Мерсел Биљали
Знам кој бил мојот дедо, но повеќе сум заинтересиран да знам што ќе биде со мојот внук – има кажано некогашниот американски државник Абрахам Линколн. Ниту една економска теорија не може да го објасни економски бум на Сингапур!
„The Economist“ и „Wall Street Journal“ мислат дека тоа е поради слободната трговија и пријателскиот став кон странските инвестиции. Чудно е како речиси целото земјиште на Сингапур е во државна сопственост, додека 85 проценти од домувањето го управува државната корпорација за домување! Ние тоа го имавме во еден претходен систем како „нужно зло“, но откако видовме дека има многу полошо, сфаќаме дека сè повеќе тоа ти бил нужно, а сè помалку зло. Сфаќаме дека само тој што знае да прави зло, има потреба за да биде пофален за својата „добрина“! Но, тешко сфаќаме дека во борбата меѓу минатото и иднината се убива сегашноста. Никако да разбереме дека границата меѓу возвишеното и опасното ја дели само едно влакно.
Банана држави – економски бум!
Светската развојна карта се менува на чуден начин. ММФ анализира дека Африка и Азија се издвојуваат како водечки региони како најбрзорастечки економии во светот во 2025 година. Бројни африкански и јужноамерикански држави кои до вчера беа назначени како „туршија држави“, имаат стасано до економски бум! Гвајана, јужноамериканска држава која пред само десетина години беше скоро најсиромашна земја во светот, сега прави големи чекори напред. Таа е фокусирана кон своите нафтени наоѓалишта, земједелието и туризмот. Според „Есономист“ од 2015 година, производството на нафта и реформите во модернизирањето на земјоделието, ја спасија таа држава од тешка сиромаштија. Таму сега се градат големи инфраструктурни проекти, вклучително и модерни автопатишта и пристаништа. Вкупните приходи од нафтата во Гвајана веќе достигнати се до стотина милијарди долари.
Другата држава Чиле била меѓу пет насиромашни држави на светот, со енормно голем криминал. По воениот удар предводен од генерал Аугусто Пиноче, започна сосема нова економска ера. За развој бил анагжиран познатиот американски економист Милтон Фриедман. Тој воведе голема либерализација и само во мал број дејности допуштил државен интервенционизам. Ги поедноставил сите иницијативи и процедури за секаков вид бизнис и економијата тргна напред. Чиле брзо стана земја со највисок номинален доход по глава на жител во Латинска Америка, и во мај 2010 година, стана првата јужноамериканска земја членка на ОЕЦД. Бразил, земја позната по својата забавен живот, има енормно природни убавини и богата култура. Минатата година забележа зголемување од 12% во туризмот. Самба танцувањето и раскошните карневали се дел од Бразил. Познатиот карневал во Рио годишно привлекува милиони посетители од целиот свет, што го прави еден од најпосетуваните настани на планетата. Бразил оствари раст на БДП од 4,3% лани во последниот квартал. Земјоделскиот сектор сочинува значаен дел од вкупниот извоз со дури 43%, а стапката на невработеност во Бразил видно е намалена.
Африканската држава Гана, до недавно била со екстремна сиромаштија, корупција, глад, болести и државни удари. Невработеноста била над 68 отсто. Промените започнале во 1992 година, кога со помош на Западот било донесено технократско лидерство, кое пристапи кон голема либерализација и стаса до развојно чудо. Сега има раст од над 9 проценти годишно, а невработеноста е сведен на симболични 6 проценти. Живеачката е подобрена за цели 14 пати во споредба со 1992 година, а со проектот познат како „Ghana Vision 2020“, планира да стане најразвиена држава во Африка до 2029 година.
Боцвана е јужноафиканска држава со територија над 70 отсто пустина (Калахари). Пред 35 години била најнеразвиена земја на планетата, со само 69 долари БДП по глава на жител. Но, со одлична професионална екипа и со брза либерализација, стаса до фантастични 1.571 долари БДП по глава на жител. Во фаза на економски бум се и повеќе други африкански даржави – Намибија, Ангола, Танзанија, Мозамбик, па дури и една Етиопија како светски бренд во „умирање од глад“. Таа сега има раст од девет проценти, и е рангирана меѓуте 16 држави со најбрз развој во светот.
Така сега таа „Црна Африка“ која традиционално симболизирала пучеви, граѓански војни, криминални влади, сирмомаштии, болести, глад и жед, веќе не е баш црна. Сега постепено црнилото се движи кон северна хемисфера! Африка полека станува гордост и денес таму веќе се силни светски брендови – „Рussell Company“ во склоп на ,,London Stock Exchange Group“, познатиот светски синџир ,,Walmart-Massmart“, како и гигантите „IBM“, „Bharti Airtel“, а кои со повеќе други светски економски лидери се силна локомотива за една по друга Африка. Минатата година, дури седум од десет најбрзи економии на светот биле држави од тој континент. Тие се на пат по брзина на развојот да ги надминат и „Азиските тигрови“ (Кина, Индија, Јужна Кореа, Малезија и Вијетнам).
Израел и сè е можно!
Израел е помала од нашата држава. Има околу 21.000 км2, а над девет милиона жители кои живеат со четири пати повисок стандард од нашиот. БДП по жител стаса до 54,771 долари. Иако државата веќе 80 години е во континуирана војна со соседи, таа со години забалежува бум. Израел, целата полу-пустина ја има претворено во плодно земјиште. Таму само околу 29% од територијата е природно плодно земјиште, но со модерни технологии над 72% ја претворија во плодно. Тие сонуваат за нашeтo земјиште, кое ние полека ја претворуваме во пустина! Таму вода има слабо, па затоа мора да ја десалинизираат морската вода, за да ја користат по системот „капка по капка“. Израел, зимно време снабдува околу 32% од европскиот пазар со земјоделски продукти. Саул Сингер, авторот на книгата “The Story of Israel’s Economic Miracle“ (Приказната за економското чудо на Израел), вели – само врвен колективен ум и знаење, може тоа да го постигне.
Денес, рекордот за најбрза стапка на развој го држи Гвајана со 26,6%, по што следат Нигер со 11,2%, Сенегал со 8,8%, Либија со 7,5%, Руанда со 7,0% и Буркина Фасо со 6,4%, Eтiopija 6,2%, Tanzanija 6.1%, Banglades 6,0% итн. Дури и во нашето непосредно соседство се случува голем напредок. Просечната плата во Црна Горе сега стаса на 1.021 евра, а стана независна во 2007 година, и заедно со Албанија интензивно преговораат со ЕУ. За неколку години ќе станат членки на ЕУ. Да потсетиме дека во 2000-та година, кога кај нас просечната плата беше околу 220 германски марки, во Србија и Црна Гора беше само 47 марки.
Светот рапидно се менува, а ние вечно стагнираме!
И покрај неодамнешната рецесија, се очекува светскиот БДП да се зголеми речиси четирикратно до 2050 година. Африка ќе постигне највисока стапка на економски раст на глобално ниво помеѓу 2030 и 2050 година. Брз раст ќе имаат Кина и Индија. Кина за десетина години ќе ги престигне САД и ќе стане најголемата светска економија со приближно 20% од глобалниот БДП. А Индија се очекува да стане трета најголема економија до 2050 година. Се предвидува дека уделот на ЕУ во светскиот БДП ќе падне под 10%. Дека економиите на „седумте земји во развој“, или Е-7, ќе растат речиси двојно побрзо од развиените економии на G-7. Итересно што Русија видно ќе стагнира. Нејзиното проценето учество во глобалниот БДП (2050 год.) ќе биде 2,53% колку што и на Јапонија (2,51%), која е 50 пати помала по територија од Русија.
Ние, за жал, и по толку години независност, се уште сме многу далеку од некаков сериозен старт за одржлив развој. Лагите за четврта држава во Европа по стапка на развој ги демантира секој економист. А преговорите со ЕУ се воздигнати на ниво на гладијаторска борба за живот и смрт. Не поседуваме ниту елементарни предуслови за оддржлив развој – либерализација, инициативност, мерит-систем, едукација, административна ефикасност, департизација. Пазарни монополи и енормна корупција ја задушуваат ионака постојната слаба пазарна економија. Добри економисти непартиски имаме на прсти, но никој не се користи со нивно знаење. Бројни партиски лаици водат клучни институции, кои во нормалниот свет не би можеле да бидат ниту портири на тие институции. Таква нивна лична среќа создава колективна несреќа. Мали резултати спакувани во големи амбалажи. МАНУ е невиден паразит и во голема мера е слуга на партиски структури. „Примаат паушали за да пофалат будали“ – вели еден мој колега. Во нормално општество таа би била расформирана, оти е штетен паразит. А самата тишина е доказ дека општеството е болно. Тие пари треба да се пренасочат за вистинска наука кај што ќе бидат вклучени способни млади селектирани по елитни научни трудови објавувани во списанија од базите на податоци Scopus, Web of Science, во земјите на ЕУ. За жал,кај нас не вреди тоа религиското – „нека молчи оној што прави добро дело, а нека зборува тој што има корист од тоа“. Тука е обратно.
Но, тука се молчи за тоа што не треба. Нашата јавност е талентирана да верува во абсурди. Оној кој пасивно го прифаќа злото е исто толку вклучен во него како и оној кој помага да се изврши. Од толку заслужени спортиси, изгледа едни генетски се „неталентирани“! Но, барем имаме доказ дека мoлчењето на добрите луѓе е поопасна од бруталноста на лошите луѓе! Наша маана е што никако да разбереме дека со меѓупартиски и меѓуетнички кавги и поделби го рушима нашиот дом. Со фрлања дрвја и камења не може да се изгради куќа на нормалност. Некои уживаат да се стоплат додека гори цел народ. За логиката на Линколн никој не прашува оти не знае што со одговорот!
Мерсел Биљали