16.8 C
Скопје
09/06/2025 03:14
МАКТЕЛ

   

Ковачевски на Преспа форумот за дијалог: Предизвиците ги претвораме во можности со функционален пример за дијалог, применлив и за регионот и Европа

      

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на официјалното отворање на Преспа форумот за дијалог, што се одржува денеска и утре во Струга.
Премиерот Ковачевски ја отвори сесијата:  „Договорот од Преспа за пет години: предизвиците претворени во можности“, на којашто присуствуваат претставници на високо политичко ниво од регионот и од Европската Унија, САД и НАТО.

Во продолжение е интегрален текст од обраќањето на премиерот Ковачевски:
„ Како што би кажал во Брисел, ќе зборувам на македонски јазик,
Почитувани дами и господа,
Почитувани претставници на медиумите,
Почитувани присутни,
 Благодарам за бројното присуство на овогодинешниот Преспа форум за дијалог и учеството на претставници од високо политичко ниво од регионот и од нашите меѓународни партнери секако од Европската Унија, САД и НАТО и од државите со кои навистина имаме партнерски односи.
 
Сакам на почеток, да ви пренесам поздрави од поранешниот премиер г.Зоран Заев, кој не можеше да биде присутен тука, бидејќи без него и Ципрас денес ќе беше обичен ден и немаше да има ниту Преспа, ниту форум, ниту дијалог, туку се уште ќе имаше преговори кои ќе траеја без некаква ориентација кога ќе завршат. Тоа е така затоа што тие двајца имаа храброст да донесат одлука, имаа визија и покажаа лидерство каква што политиканти никогаш нема да донесат бидејќи тие не гледаа на својот рејтинг за наредните избори, туку гледаа за иднината на граѓаните и на Северна Македонија и на Грција да живеат како соседни држави со добрососедски односи и двете земји да се членки на НАТО и во иднина членки на ЕУ. Би замолил за еден аплауз и за Заев и за Ципрас.
 
Овој форум е веќе трета година како го организираме и е значаен бидејќи го афирмира дијалогот како средство за доаѓање до одржливи решенија.
И ова е големо, реално и значајно признание за огромниот придонес на Република Северна Македонија во регионалниот и европскиот мир, стабилност, безбедност и перспективи, што ќе ги паметат и дипломатијата и поновата европска историја.

Целта оваа година беше да го покажеме уште еднаш значењето на нашата држава која е држава на мирољубиви граѓани која  отсекогаш била пример за соживот и која што тоа го направила  уште пред формирањето на ЕУ како една од најголемите и најзначајните организации и унии во светот. Ние исто така секогаш сме биле на вистинската страна на историјата, докажувајќи дека само со храбро, искрено и одговорно лидерство предизвиците се претвораат во можности.

Со Договорот од Преспа и сите следни чекори до денес, ја обновивме вербата во дипломатијата, промовирајќи го отворениот дијалог како придобивка.

Со тоа, покажавме применлив и функционален пример за решавање кризи, што има посебно значење во денешниот геополитички контекст на случувања, за решавање слични предизвици пред коишто се исправени и регионот и Европа денес.

Но, кој и да посака, кога било, да брани свои агресивни постапки или политики, ќе биде  соочен со фактот дека одржливи решенија се постигнуваат на маса каде што се води дијалог, меѓу лидери кои имаат политичка волја да се разберат, во името на доброто на својот народ и својата држава.

Пред 5 години премиерите на Северна Македонија и Грција успеаја да се разберат, низ дијалог затоа што имаше таква поличка волја од двете страни.

Јас и премиерот на Бугарија –  Петков, ланскиот јули, успеавме да се разбереме, бидејќи водевме дијалог и затоа што имавме политичка војла од двете страни.
 
Со вакво одговорно практикување на доверената доверба од граѓаните, за само 5 години:

Република Северна Македонија ја направиме рамноправна членка на НАТО.

По долги 17 години, минатата година успеавме да ги започнеме преговорите со Европската Унија, со целосна заштита на идентитетските одредници на македонскиот народ.
 
Пример сме во регионот и во Европа за успешна, функционална, мултиетничка држава, во којашто граѓаните имаат еднакви права и одговорности пред законите.
 
Пример сме за држава којашто преку функционални политики на дијалог ги унапредува добрососедските односи.

Земјите членки на ЕУ, НАТО и САД во Република Северна Македонија денес гледаат фактор на стабилноста и безбедноста во Европа. Од земја која пред 30 години беше корисник на мировни мисии, денес ние сме земја во која што се водат разговори меѓу други држави заради долгорочно решавање на нивните спорови.
 
И поради сето ова, денес реалистично гледаме кон 2030 година како на достижна цел за полноправно членство во Европската Унија.

Република Северна Македонија покажа дека ниту еден искрен напор, не е залуден. Кога велам дека постои доказ, тогаш најдобар доказ е Договорот од Преспа, којшто пред 5 годни беше решение на билатерален спор, а денес е модел за перспективи за иднината.
 
И ова се докажува низ аргументи.

По Договорот од Преспа и членството во НАТО, а потоа и отпочнувањето на преговорите со ЕУ, Република Северна Македонија бележи историски рекордна вредност на странски директни инвестиции во износ од над 750 милиони евра и тоа во најкризната година. Ова придонесе до историско намалување на невработеноста, до најголеми покачувања на платите и пензиите досега, до нови и добро платени работни места. Ние сме држава која во кризна година успеа да ја намали невработеноста за 8% и да ја зголеми вработеноста за 9,5%.
 
Или, ако погледнеме на билатерален план, Северна Македонија доби во Грција еден од најгласните поддржувачи на европските перспективи. Долгогодишниот мраз кој се чинеше нестоплив е скршен – дури напротив, македонско – грчките односи одат во нагорна линија и довербата меѓу државите е најголема досега.

Конкретен доказ е нашата соработка во областа на енергетиката. Процедурите се во тек и до крајот на годината започнува изградба на нов гасовод меѓу Северна Македонија и Грција, што ќе биде поврзан со новиот терминал во Алесандруполи, Грција. Овој гасовод и овој терминал нема да бидат само за Грција и Северна Македонија, тие ќе бидат и за Косово, ќе бидат и за Србија, ќе бидат за земјите на север, ќе бидат и за Црна Гора и за Албанија и за сите кои сакаат да се приклучат.
 
Сакам да порачам дека успехот не е во тоа да се стави крај на предизвиците – во регионот, во Европа, во светот.

Нереално е да се очекува да се стави крај на предизвици, бидејќи предизвици секогаш постоеле, постојат и ќе постојат, затоа што на нив е поставен развојот.
 
Успехот е во тоа да умееме сите заедно предизвиците да ги претвориме во можности и да продолжиме по патот на напредокот.
 
Република Северна Македонија, во таа насока е пред нов предизвик, кога треба сите во државата да покажеме одговорност за европската иднина на државата и по членството на НАТО, да станеме членка на ЕУ. И јас сум убеден и работам на тоа да се израдуваме со успех.

Го имаме најдобриот договор со ЕУ кој може да го добиеме, којшто ги штити нашите македонски идентитетски обележја, нашиот јазик, нашата култура, нашиот идентитет, со којшто никој не смее да се коцка.

Ја имаме огромната и сестрана поддршка од нашиот стратешки партнер САД и од нашите европски партнери.

И се надевам дека дијалогот, којшто стана нашиот заштитен знак, ќе ни донесе ново, политичко обединување дома, за да ги донесеме потребните одлуки во нашето Собрание, коишто имаат одредувачка насока за нашето полноправно членство во ЕУ.

Исто така, се надевам дека нашиот вреден пример ќе инспирира и други држави од регионот со отворени билатерални прашања, да дојдат до применливи решенија.

Европската Унија отсекогаш му била потребна на Западен Балкан.

Но денес и Западен Балкан ѝ е потребен на ЕУ, посебно ако се земат превид предвид новите геополитички и безбедносни случувања. И ова е момент што нашата држава не смее да го пропушти и секој кој е одговорен не смее да дозволи оваа шанса да се пропушти.
 
Република Северна Македонија веднаш и ефикасно се постави стопроцентно на линија на надворешната политика на ЕУ во однос на војната во Украина и тоа потсети што значи да сме обединети во демократските вредности.

Другата опција е нестабилност, ризици и конфликти коишто во денешното време на хибридни закани, дезинформации и лажни вести се заканува на европскиот и на светскиот мир и тоа мора да е јасно за сите и кај нас дома и  во регионот и во Европа.

Имаме обврска да покажеме одговорност кон сопствената улога во зачувувањето на мирот во Европа. И да ја зграбиме својата заслужена шанса.

Затоа што географски, културолошки, историски припаѓаме на Европа.

Затоа што нашите граѓани заслужуваат европски квалитет на живот.

Затоа што нашите млади заслужуваат да им се оствари сонот да живеат во Европа, а тоа да биде нивната родна земја.

Затоа што е можно да ги здружиме силите во нашиот регион и со поддршката што ја имаме од нашите европски пријатели, да ја направиме 2030 година реална цел за проширено европско семејство и интеграција во Европската Унија и на Северна Македонија и на Албанија и на Црна Гора. Целта е сите заедно рамо до рамо, братски да станеме членки на ЕУ. Затоа што човек сам може да стигне некаде брзо, ама со искрени партнери и пријатели може да стигне далеку. Затоа ми е драго што денес со нас се и претседателот и премиерот на Црна Гора, претседателот на Албанија, Министерот за надворешни работи на Хрватска и многу други гости.
 
Благодарам за вниманието. Ова веројатно ќе биде најдолгиот панел која го видела некоја конференција и веројатно ќе трае два дена со оглед на габаритот на говорниците кои се наоѓаат на бина и сакам сите да ги поздравам“.

   

Најново

МНОГУ Е ГОЛЕМА СМРТНОСТА ОД НЕГО, СТЕ ЧУЛЕ ЛИ ЗА СИНДРОМ НА СКРШЕНО СРЦЕ?! СЕ ДОБИВА ОД МНОГУ СТРЕС, НЕКОГАШ И ОД МНОГУ РАДОСТ ИЛИ НАГЛА ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Sase Ivanovski

Во ЗОО Скопје, беше отворена Хуманитарна изложба на студентските трудови изработени на работилницата , насловена „Биди суперхерој за животните“, при што беа откупени околу 25 акварели и цртежи

Sase Ivanovski

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Американскиот универзитет на Европа – ФОН, претставуван од ректорот проф. д-р Саво Ашталкоски, деканките проф. д-р Татјана А. Балоска и проф. д-р Билјана Стојчевска, како и директорката Сезен Цаноска, и Управата за извршување на санкции, претставувана од директорот Александар Пандов

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: На 4 јуни 2025 година, свечено беше отворена ИЗЛОЖБАТА НА СТУДЕНТСКИ ДЕЛА на студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија при Американскиот универзитет на Европа -ФОН

Sase Ivanovski

АУЕ ФОН: На утринската програма „Македонија на утро“ на МРТ, професорот Игор Шокаровски од Факултетот за дизајн и мултимедија при АУЕ-ФОН, сподели теориски и стручни согледувања за влијанието на аудиовизуелната форма во пренесувањето информации, особено во контекст на претстојната кампања за локалните избори

Sase Ivanovski

Клиниката Жан Митрев Скопје, вработува .NET DEVELOPER 💻💾

Sase Ivanovski

ДРАЧ, ВАЛОНА, САРАНДА ИЛИ ТИРАНА Секој петти стан во Албанија бил купен од странец

Sase Ivanovski

Баба Монди првпат проговори каква ќе биде бекташката држава во Албанија

Sase Ivanovski

Гори депонијата во Неготино, по повеќе од три часовна борба пожарот е локализиран!

Sase Ivanovski

Битола „гори“, се слави новата титула: Фитиљ пак запеа, Алонсо се заблагодари на македонски! (ВИДЕО)

Sase Ivanovski

Капитенот на македонската ракометна репрезентација ги навреди Скопјани па се извини: Несвесен за зборовите, направив грешка!

Sase Ivanovski

Мицкоски до младите: Останете тука, градете тука, Македонија има потреба од вашиот ум, од вашата креативност

Sase Ivanovski

Попов: Ние сме младите кои ја менуваат Македонија, за една година покажавме што значи грижа за младите и реализација на проекти

Sase Ivanovski

СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА Е СКРИЕН БИСЕР НА БАЛКАНОТ „National Geographic“ им ја препорача на своите читатели поради пријатната ненаметливост

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Крит: Нов потрес на грчкиот остров

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Sase Ivanovski

Москва чека потврда од Киев за префрлање на телата на загинатите украински војници

Sase Ivanovski

Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија

Sase Ivanovski

Мицкоски најави борба за „декласирање и превоспитување“ на ДУИ

Sase Ivanovski

Израелската војска во подземен тунел во Газа го пронајде телото на убиениот лидер на Хамас

Sase Ivanovski

ФОТО | Белгија е веќе минато: Фудбалерите го одработија и последниот тренинг пред Казахстан

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на кратка средба со Макрон во Ница

Sase Ivanovski

Остра изјава на Медведев за Украина: Дезинфекцијата против паразити продолжува

Sase Ivanovski

ПОЧИНА МАТИЈА ДЕДИЌ Џез пијанистот е син на Габи Новак и на Арсен Дедиќ

Sase Ivanovski

Експерти ќе утврдуваат дали Железничката станица во Нови Сад ќе се урива или обновува

Sase Ivanovski

Апсења во Белград откако полицијата заплени кокаин вреден 1,2 милиони евра

Sase Ivanovski

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Sase Ivanovski

СДСМ го обвини Мицкоски за „забеган наратив“ околу трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

МАЖ ПАДНАЛ ВО БЕЗДНА, ГО ИЗВЛЕКУВАЛЕ СО ХЕЛИКОПТЕР Спасувачка акција кај Ливадичко Езеро

Sase Ivanovski

ОСТАНЕТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, БОРЕТЕ СЕ СО ВАШИОТ УМ, ИСПРАВЕТЕ СЕ! Мицкоски се обрати пред младите од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Заталкан куршум пробил кров од автомобил во Чаир

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати во судар на камион и минибус во Танзанија

Sase Ivanovski

САД: Најпознатиот и најбогат тиктокер Каби Ламе уапсен поради истечена виза

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Помина времето кога криминалците и клановите беа главни, да создадеме систем на ред и одговорност

Sase Ivanovski

Миљана Ристиќ постави нов национален рекорд на 3.000 метри стиплчез

Sase Ivanovski

Македонија сè повеќе се оддалечува од Европската унија, вели Јотова

Sase Ivanovski

Кичевчани ја притиснаа општината. Почна расчистување на депонијата во центарот на градот

Sase Ivanovski

СДСМ: На родителите во Кочани им е потребна поддршка од Владата, не навреди

Sase Ivanovski

КАКО ДО ИМОТ ВО ГРЦИЈА – еве неколку совети за оние кои сакаат да инвестираат кај соседите

Sase Ivanovski

3,5% ОД БДП ЗА НАТО Е ЦЕЛ ЗА СЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ Мисајловски откри што било во фокус на сoстанокот во Брисел

Sase Ivanovski

Ако има повеќе синдикати, ќе има подобар социјален дијалог, тврди Ристески

Sase Ivanovski

„КОГА ПОЧНАА ДА МУ ПАЛАТ КОЛИ, ГАНИУ ПРАВИ ДВА ФАЛСИФИКАТИ“: Арсовска со објаснување за случувањата во Чаир

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Референтниот Центар на „Жан Митрев“ клиника во Охрид продолжи со своите активности во доменот на превенцијата и доближувањето на сѐ она што значи активно здравје на пациентите од Охрид и регионот

Sase Ivanovski

Израел: Војската доби наредба да го запре бродот на антисемитката Грета Тунберг и другите активисти кон Газа

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Во месецот за подигање на свеста за меланомот прочитајте повеќе за ризик факторите

Sase Ivanovski

ДОКТОРИ НА ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА ИЗВЕДОА 60 БЕПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ПО ПОВОД ЕУРОМЕЛАНОМА 2025

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев и Кошаркарска Федерација на Северна Македонија потпишаа договор за официјална медицинска соработка за сезоната 2025–2026, со што Клиниката станува официјален медицински партнер на македонските кошаркарски репрезентации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Дознајте и за тоа како дијабетесот влијае врз здравјето на очите? Што е дијабетична ретинопатија, а што макуларна дегенерација и како се третираат овие болести?

Sase Ivanovski

Министерот Лимани: Го спречував синот да си замине од Кичево, на крај сепак се пресели во Швајцарија

Sase Ivanovski

МВР УАПСИ НАВИВАЧИ НА РАКОМЕТНИОТ НАТПРЕВАР ВО БИТОЛА – имале пиротехнички средства

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: 3 научни апстракти претставени на Конгресот на Европското здружение за хумана генетика (ESHG)

Sase Ivanovski

Пораз за одбојкарите и од Словачка

Sase Ivanovski

Белгија: 16-годишник призна дека ги убил мајка си и сестра си, жртвите биле бегалци од Украина

Sase Ivanovski

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Благодариме за убавите зборови од мама Андријна Љоровска Савеска за престојот, грижата и тимот доктори во нашиот Центар за мајка и бебе д-р Маја Анѓелеска, д-р Ненад Лазаров

Sase Ivanovski

Џамбаски: „Македонската нација е измислена во Кремљ во 1934“

Sase Ivanovski

ПЕКОЛЕН НАПАД НА РУСИТЕ ВРЗ УКРАИНА Расте бројот на загинати во Суми, експлозија од ракетен напад Кинжал во Николаев, жртви во Харков и Одеса

Sase Ivanovski

МАКПРИМАТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: еден од најуспешните брендови во домашната текстилна индустрија со големи попусти поради затворање

Sase Ivanovski

Трамп му порача на Маск: Америка може да преживее без секого, освен без мене

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Кавадарци, управувал возило со 2,13 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Пензионер со пила сечел бандера за струја

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТАРМЕР: БРИТАНСКАТА АРМИЈА ВЛЕГУВА ВО ВОЕНА СОСТОЈБА, СПРЕМНИ СМЕ ЗА ВОЈНА СО РУСИЈА

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ ДЕМАНТИРА ЗА ТЕЦ ОСЛОМЕЈ: Наместо да фабрикуваат списоци, СДС да каже како 9 милиони евра од набавка на јаглен завршиле кај фирма на Заев блиска до Филипче

Sase Ivanovski

ДЕМАНТ Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла како невистинити и неосновани тврдењата изнесени од страна на политичката партија СДСМ за наводна набавка на „софтвер за шпионажа“

Sase Ivanovski

СДСМ: Масовна и груба партизација, објавуваме список за 50 партиски вработувања во РЕК Осломеј 

Sase Ivanovski

Њујорк пост: Тепачка во Белата куќа? Маск нападна министер на Трамп, тој возврати како рагби играч..

Sase Ivanovski

На скопскиот аеродром приведен Норвежанец кој агресивно се однесувал

Sase Ivanovski

Силен земјотрес од 6,4 степени ја погоди Колумбија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Лажна вест за убиство на д-р Жан Митрев кружи на Фејсбук

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Застреланиот кандидат за претседател на Колумбија ја преживеа првата операција

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до Заев и Филипче во време на енергетска криза препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапо од набавеното

Sase Ivanovski

Во одморалиштето „Пониква“ ќе се рехабилитираат повредените од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

МВР ги отфрла како невистинити тврдењата на СДСМ за наводна набавка на софтвер за шпионажа

Sase Ivanovski

ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА ВО НУДИ РЕШЕНИЕ: Сте слушнале за халитоза или можеби е појасно ако кажеме – лош здив

Sase Ivanovski

ОЈО Скопје бара притвор за 20-годишник: Провалил во кафуле, билијард-клуб и продавница – украл пари и алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На 4 јуни 2025 година, во Клиника Жан Митрев на свет беа донесени три предвремено родени бебиња – Мелис, Мира и Малахат – од природно зачната тројна бременост, реткост во современата медицина

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев, Скопје вработува медицинска сестра – анестетичар

Sase Ivanovski

НСДП: РЕГИОНАЛНА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВАТА НА ОПШТИНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА 3

Sase Ivanovski

Петрушевски: 9 милиони евра завршиле во фирма на Заев од Бугарија блиска до Филипче за ископ на јаглен во време на СДС, ЈО да реагира

Sase Ivanovski
Вчитувам....