Во Кисела Вода со голема масовност и со спектакуларна прослава се одбележа роденденот на општината .
Во рамки на прославата на 70 години од постоењето на општината, посетителите уживаа во вечер исполнета со енергија, добра музика и забава што не се пропушта каде што ќе настапија 2Bona, Слаткаристика и Next Time.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се заблагодари на граѓаните за нивната поддршка и енергија.
„Да кажам благодарам е малку – јас ви се поклонувам мој народе! Ова беше уште една одлична и една од најпосетените забави во Скопје изминатите години. Забава која ќе остане да се памети, а за тоа да биде така се потрудија неповторливите 2Бона, Некст Тајм и Слаткаристика! Ви се заблагодарувам на сите! Вие сте причината за ова што го работиме од срце, со елан и визија! И ова не е крај – ОВА САМО Е УВЕРТИРА ЗА ОНА ШТО СЛЕДУВА! Кога знаеш каде одиш, кога имаш визија и поддршка тогаш е јасно – НАЈДОБРОТО ДОПРВА ДОАЃА! Најдоброто за сите! Нека е честит роденденот на Кисела Вода“, напиша тој во објава на Фејсбук.