Жан Митрев Клиника минатиов викенд, како главен покровител, ја поддржа велосипедската трка „Авантурите на Конче и Мантово“. На овој ревијален велофест, во забавна атмосфера без строг натпреварувачки карактер, учествуваа голем број деца и возрасни, а првото место го зеде велосипедистот Раде Филиповски кој беше награден со ваучер за бесплатен спортски преглед кој вклучува комплетна кардиоваскуларна проценка (ЕКГ, ехо на срце, доплер на крвни садови ) и стрес тест. Клиниката за сите останати учесници обезбеди и ваучери со 50% попуст за ергоспирометриски тест кој е важен за проценка на физичката подготвеност.
Благодарение на нашата сестринска компанија Fila Farm , велосипедистите добија бесплатни примероци од премиум брендот ортомолекуларни суплементи Ортомол. Настанот беше организиран од велосипедското здружение ВК БЕЛ КАМЕН – СЕРТА Радовиш, а помогнат и од Министерството за спорт и Општина КОНЧЕ