17.8 C
Скопје
20/05/2024 08:49
МАКТЕЛ

  

     

 

Ковачевски: СДСМ и Коалицијата ќе бидат одговорна, силна, принципиелна и државничка опозиција, процесот на внатрешна обнова мора да е на сите нивоа

      

СДСМ повторно покажа одговорност и државотворност, заедо со Коалицијата ќе бидеме одговорна, силна, принципиелна и државничка опозиција, процесот на внатрешна обнова мора да е на сите нивоа, порача на вечерашната прес-конференција, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот на на СДСМ, Димитар Ковачевски:
„Сакам на сите граѓани да им честитам и да им се заблагодарам за успешниот изборен ден. Македонија имаше фер и слободни избори согласно европските стандарди и тоа е огромен исчекор кој е резултат на атмосферата на слободата на медиумите и на мирот и стабилноста која ја воспоставивме во изминатите години.
Ја честитам изборната победа на нашиот политички конкурент ВМРО- ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. Честитам на изборот на сите 120 пратеници во македонското Собрание и посакувам да имаат успешен мандат во интерес на македонските граѓани и ЕУ иднина на државата. Го честитам изборот на Гордана Силјановска Давкова за претседател и се надевам и посакувам дека функцонијата ќе ја извршува во согласнот со дадените уставни овластувања и евро атланската посветеност и обврски на државата.
Им благодарам на нашиот кандидат за претседател Стево Пендаровски како и на поддржувачите на СДСМ кои и покрај големиот пораз во првиот круг достоинствено излегоа на изборите и овозможија да се постигне ццензусот за избор на претседател. СДСМ повторно покажа одговорност и државотворност по 100-ти пат. Најлесно беше по толку лажни обвинувања и напади од ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизираме нашето членство за гласање на претседателските избори. Но не паднавме во таа замка, покажавме дека Македонија ни е поважна и секогаш ќе биде така.
Денешниот резултат е разочарувачки. На СДСМ му е зададен тежок удар. Не само од ѓраните туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата. Во наредниот период детално ќе ги анализираме овие резултати. Секако во наредните месеци ќе треба посериозно и подлабоко да го најдеме изворот и причините за овој поразителен исход. Не сакам да носам избрзани заклучоци и не сакам да посочувам виновници. И јас и партиското раководство имаме одговорност и сите именувани и избрани функционери имаат одговорност вклучително и сите партиски функционери на локално и на централно ниво.
Никој реално не е без одговорност и тука ќе мораме заедно да поминеме низ овој процес. СДСМ ќе треба добро да погледне навнатре да размили што направивме и кои се резулатите и слабостите во последните 4 години, можеби и во последните 7 години. И уште поважно, што е тоа што треба да направи за да ја обновиме и вратиме довербата на граѓаните што ја изгубивме. Процесот на обнова мора да е на сите нивоа, затоа повикувам на нови внатрешни избори на сите партиски тела и на централно и на локално ниво. Почнувајќи од претсетадателот, раководоството, па се до претсеадателите на општинските организации и сите органи и тела на партијата.
Органите на партијата ќе одлучат прецизно за времето и начинот на спроведување на овие постапки.
Тој процес не смее да биде долг, но никако стихиен или пак експресен. Тоа е процес на длабока промена и консолидација, може да го изведат само оние кои се спремни да се жртвуваат за иднината на партијата и демократијата на државата. Оние кои немаат багаж од било каков вид особено не такви карактеристики, заради кои граѓаните го испратија СДСМ во опозиција.
Согласно статутот на партијата ќе биде свикан отчетен конгрес на партијата на кој ќе се разгледа изборниот резултат и работењето на партијата за периодот 2020 до 2024 година. И ќе се одредеат роковите за консолидирање на СДСМ преку избор на претседател раководство на партијата, претседатели на ОО и сите тела и органи. Првиот чекор во консолидацијата на СДСМ мора да биде обновувањето на идеолошката и вредносна матрица, која ќе ги собере сите сили на прогресивната идеја на Македонија на левиот центар. Вториот чекор треба да биде длабока кадровска промена и создавање на силен кадровски потенцијал со вистински социјалдемократи, со вредности и знаења, со мотив и со искренсот. И трето да се реформира организациската поставеност на партијата секако има уште многу елементи но секако за тоа ќе се разговара во партијата.

Клучно во овие промени ќе биде целосно консолирдирање на СДСМ и враќање на победничките патеки. Но, додека се случува овој процес, ние не можеме и не смееме да ја занемариме нашата одговорност кон државата и граѓаните. Не се сомневам дека многу граѓани вечерва чуствуваат страв. Страв од прекумерната моќ која ја има партија која е позната по злоупотреба на моќта. СДСМ и коалицијата треба и мора да бидат одговорна, силна и државничка опозиција. Водев сметка да не наштетам на државните интереси. Зато и се одлучив сега, откако завршија изборите, да ја кажам пред вас вистината со која живеам веќе две години. Вистината е дека актуелниот систем во кој живееме води повеќе сметка за ПР-от отколку за суштината. За површината отколку за длабината. И граѓаните со право се незадоволни и не веруваат во ништо. Многуте кризи придонесоа голем број наши граѓани да се иселуваат да се чуствуваат несигурни, обесправени и без верба во својата држава. Корупцијата на секое ниво, личните интереси, долгата европска интеграција, нискиот просечен раст на економијата од само 1,9% во изминатите 30 години, непотизмот, клиентилизмот, бизнис интересите, етничкиот професионализам, се само дел од крупните дефекти на системот кој ја јаде  и ја разорува државата кој мора конечно да се промени.
Во изминатиот двегодишен период, за мене беше најважно што во услови на најголема и тотална криза се обидовме никого да не оставиме сам. Се грижевме за сите и за пензионерите, и за младите и за работниците и за земјоделците. Постигнавме највисоки плати досега, и највисока вработеност во државата.  За тоа не барам благодарност како што никогаш кризите не ги користев како оправдување или бегство од проблемите. Напротив работев како што знаев и умеев искрено директно чесно и посветено, за да се помогне на државата и граѓаните.
Знам дека постигнавме многу и дека за дел од работите времето ќе потврди дека сме биле во право. Следната година е можност Македонија да ја продолжи својата европска интеграција. Ако ја пропуштиме таа шанса, може да изгубиме уште една децнија, можеби и уште една генерација. СДСМ ќе се однесува одговорно, но топката сега е во рацете на новата Влада предводена од Христијан Мицкоски. Сите оние кои мислат дека денешното гласање било против Европа или ќе се обидат да го спречат природниот пат на Македонија кој води до ЕУ, блокриањето на тој пат кон Европа не само што ќе донесе голем пад на животниот стандард, туку ќе ги зголеми етничките тензии и ќе не изложи на безбедносен ризик кој никој од нас не може да разбере колку може да биде голем.
За земја како Македонија нема средина, нема играње на две столчина. Тоа е или напред или назад. Местото на Македонија е во НАТО и во ЕУ. Почитувани граѓани, другари и другарки. Ми беше чест што во овие нешто повеќе од две години го предводев СДСМ, што ја предводев македонска Влада и тоа ќе го чуствувам како силен мотив за мојот понатамошен ангажман.
Сакам да се заблагодарам на моите соработници и во Владата и во партијата на коалиционите парнтери, на претставниците на медиумите. Сакам да им се заблагадорам на сите прекрасни членови на СДСМ. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните со кои се среќавав секој ден и на кои оние на кои денес гласаа за нас.
Најмногу сакам да му се заблагодарам на моето семејство. На мојата драга сопруга и на моите деца кои ме поддржаа во овој тежок период и покрај тоа што поднесоа голем товар кој не беше нивен избор.
Сите се жртвувавме за нашата татковина, а поголема жртва од тоа не постои. Но, исто така нема поголемо задоволство кога знаете дека сте дале се од себе за земјата во која сте родени и која ја сакате. Да живее Македонија, да живее СДСМ“.

    

Најново

АПОКАЛИПТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГАЗА Се огласи шефот за хуманитарна помош на Обединетите нации

Sase Ivanovski

УКРАИНА ПРЕФРЛА НОВИ РЕЗЕРВИ ВО ВОВЧАНСК Ќе се повтори ли Бахмут?

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Интер ја прослави титулата во Серија А со реми против Лацио

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руските напаѓачи го крадат имотот на цивилите во регионот Харков

Sase Ivanovski

Медиуми: Украина бара САД да помогнат во идентификување цели во Русија

Sase Ivanovski

Европа најавува нова одбранбена инвестиција кон развој на нов главен борбен тенк

Sase Ivanovski

Истрагата за осомничените за убиството на Вања и Панче заврши, во тек е истрагата за Палчо

Sase Ivanovski

Идентификувана точната локација на падот на хеликоптерот на Раиси

Sase Ivanovski

Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје

Sase Ivanovski

Ален: САД ги охрабруваат лидерите на Северна Македонија да го почитуваат Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Ирански министер: Треба време спасувачите да стигнат до местото каде Раиси „принудно слета“

Sase Ivanovski

Ајатолахот Хамнеи ги повика Иранците да не се грижат за земјата по несреќата на претседателот

Sase Ivanovski

Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

Sase Ivanovski

Курти e професионален опозиционер, самиот ќе се собори од власт, вели Рама

Sase Ivanovski

ПОТСЕКРЕТАРКАТА НА СТЕЈД ДЕПАРТМЕНТ: РАЗОЧАРАНИ СМЕ ШТО СИЛЈАНОВСКА ГО КОРИСТЕШЕ СТАРОТО ИМЕ, ЌЕ СЛЕДИМЕ ДАЛИ НОВАТА ВЛАДА ЌЕ ГО ПОЧИТУВА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

Sase Ivanovski

РК Алкалоид го освои Купот на Македонија

Sase Ivanovski

Дубаи стана рај за светските криминалци

Sase Ivanovski

Сите општини во првиот квартал со доспеани, а неплатени обврски во износ од 56,4 милиони евра

Sase Ivanovski

Хавана синдром: Дали Русија тајно ги напаѓа американските дипломати ширум светот со тајно оружје?!

Sase Ivanovski

Американски воен пилот заврши во затвор поради оддавање на воени тајни на Кина

Sase Ivanovski

ЛУДИЛО: ПАЛЧО ОД ТУРЦИЈА ДОВЛЕЧКАЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ЗА ДА ГЛЕДАЛ ТВ ВО ЗАТВОР?!

Sase Ivanovski

Армијата на САД му додели нов договор на „Lockheed Martin“ за „HIMARS“

Sase Ivanovski

Украина ги модифицира системите за воздушна одбрана од времето на Студената војна

Sase Ivanovski

„Словачка е ранета земја“: Новоизбраниот претседател го осуди обидот за атентат врз премиерот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе водиме принципиелна политика со соседите

Sase Ivanovski

„АХМЕТИ, БИДИ СМИРЕН, ТЕРАЈ РАБОТА“ Вреди му одговори на ДУИ во врска со прегласувањето

Sase Ivanovski

КУРТИ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА ВРЕДИ „За првпат албанската опозиција освои повеќе од 100.000 гласови“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 600 ФРАНЦУСКИ ЖАНДАРМИ ЈА ПОЧНАА АКЦИЈАТА ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА „Пустош, опсада, ова не се подобрува…“

Sase Ivanovski

ПО ПРЕГЛАСУВАЊЕТО ОЧЕКУВАМЕ 62 ПРАТЕНИКА Ќе имаме влада со модерна структура, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

СЕ ЧЕКА ИСКАЗОТ НА ПАЛЕВСКИ Обвинителството ги истражило траекториите на сите осомничени во случајот со убиената Вања

Sase Ivanovski

КОСКОСКА СЕ ВРАТИ НА ТРОНОТ, ЛАЗОВ ПРВПАТ ДО ТИТУЛА Претставниците на шаховскиот клуб на „Алкалоид“ станаа државни шампиони

Sase Ivanovski

УТРЕ Е ДЕНОТ Д ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА АСАНЖ Судот во Лондон ќе пресече дали ќе го пушти обвинетиот во САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВОЗАЧИ ВО ХОЛАНДИЈА СИ ГИ КРИЈАТ КОЛИТЕ СО ИЗОЛИР ТРАКИ Британците ги кршат камерите кои снимаат

Sase Ivanovski

ФИЦО СЕ СЕЌАВА НА СÈ Претседателот на Словачка го посетил премиерот во болница

Sase Ivanovski

ХЕЛИКОПТЕРОТ НА ЛИДЕРОТ НА ИРАН ИМАШЕ ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ Спасувачки тимови тргнаа кон местото на несреќата

Sase Ivanovski

Руската нафтена рафинерија во Краснодар привремено ја прекина работата по украинските напади со дронови

Sase Ivanovski

Мицотакис ја повикува Сиљановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки

Sase Ivanovski

На три европски банки во Русија ќе им биде одземен имотот

Sase Ivanovski

Mакедонски државјанин уапсен во Грција за киднапирање и кражби

Sase Ivanovski

Кој го искара Таравари за изјавите во Приштина. За Телма вели дезинформација била изјавата за 6 министри и спикер. Рано било за договор

Sase Ivanovski

Токсикологија ги исфрли сите отрови на површина, анонимна директорка, скандалозни документи, неподобните мета на отстрел …

Sase Ivanovski

Мицкоски најави двотретинско мнозинство и финансиска бомба

Sase Ivanovski

Коѕијас: Договорот од Преспа храбро го одврза Гордиевиот јазол

Sase Ivanovski

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека е предавнички, поништете го Договорот од Преспа

Sase Ivanovski

Лидерите на ВЛЕН во Приштина, Курти им честитал за изборниот резултат

Sase Ivanovski

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

Sase Ivanovski

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Во наредните денови ќе се официјализира коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН

Sase Ivanovski

СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј

Sase Ivanovski

ОСПОРЕНИОТ ЗАКОН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА СТАПИ НА СИЛА Украина ја намали и возраста за одење во војска

Sase Ivanovski

„СЕ ПРОБИВАА ТОЛКУ БРЗО, НЕМАШЕ КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ“ Русите ја преминаа северната граница на Харков

Sase Ivanovski

4 километри пепел на небото и виолетови молњи – еруптираше вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Sase Ivanovski

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскиот фронт“, тајните договори во подруми се неприфативи

Sase Ivanovski

Франција го обвини Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Sase Ivanovski

Андоновски: Министерството на Груби ќе се трансформира

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми и гаража, пожари на отворено

Sase Ivanovski

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski
Вчитувам....