Пародонталната болест е сериозна болест на непцата која, ако не се третира, може да доведе до губење на забите. Со редовна грижа и навремени посети кај стоматолог, може да се спречи и контролира. Во Центарот за стоматологија при Клиника Жан Митрев, нудиме напредни методи за превенција и третман на пародонталната болест, вклучувајќи ласерска регенерација на меки ткива која го забрзува заздравувањето и го минимизира болниот процес. Совет од нашите лекари: За да ја спречите пародонталната болест, редовно четкајте ги забите, користете забен конец, посетувајте стоматолог за професионално чистење најмалку еднаш годишно, избегнувајте пушење и хранете се здраво. Превенцијата е клучот! Ве очекуваме во Центарот за стоматологија при Клиника Жан Митрев за секој вид на грижа за вашите заби и непца.

