Минатата недела во рамки на одбележувањето на 22 роденден, се одржа и Саемот за вработување и кариера, организиран од Центарот за кариера и алумни на АУЕ-ФОН. Во склоп на истиот нашата болница учествуваше со претставници од одделот за човечки ресурси. На настанот беше промовирана новата генерација дипломци – идната сила на стопанството. Тие на штандовите на компаниите се информираа за потенцијалните понуди и можности за вработување.
Во таа насока претставиниците од нашата клиника понудија опции за вработување и професионален развој.
Овој настан им овозможи на студентите директна комуникација со водечките компании, што претставува одлична можност за професионален развој и вмрежување. Взаемното информирање за понудата/побарувачката на кадри беше особено значајно за Клиниката Жан Митрев која со децении е водечки двигател во современата и успешна медицина, не само во државата туку и во регионот.