„Венко Филипче трет ден молчи за испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат лично до него. Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50%. Фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавеното“, соопшти владејачката партија.
Оттаму велат дека Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче, за да можат да се богатат врз грбот на граѓаните креирале мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ.
„Грчкиот јаглен горел во Македонија а профитот завршил кај Вице Заев во Бугарија. Јагленот кој од Грција се продавал кон мрежата на фирми за 30 евра бил препродаван во Македонија на ЕСМ по цена и до 82.5 евра. Додека кланот Заеви продавале скап јаглен на ЕСМ, Филипче уживал во придобивките на милионските бизниси“, се наведува во соопштението на партијата.ВМРО-ДПМНЕ вели дека мора да има одговорност за, како што вели, овој милионски скандал и бара Обвинителството да отвори истрага.