СДСМ, на чело со Киро Глигоров, ја внесе Македонија во Обединетите нации. Со СДСМ, Македонија во 2005 година го доби статусот земја – кандидат за членство во ЕУ. СДСМ, заедно со вас граѓаните го сруши режимот на Груевски, кој го блокираше патот кон европска иднина. Со СДСМ, Македонија стана рамноправна членка на НАТО. СДСМ заедно со граѓаните ќе ја внесе земјата и во Европската Унија. Од тоа нема откажување!,“ порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот митинг во Радовиш.
Тој се осврна на направените пропусти во изминатите седум години и незадоволството на граѓаните од инфлацијата, борбата против корупцијата, самоволието на одредени политичари членови на коалиционите партнери„Казната за тоа стигна на гласањето на 24 април. Казна, што јас и моите другари од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, ја прифативме достоинствено и без негодување. Граѓаните имаат право да испратат силна порака и го направија тоа!,“ порача Ковачевски.