Почитуван г-дине Милошоски,
Се обраќаме до Вас со оглед на тоа што сте татко со повеќе деца и сигурно ја разбирате важноста на
здравото воспитување и создавање на стабилни и природни услови за одгледување на младите
генерации. Ние, како граѓани и загрижени родители, стоиме на ставот дека децата не треба да бидат
изложени на теории и концепти, какви што се родовата идеологија и раната сексуализација, кои не
само што не се во согласност со биолошките и научните факти, туку имаат и негативен ефект на
нивниот психолошки и емоционален развој. Образовните програми на оваа тема може да предизвикаат сериозен стрес, анксиозност и несигурност кај децата и младите луѓе и истите ги поткопуваат темелите на семејните и социјалните вредности, кои се изградени врз биолошките разлики помеѓу половите и се клучни за развојот на стабилни и здрави личности.
Постои сериозна потреба и од заштита на правата на родителите како единствени одговорни да
носат одлуки за сѐ поврзано со своите малолетни деца, вклучувајќи го и видот на образованието што треба да им биде пружено. Имено, образование кое содржи родова идеологија е спротивно на
светогледот на речиси сите родители, што го прави непогодно и неприфатливо. Апелираме до Вас, како пратеник и татко, и ве охрабруваме да продолжите со заложбите и преземање соодветни активности за измени во Законите за основно и средно образование, односно прочистување од родовите и останатите штетни компоненти што се наоѓаат во нив. Коалицијата ќе ја поддржи секоја Ваша заложба за создавање на попозитивна и стабилна иднина за нашите деца.
Со почит, До Антонијо Милошоски Пратеник и потпретседател на Собрание на Р. М а кед о н иј а
a . m i l o s o s k i @ s o b ra n i e . m k