа со изјавите во врска со технологијата за чипови. Ву Ченг-вен, шеф на тајванскиот национален совет за наука и технологија, одговори на изјава на Трамп од четвртокот во која амерканскиот претедател ги повтори своите тврдења дека Тајван ја презел индустријата и дека производството на чипови треба дда се врати во САД.
Ченг-вен не го спомна името на Трамп на социјалните мрежи каде што објави дека островот ќе биде сигурен партнер во демократскиот синџир на снабдување на глобалната индустрија за полупроводници. Ченг-вен рече и дека Тајван не го добил на поклон овој сектор од САД туку макотрпно ја развивал индустријата за чипови од 1970-тите години до денес. Тајванската компанија ТСМЦ останува најголем производител на чипови по договор и претставува стратешки проблем за САД и за Кина во случај на иден конфликт во Тајванскиот Теснец.