

Земјоделците да не се грижат, вода за наводнување на земјоделските површини од овој регион ќе има. Ставаме силен фокус на капиталните инвестиции во водостопанската инфраструктура, на реконструкција и изградба на модерни системи и брани за наводнување. Овие инвестиции значат намалување на трошоците и загубите во производството, а од друга страна, влијаат на зголемување на производството на храна и создавање на модерно и европско земјоделство.