Навивачите на Вардар подолго време е во конфликт со новото раководство, а сега обвинуваат дека управата не сака тимот да има навивачи во Кратово на гостувањето кај Силекс. Вардар против Силекс игра в недела во натпреварот со кој започнува третиот круг од првенството. „Комитите“ преку соопштение реагираа тврдејќи дека управата не испратила пријава за гостински навивачи, но исто така и повикаа на масовно присуство. „Управата на клубот не сака во недела во Кратово да има навивачи на Вардар!
Во таа насока, не беше поднесена пријава за присуство на гостински навивачи, чин кој доволно говори за нивниот страв од целата црвено-црна јавност, во која не спаѓаат веќе само ,,Комити”, туку и сите Вардарци. Оваа одлука е директен удар кон сите нас, кон се она што претставува клубот Вардар, кој во својата историја не помни полошо време и поголема безидејност! Поради оваа одлука организираниот превоз се откажува. Меѓутоа… Силата на Вардаровите навивачи, со вакви обиди ја тестирале и порано и никој досега не истерал со нас до крај. Овој клуб е наш и никој ниту успеал, ниту ќе успее, на било каков начин да не одалечи од него! Во недела МАСОВНО ВО КРАТОВО! Организирајте се со коли, ѕвонете секому! Утре ќе се знае од каде се трга, што и како. До тогаш – екипите нека бидат собрани!“, стои во реакцијата.