Ковачевски истакна дека се радува на ТВ дуелот, на кој, како што рече, граѓаните ќе слушнат кој каков став има за најважните прашања за државата.
– Моите ставови веќе ги знаете.Меѓутоа се надевам дека во среда ќе можеме да ги чуеме и ставовите на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, во однос на интегрирањето на државата во Европската унија, во однос на односите со соседите и во однос на внатрешните односи во државата виза вi другите етнички заедници, рече Ковачевски.Лидерот на СДСМ, Ковачевски заедно со својот тим на соработници има средба со претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески и членови на Управниот одбор на комората