31.8 C
Скопје
12/06/2025 15:10
МАКТЕЛ

   

Ковачевски: Влогот во Буџетот за одбрана за 2023 е влог во мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со министерката за одбрана Славјанка Петровска, го презентираа предлог Буџетот за 2023 година. Премиерот Ковачевски посочи дека со предложениот буџет за одбрана се зајакнува и модернизира Армијата и се вложува во безбедноста и сигурноста на граѓаните. Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски: „Денеска сме тука во духот на отчетноста, заедно со министерката Петровска да го претставиме буџетот кој Владата го предвиде за одбрана за претстојната година. За 2023 предвидовме буџет кој ќе придонесе за развој и модернизирање на одбраната согласно стандардите на земја членка на НАТО. Развојот во одбраната ќе придонесе за посовремена безбедност во однос на заканите кои ни ги носат геостратешките предизвици, а за кои имаме обврска да ги заштитиме нашите граѓани. Третина повисок буџет во одбраната значи влог во мирот и стабилноста на луѓето, а тоа е непроценливо.Одбраната, која од февруари годинава не потсетува зошто е важно да ја модернизираме и јакнеме, и уште поважно – а тоа е дека остварувањето на нашата стратешка цел – НАТО е најдржавничката одлука што сме ја донеле во поновата историја на земјава. Во февруари во Украина започна војна каква што сите мислевме дека после втората светска војна никогаш повеќе нема да се случува на европско тло. Но бруталната агресија која Русија неоправдано ја спроведува врз суверена Украина и флагрантното кршење на нејзиниот територијален интегритет, ни покажа дека мирот каков што го знаевме во Европа, не е гарантирана опција. Затоа никогаш не било поважно тоа што ние сме НАТО, и што придонесуваме во колективната одбрана на нас и на уште 29 други членки како што исто така тие ја гарантираат нашата безбедност. Затоа е важно што нашата воена интеграција во НАТО ја направивме многу побрзо од другите членки. И секако, затоа е важно што од нашиот буџет двоиме средства со кои ќе ја модернизираме и засилиме нашата Армија, но и одбраната во целост.Нашата посветеност во рамки на Алијансата е многу видлива низ изминатава година преку сите преземени активности. Таа посветеност планираме да ја одржиме и годинава, а тоа е рефлектирано и преку буџетот за 2023 година. Изминатава година Армијата покажа спремност да се носи со нашите сојузници и за тоа доби највисоки оценки, а нам ни помогна да сме сигурни во подготвеноста за заедничко делување во справувањето со современите безбедносни закани. Таа посветеност на нашата војска е поздравена и наградена. Кога само ќе се сетам во каква состојба ја најдовме Армијата во 2017, скинати униформи и чизми, дотраена опрема и незгрижени армиски припадници. Меѓународно изолирана и ранлива по многу основи. Сето тоа е минато, со напорна работа и со многу труд посветен од страна на Министерството, го вративме пред се достоинството на Армијата, а одбраната ја издигнавме на ниво заслужно на една земја членка на НАТО Алијансата. И тоа ќе продолжиме да го правиме.Тоа е придобивката од сојузништвото во НАТО, обезбедување на сигурноста дома преку јакнење на Армијата. Како што сме обединети во воената одбрана, обединети сме и во дипломатијата и политиката со земјите членки на НАТО. Единството на Алијансата е најсилната карактеристика на НАТО. Тоа што сите сојузници сме здружени во своите ставови, во своите одлуки, не прави посилни. Во однос на буџетот, има неколку важни карактеристики кои е важно да се знаат оваа година која изминува. Уште на 1-ви јануари влеговме во календарска година со економска криза која само се продлабочи на глобално ниво. На тоа продлабочување не останавме ниту ние имуни, и моравме да го реорганизираме буџетот на начин на кој ќе ја приоретизираме енергетиката и ќе обезбедиме топла зима за граѓаните особено за оние од најранливите категории. Поради ова, во 2023 не го зголемивме буџетот до ниво од 1,97%, но тоа не значи дека износот кој го издвоивме годинава не е повисок од тој од минатата година. Буџетот за одбраната за 2023 година изнесува 274,6  милиони евра што е речиси за третина повеќе од 2022 година. И воедно, многу е важно да напоменам дека ваквото покачување значи дека ќе ја оствариме и зацртаната цел, а тоа е буџет за одбрана да биде 2% од БДП во 2024 година, според стандардите на НАТО.Уште една важна карактеристика на овој буџет е грижата за вработените во Армијата. Важна ни е стабилноста на професионалните војници, па затоа ги зголемивме нивните примања. Стабилни и повисоки примања придонесуваат за задоволни војници, а воедно и ја прават службата поатрактивна за помладата генерација којашто доаѓа. Ова го правиме затоа што сме Влада којашто се грижи за луѓето, за оние кои се столбот на државниот систем и од кои зависи безбедноста на секој еден од нас. Енергетската криза не мотивираше уште попосветено да се грижиме за заштедите на енергија и потрошувачка на долг рок. Затоа вложуваме над 16 милиони евра во енергетски ефикасни објекти на Министерството, Армијата и во касарните. Ваквите проекти имаат продолжен ефект заради  постојаната заштеда на средства за енергенси кои ќе се пренасочат кон други потреби на армиските припадници, а ќе обезбедат и објекти во кои тие поефикасно ќе функционираат. Со овие стратешки инвестирања ги подобруваме условите за работа на Армијата која е столбот за сигурноста, безбедноста и мирот за нашите граѓани“.

   

Најново

Мицевски: Во Собранието се прави политиканство на болна тема, СДС, Левица и ДУИ бараа Кочани да биде прва точка, а гласаа против дневниот ред

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

Црногорското собрание одлучи да испрати припадници на војската на Црна Гора во Украина

Sase Ivanovski

СДСМ: Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи

Sase Ivanovski

Пожар во Вардариште остави без струја 47.000 корисници од Аеродром и Гази Баба

Sase Ivanovski

Гатузо по заминувањето од Хајдук може да стане селектор на Италија?!

Sase Ivanovski

Герасимовски: Денес сме во населба Пролет каде ја изградивме најубавата градинка во Македонија

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ПАРИ ОД СТРАНСТВО, РАСТ НА ЗАДОЛЖУВАЊЕТО, НО И РАСТ НА БУЏЕТОТ – еве ги Фискалните планови до 2030 година

Sase Ivanovski

Голем пожар во куќа во скопско Соње! Итна евакуација имало на семејството кое живеело во куќата

Sase Ivanovski

Двете Кореи ги демонтираат пропагандните звучници на границата

Sase Ivanovski

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Поднесовме барање за информации од јавен карактер до Министерството за транспорт за „Вардарска долина“ и трасата на брзата пруга

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Сите гледаме како одговорност се бара кај келнери, кај диџеи, кај обезбедување, но обвинителството е слепо за оние над нив

Sase Ivanovski

СЕ ПОЈАВИЈА ГЛАСИНИ ДЕКА ЕРДОГАН Е БОЛЕН: Турските власти експресно се јавија со одговор

Sase Ivanovski

Синодско искушение: Георгиј има шанса да докаже дека е достоен

Sase Ivanovski

КОСОВО САКА ДА ГО ПРИФАТИ БАРАЊЕТО НА САД: Спремни се да примат странски државјани

Sase Ivanovski

Нова драма во Австрија: 12- годишно момче направило листа за отстрел на своите соученици

Sase Ivanovski

ЕВРО ДА, АМА СО РЕФЕРЕНДУМ: Радев за воведување евро во Бугарија

Sase Ivanovski

Каков имот пријавил Алиу – Новиот министер за здравство

Sase Ivanovski

По 35 милиони евра за километар автопат?! Славески: Сумата за Бехтел и Енка ќе биде поголема од 1,3 милијарди евра

Sase Ivanovski

СРБИЈА ЌЕ ПОМОГНЕ НА УКРАИНА: Вучиќ кажа колку градови би можеле да обноват

Sase Ivanovski

Арсовска: За 5 минути ВМРО ќе ме однесеа во затвор ако имаше постапка досега. Орце џабе ти се нарачките на текстови против мене

Sase Ivanovski

Адеми: Оваа земја не им припаѓа ниту на оние што пцујат, ниту на оние што делат. Ова место припаѓа на сите

Sase Ivanovski

Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

Sase Ivanovski

СВР Битола со детали за случајот во кој внуката ги избоде сопствените баба и дедо

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Се урна авион на аеродромот Ахмедабад – имало 242 патници

Sase Ivanovski

По апсењето и Тошковски го санкционира сопартиецот Нацев. Му ја одзема лиценцата на Рубикон

Sase Ivanovski

КЗК: Вишиот управен суд потврди решение со што се утврди дека големи веледрогерии склучиле забранет договор

Sase Ivanovski

Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски

Sase Ivanovski

Aкција на БЈБ, извршени претреси во Велес – запленети кокаин, пари и мобилни телефони

Sase Ivanovski

Филипче од Атина: Работниците мора да знаат дека само со социјалдемократија нивните права и стандард ќе растат

Sase Ivanovski

СДСМ: Згаснаа 62 млади животи а власта ги штити вистинските виновници за Кочани

Sase Ivanovski

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб!

Sase Ivanovski

СДСМ: Срамота е Славески кој е цел живот во фотелји да им порачува на граѓаните да работат по 2-3 работи

Sase Ivanovski

Во најновиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс, ревизорите утврдиле недоследности во неговото работење

Sase Ivanovski

Четворицата француски активисти од бродот „Мадлин“ до петок ќе бидат депортирани од Израел

Sase Ivanovski

Влада: За три дена, 109 повредени лица од Кочани ја искористиле телефонската линија 070/355-526

Sase Ivanovski

Шестата рунда преговори меѓу САД и Иран ќе се одржи овој викенд во Оман

Sase Ivanovski

Полицаец убиен во сериозни судири во Боливија

Sase Ivanovski

Најмалку пет работници од Хуманитарната фондација за Газа се убиени во напад на Хамас

Sase Ivanovski

Нови детали за убиецот од Грац: Тренирал во стрелачки клуб

Sase Ivanovski

Студентскиот дом „Пелагонија“ отворен за сместување студенти од 1 јули

Sase Ivanovski

Парада и протести: Две Америки се среќаваат во сабота

Sase Ivanovski

Напад со беспилотно летало во Харков: 12 повредени, меѓу кои 4 деца, погодени се станбени згради

Sase Ivanovski

Предлог-законот за една изборна единица денеска пред пратениците

Sase Ivanovski

Трамп: Подготвен сум да го продолжам рокот за завршување на трговските преговори по 8 јули

Sase Ivanovski

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на демонстрантите да се разотидат

Sase Ivanovski

САД вршат притисок врз Мексико да ги гони политичарите поврзани со картелите

Sase Ivanovski

Во Собранието седница ќе одржат три комисии

Sase Ivanovski

Рубио го честиташе Денот на Русија: Остануваме посветени на конструктивна соработка со Москва

Sase Ivanovski

Украина тврди дека руските воени загуби од почетокот на војната надминале еден милион луѓе

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун: Зајакнати односите меѓу Русија и Северна Кореја, Путин е мојот најблизок пријател

Sase Ivanovski

Израел наскоро ќе го нападне Иран?

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Sase Ivanovski

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Во сенката на пеколот, се роди човечност: Преживеаните од Кочани зборуваат за бугарските лекари кои им ги спасија најмилите

Sase Ivanovski

Герасимовски со дебармаалци: Безбедни пешачки зони, хигиена и култура за подобар живот

Sase Ivanovski

АРСОВСКИ: Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло Алфа ТВ

Sase Ivanovski

КАФЕ ЗА 1 ЕВРО: Ова е најевтината европска дестинација

Sase Ivanovski

АКО ОВА СТЕ ГО КУПИЛЕ ОД СРПСКА ИКЕА… Производот се повлекува, итно отстранете го од вашиот дом

Sase Ivanovski

АКО ДОБИЕТЕ 100.000 ЕВРА ПОМОШ, ДАЛИ БИ СЕ ВРАТИЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Еве што ни одговорија граѓаните…

Sase Ivanovski

САД И КИНА ПОСТИГНАА ТРГОВСКИ ДОГОВОР: САД ќе добие ретки минерали, а што добива Кина?

Sase Ivanovski

ОД 18 ЈУНИ ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Плиток циклонски систем ќе ги спушти температурите

Sase Ivanovski

Во 2024 година имало повеќе вооружени конфликти отколку во која било година од Втората светска војна

Sase Ivanovski

Косово ќе прифати до 50 мигранти од САД во рок од една година

Sase Ivanovski

Декларацијата од самитот во Одеса повикува на зајакнување на санкциите против Русија

Sase Ivanovski

Се обидела да ги убие сопствените баба и дедо – уапсена девојка од Битола

Sase Ivanovski

Израел го демантира сопствениот амбасадор во Киев: Не сме ѝ ги дале системите „Патриот“ на Украина

Sase Ivanovski

Царина запленила 600 кг анаболици и 200 кг марихуана како дел од акција на Европол

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски праша, еве зошто неговата Влада е авторитарна

Sase Ivanovski

Градоначалникот Николов ги отфрла обвинувањата: Кривичната пријава е политички мотивирана, општината немаше допир со плаќањата

Sase Ivanovski

МВР донесе „Проценка од закани од сериозен и организиран криминал – СОКТА 2025“ – стратешки документ за борба со организираниот криминал

Sase Ivanovski

Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени се доживотни признанија, израз на почит и благодарност, а не симболика

Sase Ivanovski

Европол: Сајбер криминалците ги претвораат личните податоци во високо вредна стока

Sase Ivanovski

Касами: Во Владата има место за нови политички партнери

Sase Ivanovski

Уапсен е млад тетовец – возел со 175 км на час на автопат

Sase Ivanovski

Мицкоски: Обвинителство да открива уште одговорни за пожарот во Кочани, ние ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Да не дозволиме деца со попреченост да го поминат летото затворени дома: Се собираат донации за летен камп во Скопје!

Sase Ivanovski

Кина со критики за „провокативните“ изјави на Хегсет

Sase Ivanovski

Падна Чет-џи-пи-ти, проблеми за корисниците ширум светот

Sase Ivanovski

СДСМ: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата – инфлација од 3,3% го изеде стандардот, платите, растот

Sase Ivanovski
Вчитувам....