Бурни се реакциите во јавноста по голот за победа кој денеска Башкими го постигна за победа против Кожуф во самата завршница од натпреварот. По реакцијата на Фудбалската федерација на Македонија која најави санкции, се огласи и Министерот за Спорт, Борко Ристовски кој истакна дека ако се потврдат сомнежите за некакви неспортски активности, Кожуф ќе остане и без лиценцата за дејноста спорт. „Ќе ги почекаме извштаите од ФФМ и доколку се потврдат сомнежите на фудбалскиот клуб Кожуф по итна постапка ќе му биде одземена дејноста спорт“, објави Ристовски на социјалните мрежи.
Ваква казна ќе значи исфрлање на Кожуф од сите рангови на професионалниот фудбал во Македонија.