22.8 C
Скопје
05/06/2025 18:08
МАКТЕЛ

   

Кога бизнис и политичките моќници стануваат уредници: влијанието зад камерите

      

Политичките и бизнис влијанија сè почесто ја диктираат уредувачката политика во медиумите, оставајќи ги новинарите без заштита и јавниот интерес на маргините. Новата анализа на ССНМ и РЕСИС открива алармантни податоци за системскиот притисок врз новинарската слобода во земјава.
Авторки: Весна Коловска и Билјана Георгиевска
„Се подготвував за емисијата кога заѕвони мобилниот. Позната докторка, политички ангажирана, самоуверено ми рече: ‘Слушнав дека вечер имаш емисија за здравството, ќе дојдам и јас!’ Додека размислував од каде дознала и кој ѝ го дал мојот број, линијата беше прекината.“

Веднаш ми стана јасно дека зад ова „самоиницијативно гостување“ стоеше менаџерот на телевизијата, бидејќи редовно влијаеше врз изборот на гостите, некогаш и врз темите, сакајќи да ги претвори дебатните емисии во спектакли.Според неговата логика, емисиите требаше да бидат бучни, кавгаџиски, со расправии и навреди до „фаќање за гуша“, додека водителот постојано повикува: „Ве молам, ве молам, бидете парламентарни!“ Тврдеше дека така се собираат лајкови и кликови на социјалните мрежи, се ангажираат голем број следбеници, се покренуваат коментари.

   

Тоа што коментарите на мрежите продолжуваа во истиот „кавгаџиски“ дух, со навреди, па дури и со говор на омраза, не го загрижуваше. Напротив, целиот тој „трафик“ го сметаше за печат за успех на програмата. Понекогаш изгледаше дека има разбирање за квалитетното и одговорно новинарство, но само до следната емисија, кога притисокот се повторуваше.“Ова новинарско искуство во домашна национална телевизија е продукт на праксата кога уредувачката политика е спој на клиентелизам, грижа да им се удоволи на политички и бизнис-кругови, со сензационалистички пристап. Во исто време е илустрација на тоа како медиумски менаџери и уредници, во спрега со овие структури, ја поткопуваат слободата на говор и го потценуваат јавниот интерес, уривајќи го квалитетот на новинарските содржини.

Но, реално, колкав е притисокот? Според истражувањето на ССНМ и на Институтот РЕСИС, 73 проценти од новинарите во приватните медиуми признале дека работат под влијание од деловните менаџери. Од нив, 25 отсто искусиле умерено влијание, 28 отсто искусиле изразено влијание, додека 20 отсто рекле дека биле под екстремно влијание.

Колку се влијателни менаџерите на медиумите врз работата на новинарите? Вкупно
Приватни Јавен сервис Други
Воопшто не се влијателни 15% 34% 15% 20%
Малку влијателни 13% 31% 8% 17%
Умерено влијателни 25% 15% 23% 22%
Многу влијателни 28% 13% 31% 24%
Исклучително влијателни 20% 8% 23% 17%
Вкупно 100% 100% 100% 100%
Овие бројки сугерираат дека дел од новинарските содржини во приватните медиуми можеби се создадени под притисок од менаџерите, односно дека за нивните автори не бил приоритет јавниот интерес и почитувањето на етичките и професионални стандарди, туку подлегнале пред интересите на директорот.

Во јавниот сервис, каде што се анкетирани 62 новинари, влијанието било пониско: само 36 проценти изјавиле дека биле под умерен до екстремен притисок. Тоа веројатно се должи и на фактот што поголем дел од анкетираните новинари во јавниот сервис не доаѓаат редовно во контакт со менаџерскиот кадар, така што влијанијата од нив не ги чувствуваат директно.Севкупно гледано, 63 проценти од вкупно анкетираните 232 новинари се изјасниле дека работат под извесно влијание од раководните структури, застапувајќи нивни интереси (најчесто на блиски политички, бизнис или други кругови) во објавените новинарски содржини наместо на прво место да биде интересот на граѓаните.

Политичко и економско влијание: медиумите како „штит“
Новинарите речиси секогаш и секаде се соочуваат со помалку или со повеќе притисоци и влијанија од различни страни. Но, во некои периоди од изминатите три транзициски децении во Македонија, потиснувањето на слободата на говор и заобиколувањето на јавниот интерес во медиумите, од политички и бизнис-фигури, менаџери и уредници во спрега со нив, некогаш достигнуваше епски размери. Незаборавни се примерите кога репортери се појавуваа на политички настани со испечатени текстови и згора на сѐ – со потцртани реченици во нив, за да нема забуна што треба да изговорат пред камера. Или очигледното форсирање теми од делокругот на бизнис-активностите на медиумскиот сопственик. Или нарачани прашања на прес-конференции за фалење или омаловажување на говорниците. Или дадени прашања во рацете на новинар што води интервју, напишани токму од соговорникот или од неговиот кабинет. Сѐ до случајот со вклучувањето на директорот во емисија во живо за да го избрка гостинот од студио. Сево ова резултираше со прилично нарушен медиумски кредибилитет и квалитет на новинарството во земјава.

Фактот што повеќето „најгледани“ телевизии беа основани и сѐ уште се во сопственост на бизнисмени со политички амбиции, всушност ги става медиумите во улога на штит на интересите на газдите, а не на јавноста, што за некои новинари е неприфатливо.Новинарката Убавка Јаневска одлучила дека е подостоинствено да остане без работа отколку да дозволи постојана редакциска интервенција во нејзините прилози во полза на владејачка партија:

„Еднаш ми сменија дел од видеоизјава во прилогот што го пратив целосно монтиран. Следниот пат ја сменија најавата – што даде сосема друг контекст. Кога министер дојде во градот, колега ме замоли да поставам прашање во негово име. Го известив портпаролот на министерот, но по кусо време видов неколку пропуштени повици од уредникот. Му пренел на снимателот да не го поставувам прашањето. Јас, сепак, го поставив – од колегијалност. Неколку часа подоцна му се јавив на уредникот и му кажав дека повеќе нема да работам за медиумот“, раскажа Јаневска.

Но, други новинари сметаат дека немаат алтернатива. Во услови на раширен клиентелизам, кој го задушува професионализмот, изборот е мал – преминувањето во друг медиум не значи поголема независност, ниту финансиска стабилност поради што подлегнуваат на притисоците на сметка на професионалните стандарди.

Приказот на влијанието од сопственик на медиум врз новинарите, според опсежната анкета на ССНМ и РЕСИС, сугерира дека дури 83 од 141 анкетиран новинар, вработени во приватните медиуми биле изложени на влијание, и тоа: 21 процент од нив на умерено, 21 процент на изразено, а 16 проценти на екстремно влијание од сопственикот на медиумот. Вкупно тоа се 83 анкетирани новинари, или 58 отсто што искусиле влијание од таков тип.

Колку се влијателни сопствениците на медиумите врз работата на новинарите? Вкупно
Приватни медиуми Јавен сервис Други
Воопшто не се влијателни 26% 39% 36% 31%
Малку влијателни 15% 25% 4% 16%
Умерено влијателни 21% 20% 20% 21%
Многу влијателни 21% 10% 20% 18%
Исклучително влијателни 16% 7% 20% 14%
Вкупно 100% 100% 100% 100%
Недостиг од професионалност во новинарството во Северна Македонија регистрира и организацијата „Репортери без граници“ во Индексот за слобода на говор за 2024 година. Во извештајот се додава дека „постои голем јаз меѓу гледаноста и довербата во медиумите“, при што се наведува дека најгледаните ТВ канали во земјава – Алсат, Сител, МТВ1 и Канал 5 – имаат низок степен на доверба.

Во овој Извештај, медиумската подложност на политички и економски влијанија е опишана како системски феномен, при што се додава дека двете најголеми партии – владејачката и опозициската – имаат создадено паралелен медиумски систем што служи за нивно политичко и економско влијание.
„Поради силната политичка поларизација, медиумите може да бидат под притисок на властите, политичарите и на бизнисмените и на национално и на локално ниво… Странските грантови базирани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Новинарството е многу несигурна професија. Некои медиумски куќи се подложени на влијание од маркетинг-агенциите“, пишува „Репортери без граници.“

Како резултат на интервенција на менаџментот, новинарот Жарко Настоски, пред две години се повлече од редакцијата „Слободен печат“, веднаш откако неговиот текст за спојување концесии за рудникот Иловица-Штука беше избришан.Текстот, објавен на 5 јули 2023 година, зборуваше за „полутајно“ дозволено спојување концесии, но беше избришан неколку часа подоцна од сајтот на медиумот. Настоски изјави дека редакцијата му објаснила дека имаат меѓусебен устен договор да не се објавуваат „непроверени информации“ во случајот со рудниците во Струмичко.

„Слободен печат“ тогаш тврдеше дека неговиот договор не бил продолжен и дека текстот бил преземен од друг портал без проверка.
Механизми за политичко и економско влијание врз медиумите
Во секојдневната работа, редакциите со малубројни новинарски тимови запаѓаат во т.н. институционализирана медиумска пасивност – новинарите главно ги репродуцираат партиските наративи преку соопштенија, без суштинска редакциска обработка. Притоа селективно ги претставуваат страните, во зависност од политичката ориентација на сопствениците на медиумите. Во таква медиумска поставеност, новинарите остануваат под влијание, јавниот интерес е потиснат, а одговорното новинарство и професионалните стандарди – заборавени.

Д-р Марина Тунева, во „Водичот за интегритет на медиумите“ (2023), вели дека овој механизам, не само што ги замаглува границите меѓу независното новинарство и политичките агенди, туку и го редефинира новинарството како медијаторска, а не аналитичка професија. Таа предлага јасна законска регулатива за политичко рекламирање, со особена внимателност кон државното рекламирање, кое се користи како алатка за медиумски клиентелизам.

Зависноста од економско-политичките врски врз редакциите ја констатира и Извештајот за напредокот на Македонија за 2024 година на Европската комисија:
политичките партии продолжуваат да користат државни средства за рекламирање;
нетранспарентноста во платеното политичко рекламирање останува проблем;
политичарите и јавните личности употребуваат неприфатлив јазик против новинарите;
судовите пријавиле 19 тужби за клевета против новинари во 2023 година,
регистрирани се шест SLAPP тужби, што укажува на недостиг од механизми за правна заштита.
Од редакциски притисоци до судски процеси
Еден од случаите што ја отсликува системската ранливост на новинарите изложени на различни влијанија е искуството на Ирена Мулачка, уредничка на „Фокус“, која зад себе има 17-годишно искуство во професијата како новинарка и уредничка.

На почетоците од нејзината новинарска кариера, во медиумот за кој тогаш работела, објавила серијал текстови за тогашен директор на клиника, за неговата работа, за начинот како ја добил дипломата и за тоа дека на незаконски начин сака да стане професор на Медицинскиот факултет.

„Иако целиот текст беше поткрепен со документи и докази, сепак директорот на клиниката ме тужеше по што се одржаа неколку судски рочишта. Но, мојот уредник во тоа време, наместо да ме заштити, всушност помогна да бидам осудена. Во редакцијата стигна анонимен имејл, дека директорот за кого пишував, не знаел англиски. Веднаш од мене беше побарано да го објавам тоа и да се потпишам. Одбив и реков дека нема да потпишам непроверена информација. Додека траеше дебатата во редакцијата, почна и судското рочиште против мене, па тргнав накај Кривичниот суд. Штом стигнав, на мое изненадување, ме пречекаа со критика дека, и покрај тоа што ме тужат, јас и тој ден сум напишала текст против директорот, во кој „тврдам“ дека не знае англиски. Под текстот беше потпишано моето име и презиме“ – објаснува Мулачка.

Во пракса, ваков непринципиелен однос во редакциите на релација уредник- (сопственици) – новинари не ретко завршува со дисциплински постапки, кратење на платата, намалување на слободите, за да кулминира и пред суд.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) годишно бележи 50 до 60 пријави за кршење на работничките и професионалните права. Но, се смета дека многу случаи на кршење на правата остануваат непријавени, дека новинарите ретко бараат правда, туку едноставно заминуваат од редакцијата или целосно ја напуштаат професијата.

„Тешко е да се утврдат причините поради кои работодавачите или, пак, уредниците преземаат мерки кон новинарите и медиумските работници, а на крајот завршуваат со некаков вид работен спор. Неретко добиваме пријави за кои основа се притисоци поради професионалните задачи, но тоа тешко се докажува“, вели Дарко Дуридански, извршен директор на ССНМ.Адвокатот ангажиран од ССНМ, Огнен Мартинов вели дека најчесто постапувал во случаи на доделување работни задачи и обврски надвор од определените со договорите за вработување склучени меѓу работниците и работодавачот, за вознемирување на работното место, промена на работното место, но и поради непочитување на работното време определено од работодавачите, како и за случаи на дискриминација и клевета и навреда.

Повелбата на ЕФН и системската правна празнина во Македонија
Според Кодексот на новинарите на Македонија, новинарот има право да одбие работна задача доколку е во спротивност со принципите за професионално и етичко новинарство.Во Повелбата за работните услови на новинарите на Европската федерација на новинари (ЕФН), стратегиски документ врз чија основа дејствуваат новинарските синдикати во регионот, разработени се главните принципи и правила врз кои треба да се засноваат односите меѓу новинарите и нивните работодавачи и уредници.

Принципот 7 го дефинира правото на новинарот да одбие да потпише содржина.
„Новинар или медиумски работник не може да биде судски гонет во случаите кога уредникот суштински ја променил содржината на нивниот новинарски производ. Новинарот или медиумскиот работник не може да биде отпуштен или да му биде раскинат договорот или да се доведе во полоша положба кога го користи ова право на работното место“, пишува во Повелбата.

Оваа меѓународна Повелба делумно е вградена во Законот за медиуми, но, сепак, недостасуваат одредби што можат да бидат основа за подобрување на слободите и правата на новинарите и медиумските работници во редакциите.
„На пример, актуелната верзија на Законот за медиуми содржи општи одредби со кои се гарантира слободата на изразување и слободата на медиумите, но не и одредби со кои се гарантира правото на здружување на новинарите, вклучително и правото на основање и зачленување во професионални здруженија заради заштита на своите интереси“, пишува во публикацијата „Работничките права на новинарите и медиумските работници – домашна правна рамка.“

Овие принципи се вградени во Повелбата за професионалните и работните права на новинарите и медиумските работници на ССНМ, која налага „професионалната независност на новинарите мора да биде заштитена од секоја форма на манипулација, влијание или притисок. Новинарите имаат право да одбијат да потпишат содржина што е изменета без нивна согласност или што го нарушува нивниот интегритет и објективност.“

Без јасни законски измени, медиумската независност ќе продолжи да биде под закана, а јавниот интерес – потиснат зад корпоративните и партиските агенди.
Трагедијата во Кочани и влијанието врз медиумите
Едно од прашањата во сондажата на ССНМ и РЕСИС е колку новинарите биле подложени на владина цензура. Од вкупно 137 новинари од приватните медиуми, 17 проценти одговориле дека биле изложени на умерена, 7 проценти на изразена и 7 проценти на екстремна владина цензура. Додека од 48 новинари вработени во јавниот сервис, кои одговориле на ова прашање, само петмина признале дека се соочиле со умерена, а тројца со екстремна владина цензура.

Колку се влијателни обидите за цензура од власта врз работата на новинарите? Вкупно
Приватни медиуми Јавен сервис Други
Воопшто не се влијателни 50% 83% 56% 58%
Малку влијателни 19% 8% 16% 16%
Умерено влијателни 17% 4% 12% 13%
Многу влијателни 7% 0% 12% 6%
Исклучително влијателни 7% 4% 4% 6%
Вкупно 100% 100% 100% 100%
Пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, во кој загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, може да се земе како најсвеж пример за влијание од власта врз медиумите, поточно за креирање раширена јавна перцепција според интересите на владејачката структура.

Владата, преку својот портпарол, одлучи да ги „потсети“ медиумите да се држат до етичките стандарди при известувањето за трагедијата, во името на погодените семејства и нивното право на приватност. Овој повик, иако формално заснован на професионални новинарски принципи, доаѓајќи од извршната власт – доведе до степен на самоцензура кај дел од новинарите, особено кај помалку искусните репортери. Тие бргу решија да застанат на „безбедната страна“ – минимизирајќи ги деталите за жртвите и ограничувајќи го визуелниот приказ за димензиите на трагедијата.

Во јавноста, пак, оваа владина интервенција, јавно поддржана и од неколкумина уредници во одбрана на владејачките партии, се рефлектираше со раширена перцепција дека медиумите треба да се држат „на око“, за тоа што и како јавуваат за тагата во Кочани.
Луѓе што немаат допирна точка со професијата новинарство, но и стотици ботови од политичките пиар-фабрики активирани на социјалните мрежи, почнаа хајка против медиумите, со остри критики, дури и со закани, без елементарно знаење за принципите на слобода на говор, но и за задачата на медиумите детално и континуирано да известуваат за една од најмасовните трагедии во земјата и причините што доведоа до неа.

Во некои од тие реакции јасно се читаше од каде доаѓа влијанието, како на пример коментарот „нашата влада ќе биде известена за ваквото видео, засрамете се“, упатен кон странски медиум со интернет-пренос од погребот на жртвите во Кочани, можеби како предупредување во својата земја.
Дел од искусните новинари во земјава, пак, според реакциите на социјалните мрежи, се почувствуваа понижени од владината интервенција кон медиумите.
„Огромна грешка направивме што дозволивме владата да ни биде главен уредник на сите медиуми. Ние сме професионалци, нема што да ни смислуваат протоколи, да ни делат лекции…“

Оркестрирани напади врз независни платформи
Студентската информативна платформа „Студентарија“ беше таргетирана преку социјалните мрежи. Основачот Гоше Николов беше лажно обвинет дека е организатор на младинските протести, а негови фотографии беа споделувани на координиран начин преку сомнителни профили и страници на Твитер и на Фејсбук, со синхронизирани објави.

Главниот мотив беше најавата и следењето на студентскиот собир на 17 март, на платото на УКИМ, на кој младите оддадоа почит кон жртвите, кога беше исвиркана министерката за образование и наука – додека држеше говор – што беше документирано на „Студентарија.“
– Во дел од објавите директно бев етикетиран и поврзуван со политички партии, со намера да ме прикажат како нечиј инструмент или политички активист. Во некои случаи беа упатени и повици за притвор, а во коментарите под објавите се забележаа примеси на говор на омраза и повици на насилство. Иако сè беше веднаш демантирано од наша страна, штетата и ризикот беа реални, сподели Николов.

Последиците од владиното влијание
Резултатот од владината интервенција за тоа како да се известува за Кочани беше потиснување на темата, затскривање на причините што доведоа до пожарот и големиот број жртви, стивнување на гневот и фокусирање кон официјалните бројки за приведени и владини ветувања за неселективност и транспарентност во истрагата.

Во Македонија, новинарите веќе имаат искуство со известување за трагедии – пожарот во модуларната болница во Тетово, автобусот кај Ласкарци, поплавата во Стајковци. Тие знаат да балансираат меѓу етиката и јавниот интерес. Но, во случајот со Кочани, владиното влијание беше посебно силно, така што границите меѓу одговорното известување и контролираната перцепција беа намерно замаглени.
Македонија е мала земја, се знаат конекциите и лесно се воочуваат влијанијата во јавниот простор, преку медиумите. Претстојат локалните избори, кога одново на сцена ќе стапат „политичко-бизнис-медиумските бракови“ на штета на јавниот интерес и одговорното новинарство како општо добро за здрава демократија.

ПРЕЗЕМИ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Оваа анализа е создадена во рамките на проектот „Работнички права за независно новинарство“, кој го спроведуваат Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во партнерство со Институтот РЕСИС, а е финансиски поддржан од Европската Унија. Ставовите и мислењата искажани во анализата не ги претставуваат официјалните ставови и мислења на донаторот. Одговорноста за ставовите и искажаните мислења е во целост на спроведувачите и на авторите.

   

Најново

Гази Баба и Гостивар фаворити со дивоградби, Чаир е 19-ти

Sase Ivanovski

Пукање во Брисел, едно лице загина!

Sase Ivanovski

Арсовска: Ѓорѓиевски тера пикник со Меџити и Ганиу, нема правда додека не се случи нова трагедија

Sase Ivanovski

Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија

Sase Ivanovski

„Преспа? Разбуди се за чиста средина“ – Ќе се исчистат 30 депонии

Sase Ivanovski

15 лица се уапсени за компјутерска измама и злоупотреба на банкарски картички во Косово

Sase Ivanovski

АНТИКОРУПЦИСКА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ГОНЕЊЕ НА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ Се чешла сомнителен тендер од 2021 година

Sase Ivanovski

Премиерот си поднел оставка поради раскошниот живот на синот – Корупциски скандал во Монголија

Sase Ivanovski

По распаѓањето на холандската Влада, опозицијата бара предвремени избори

Sase Ivanovski

Недоличности, недоследности и спинови во војната на Арсовска со власта

Sase Ivanovski

„ВАКА ЗАПОЧНА СÈ, НОВО ВИДЕО ОД ПОДГОТОВКАТА НА „ПАЈАЖИНА“ Откриени детали од масовниот напад во 5 руски региони

Sase Ivanovski

„НИ УМРЕ НА РАЦЕ, НЕ НЀ СФАТИЈА СЕРИОЗНО“ Родителите на починатото дете од Кавадарци бараат одговорност

Sase Ivanovski

Нападнат 30-годишен велосипедист во Карпош

Sase Ivanovski

Повеќе од 15 граѓански организации бараат Маврово повторно да биде прогласено за Национален парк

Sase Ivanovski

„Сапорт Кочани“ обезбеди над 600 илјади евра за семејствата од трагедијата во „Пулс“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Во „Букурешт“ снема и интернет, гужви за издавање инсулин

Sase Ivanovski

Грција: Српска туристка на 73 години се удави во морето кај Неа Мудања

Sase Ivanovski

Уште 12 пациенти од пожарот се на болничко лекување дома и во странство, еден е во тешка состојба

Sase Ivanovski

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на Претседателот на Уставниот Суд

Sase Ivanovski

Двегодишно дете прегазено од електричен тротинет во парк во Ново Лисиче

Sase Ivanovski

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Sase Ivanovski

Не чувствувам вина и одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

Sase Ivanovski

Арсовска го објави со име и со презиме и фотографии: Висок полициски функционер со навреди кон Данела

Sase Ivanovski

Клековски: Рехабилитацијата за Кочани е процес без крај, но ние сме супериорно подготвени да ја изведеме во Македонија

Sase Ivanovski

РК Алкалоид: Трофејот од Европскиот куп е потврда за нашиот и квалитетот на македонскиот ракомет

Sase Ivanovski

ЕВН: АД ЕСМ даде најповолна понуда за електрична енергија од 62 евра за мегаватчас

Sase Ivanovski

ЈСП Скопје со неделен возен ред викендов на Духовден и Бајрам

Sase Ivanovski

Мојсоска: Додека болницата во Кочани е оставена само со една докторка, владата денес сама си организира трибина “Кочани е наш приоритет?!

Sase Ivanovski

„Макрон е импресиониран“: Фотографии од средбата со Мелони станаа хит на интернет

Sase Ivanovski

ССМ: Намалувањето на синдикалниот цензус не смее да се користи за да не се зголемат платите

Sase Ivanovski

КОМШИИТЕ ЗАМИНАА ВО ЕУ: Албанија ги отвора сите поглавја во преговорите со ЕУ во јуни

Sase Ivanovski

Чест каква што заслужува: Салата на Работнички ќе го носи името на Лазар Лечиќ

Sase Ivanovski

2164 сообраќајни прекршоци изминатите три дена на територија на цела држава

Sase Ivanovski

Македонија меѓу земјите со најмалку тенкови во светот

Sase Ivanovski

Петиција за спас на македонската сивка, најзагрозена пеперутка во Европа

Sase Ivanovski

До недела топло, утре и задутре развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Гаши треба да пресече дали интерпелацијата за Костадиновски ќе ја отфрли или ќе ја врати на доработка

Sase Ivanovski

Македонија меѓу земјите со најмалку тенкови во светот

Sase Ivanovski

Одобрено обвинението за Онкологија – наскоро судење за несовесно лекување

Sase Ivanovski

Многу луѓе не знаат што да очекуваат кога купуваат имот

Sase Ivanovski

Приведен 46-годишен гевгеличанец, кај него била пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Кривични пријави и казни за „Комунална хигиена“ најавуваат Герасимовски и Митески

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КЛЕКОВСКИ: ДОСЕГАШНИОТ ТРОШОК ЗА ФОНДОТ ЗА ТРЕТИРАЊЕТО НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ СЕ 5000 ЕВРА ПО ПАЦИЕНТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КЛЕКОВСКИ: АЏИБАДЕМ СИСТИНА 80 ДЕНА БЕСПЛАТНО ТРЕТИРА ПОВРЕДЕН ОД КОЧАНИ КОЈ Е НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА

Sase Ivanovski

Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт на плоштадот во Автокоманда на 13-ти јуни.Неговиот настап ќе биде дел од манифестацијата ,,Вкусовите на Гази Баба”

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАНЕЛА НЕ ЈА БИВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК АМА ЗА ПОЛИТИЧКИ МАРКЕТИНГ Е КРАЛИЦА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЛАДАТА СО ОТЧЕТ ЗА СЕ ШТО НАПРАВИЛЕ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

Ги повикуваме надлежните да испитаат можна лекарска грешка за смртта на нашето дете, бараат родителите од Кавадарци

Sase Ivanovski

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Од почетокот на годината скоро 11 милијарди денари од Буџетот се вбризгани во економијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КЛЕКОВСКИ СО РЕПОРТ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ: 12 повредени се лечат во болница, 7 се во странство а 5 во домашни болници, еден повреден се уште е во критична состојба, 16 повредени се третираат со плазма збогатена со тромбоцити со што се отстрануваат лузните

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Нови 166 милиони денари за 47 проекти се доделуваат за развој на најмалку развиените региони, Владата ја зголемува поддршката за самовработување до 7,000 евра, а за млади до 10,000 евра

Sase Ivanovski

СИТЕ ПЕАТ, САМО ЧОЛА ЛЕКУВА! Како една учителка од Скопје стана најверната обожавателка и пријателка на балканската ѕвезда

Sase Ivanovski

Работник од Кина се бори за живот по повреда на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Sase Ivanovski

Приватните превозници нема да сообраќаат додека ЈСП не им ги префрли парите

Sase Ivanovski

Левица: ЕБР и „Тигрите“ се деградирани, загрозен им е статусот

Sase Ivanovski

Наскоро ќе стартува судењето за скандалот „Онкологија“, обвинението е одобрено во целост

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕВЕ ЗОШТО Е КИНА НЕПОБЕДЛИВА, КИНЕЗИТЕ СЕ ФАНАТИЦИ

Sase Ivanovski

Седум милиони евра од Европската унија за еколошки проекти во Преспа

Sase Ivanovski

Вистината за Кочани: Зошто Мицкоски го штити Началникот Томо Донев?

Sase Ivanovski

Герасимовски со легендите на Работнички: Ќе имате своја ложа, а салата ќе го носи името на Лазар Лечиќ

Sase Ivanovski

Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји

Sase Ivanovski

МОЛИМ ЛЕПО…

Sase Ivanovski

На жена ѝ е одбиено швајцарско државјанство оти ги критикувала кравјите ѕвона

Sase Ivanovski

Руски напади врз два града во Украина: Загинати се пет лица, меѓу кои и едногодишно дете

Sase Ivanovski

ОЈО отвори предмет за бесправни градби во Чаир: Постои сомнеж дека е фалсификувана книгата за легализации

Sase Ivanovski

Дали е легално поседувањето и тргувањето со криптовалути во земјава – одговара министерот за дигитална трансформација

Sase Ivanovski

Ким Џонг-ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија

Sase Ivanovski

ЕХФ донесе одлука: РК Алкалоид е освојувач на ЕХФ Европскиот Куп

Sase Ivanovski

Вонреден инспекциски надзор во Болница – Кавадарци, формирана и внатрешна комисија во врска со починатото тригодишно дете

Sase Ivanovski

Стојаноски: Со намалување на репрезентативот од 10 на 5% го либерализираме синдикалното движење со многу повеќе работници позади нив да учествуваат на економско социјалните совети и да ги претставуваат барањата на работниците

Sase Ivanovski

Хегсет: Одвраќањето и одбраната на НАТО не може да бидат одговорност само на САД

Sase Ivanovski

Дива мачка која е загрозен вид е забележана во пештерата Свинска стрна на Галичица

Sase Ivanovski

НАЈУБАВИОТ ХОТЕЛ ВО СВЕТОТ СЕ НАОЃА ВО КВЕБЕК, КАНАДА

Sase Ivanovski

СДСМ: Нема да дозволиме трагедијата во Кочани да биде заташкана

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Угостителскиот сектор и градежништвото со најголем раст од 7,1%, зголемувањето на вработеноста, платите и пензиите ја зголемија потрошувачката

Sase Ivanovski

БГНЕС ја стави на „отстрел“ и еврокомесарката Марта Кос

Sase Ivanovski

Колку се сигурни лифтовите? Државниот завод за техничка инспекција криел документи од ревизорот, а тие што ги дал на увид биле нецелосни

Sase Ivanovski

Во Скопје казнети 180 возачи

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ја направивме да биде пример за тоа како треба да изгледа една општина

Sase Ivanovski
Вчитувам....