Кинеската Народноослободителна армија (ПЛА) денеска почна со големи воени вежби за увежубање на различни рути и методи за приближување до островот Тајван, изјави Ши Ји, портпарол на борбената команда на ПЛА во Источната зона.
„Од 1 април, источната борбена команда на ПЛА ќе распореди копнени сили, поморски сили, воздухопловни сили, ракетни сили и други сили за вежбање на бродови и авиони кои се приближуваат до Тајван од различни правци“, се вели во соопштението, пренесе Ксинхуа.
Тој забележува дека вежбите имаат за цел да ги тестираат вистинските борбени способности на силите на источната борбена командна зона. Вежбите служат како строго предупредување и моќно одвраќање за сепаратистичките сили за независност на Тајван и се легитимна и неопходна акција за заштита на суверенитетот и националното единство на Кина, рече Си, пренесува Танјуг.