Комунална Хигиена пропаѓа а тоа на Данела и се допаѓа!
Додека Скопје се дави во смет на 40 степени, денешната објава од редот сомнителните зделки на раководството на ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА предводена од кадарот на Данела Арсовска и Блерим Беџети, ќе ја брифираме јавноста со фактура од неверојатни 775.000 денари за соработникот на Блерим Беџети, Г-динот БЕСАР САКИПИ за кој пак можеме да ги видиме насмеани на фотографии на социјалните мрежи!
Сакипи пријателот на Блерим со потпис од директорот на Комунална Хигиена добива потпишана фактура замислете за имплементирање на нови техники за заштита на животната средина!!!
Ако вчера објавивме дека 18годишниот син на Блерим Беџети за интелектуални услуги ја фактурира ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА за 775.000 денари, денес најдобриот пријател Сакипи исто така дека имплементирал техники и ја фактурира Комунална Хигиена за уште 775.000 денари е прашуваме што е следно, а следно има ама тоа УТРЕ!
После овие сомнително криминални испумпувања на средства од ова претпријатие се прашувам дали чесната Данела Арсовска ќе оди сама во Обвинителство и ќе го покрене овој случај или пак ќе снима во живо на социјални мрежи од пред Комунална Хигиена. Ако премолчува за сето ова значи истата знаела за се и со нејзино одобрување се прави овој грабеж додека претпријатието доживува колапс, вработените денес немаат ни здравствено осигурување а пола од возниот парк стои паркиран во гаражите поради дефекти! Одговорно тврдам како и во вчерашната објава дека буџетите од Советот на Град Скопје како и развојните и инвестиционите програми се изгласани и нема никакво оправдување или правење дефокус во јавноста за ваквото недомаќинско криминално водење на ова претпријатие!
За крај, ја повикувам и охрабрувам Данела Арсовска веднаш да постапи, да го тргне приватното дружење со професионалниот однос со Блерим и неговите синови и пријатели дека во спротивно станува соучесник а за многу брзо од сега ќе има одговорност!