Заканата што ја претставува Кина е реална и може да биде неизбежна, рече Хегсет во Сингапур за време на годишниот дијалог Шангри-Ла, голем форум за безбедност и одбрана во Азија.
Хегсет рече дека Пекинг „сака да доминира и контролира“ во регионот и „вежба секој ден“ да го нападне Тајван. Според него, Пекинг очигледно се подготвува да го промени балансот на моќ во Азиско-пацифичкиот регион.Во овој контекст, САД го направија регионот свој приоритет и ја преориентираат својата стратегија „со цел да одвратат каква било агресија од страна на комунистичка Кина“, рече американскиот министер за одбрана.