Длабоко сочувствуваме со семејствата на жртвите и им посакуваме побрзо закрепнување на повредените лица. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ останува отворена за бесплатен третман на сите пациенти што имаат потреба од болничка нега. Нашата цел е заеднички да се избориме со оваа страшна трагедија и да помогнеме онаму каде што е потребно. Од 16 март до денес во амбулантите на Ургентниот центар на болницата, прегледани се 19 пациенти, а во моментов се хоспитализирани четири пациенти. По стабилизирање на здравствената состојба, дел од пациентите што беа хоспитализирани се пуштени на домашно лекување.
Повредените лица што се третираат во „Аџибадем Систина“ ја добиваат најдобрата грижа на ниво на светските болници, а тоа го утврди и екипата на странски експерти, кои дојдоа да ја посетат болницата и да се запознаат со начинот на третман на пациентите. Медицинските возила на „Аџибадем Систина“ досега извршија вкупно 18 медицински транспорти, од кои: 4 меѓународни транспорти до болниците во Солун, 2 медицински транспорти за преземање на пациенти од друга здравствена институција до нашата, и 12 медицински транспорти до аеродромот Петровец.
View this post on Instagram