ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА – Претпријатие со грантови за интелектуални услуги за Данела и БлеримДодека Скопје се дави во смет , метрополата е претворена во депонија , ужасни глетки во сите општини низ Скопје со ѓубре , претпријатието кое го плаќаме сите ние ЈП Комунална Хигиена се дави во долгови од недомаќинско работење односно работење под диригентската палка на Данела Арсовска и нејзиниот кадар од ДУИ – САРАЈ – Сабахатин Рустеми .
Како советник во Град Скопје одговорно тврдам дека сите развојни и инвестициони програми се изгласани во советот , сите буџети и се што треба за да работи ова претпријатие се поминати на советот и се што треба е ова претпријатие е да работи одговорно домаќински , професионално и посветено но што имаме …. претпријатие кое тоне во долгови , платите често каснат со недели , к15 едвај исплатено , возниот парк е на половина и повеќе во дефект и се нема средства за нивно одржување . Од другата страна гледаме дека Скопје се дави во смет , на овие топли температури контејнерите едвај се собираат по неколку дена стојат преполни а миризбата веќе е неподнослива!
Додека Данела Арсовска во последните денови од својот мандат се разбуди од сонот кој и траеше 3 и пол години и пробува низ евтин ПР да ја замајува јавноста изигравајки супер херој по улиците на Скопје ,а притоа одработувајки за некого добро познат , нејзиниот кадар поставен во Комунална Хигиена издава замислите фактури на синот на Блерим Беџети кој едвај има 18години и тоа ни повеќе ни помалку замислете за интелектуални услуги .
Каква е поврзаноста помеѓу Данела и Блерим можеме да читаме од порталите но каква е поврзаноста на Данела , директорот Сабахатин Рустеми и Блерим Беџети не треба да сме многу мудри , фактурите од 775 000 денари јасно кажуваат што се се прави во ова јавно претпријатие на сите нас Скопјани додека ги одработуваат последните месеци од нивниот мандат.
Арсовска сака низ дефокус да менува управни одбори но вистината е оваа која ви ја презентирам низ официјалните фактури и договорите на синот на Блерим Беџети од ДУИ , лик кој во последно време можеме да го видиме до Арсовска !Време е финансова полиција да се позанимава со сите споменати , а утре….уште вакви шокантни фактури од ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА , до тогаш…..ајде по допрен глас….ОБВИНИТЕЛСТВО ?!