Клиничка болница “Аџибадем Систина” го проширува својот тим и има потреба од:
Инженер електроничар (1 извршител)
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Сервисирање и одржување на медицински апарати и опрема.
Организација на сервиси и калибрација на апарати и опрема.
Водење на документација и евиденција во сервисни книги за апаратите и опремата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ПОЗНАВАЊА
- Дипломиран инженер VI или VII степен
- Минимум 1 година искуство во работа со медицински апарати
- Познавање на компјутерски системи
- Солидно познавање на англиски јазик
- Способност за организација;
- Способност за координација;
- Динамичност и енергичност;
- Способност за тимска работа
- Почитување приоритети и крајни рокови;
- Висока работна етика;
- Почитување на правила и кодекс на работа;
- Внимателност и прецизност при работењето;
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
- Огласот е отворен 15 работни дена. Апликациите треба да бидат доставени на email: hr@acibademsistina.mk или по пошта на: Клиничка Болница „Аџибадем Систина“, ул. „Скупи“ 5А, 1000 Скопје.
- Уредна пријава ќе се смета секоја навремена пријава по огласот.
- Дискреција на кандидатите е загарантирана.