„Ние имаме конкретен план како Македонија да стане земја членка на ЕУ, кај ВМРО има само неодлучност”, потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашниот „Дуел за Македонија” на Канал 5 телевизија.„Република Северна Македонија успешно го заврши билатералниот скрининг со Европската Унија. Таму јасно стои дека тоа е така и овој параграф е најкраткиот што Македонија некогаш го имала во Брисел. Сега останува да ја заврши својата обврска за уставните измени и да ги отвори поглавјата. Ние тогаш имавме пенал, но не го шутиравме затоа што немаше одлучност кај ВМРО ДПМНЕ, Левица и уште неколку партии да ги гласаат уставните измени во Собранието.
Затоа велам дека ние имаме план. Кој е планот на Мицкоски? Тоа е клучното прашање – дали има план? Јас велам дека тие немаат план како Македонија да стане земја членка на ЕУ”, рече Ковачевски.Тој истакна дека историските прашања се дел од билатералниот договор со Бугарија, а не од преговарачката рамка со ЕУ и токму како резултат на тоа веднаш по уставните измени, Македонија ќе ги отвори сите поглавја за преговори со ЕУ.