Во јуни, Европската Унија ги отвора сите преговарачки поглавја со Албанија, што претставува клучен чекор кон членството на земјата во европската заедница. Оваа вест од Брисел ја потврди и комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, најавувајќи пресвртница во процесот на европска интеграција на Западен Балкан.
Зборувајќи на конференцијата на Центарот за европски студии, Кос нагласи дека е постигнат договор со албанскиот премиер Еди Рам и дека европските институции се подготвени конкретно да ја забрзаат интеграцијата на Албанија.„Секогаш инсистирам процесот на проширување да се базира на заслуги, но сега имаме компромис што ќе овозможи конечно да се реализира „бракот“ на Албанија со Европа. Отворањето на последните поглавја ќе се случи во јуни, со што ќе се отворат сите. Следниот чекор ќе биде затворањето на поглавјата – процес кој е подеднакво важен како и отворањето“, рече Кос.
Комесарот особено ги пофали напорите што Албанија ги вложува во реформите, нагласувајќи го ангажманот и на политичките структури и на граѓаните.„Албанија е пример за тоа како целото општество може да се мобилизира околу европските реформи. Нивните напори се пофални и затоа заслужуваат да бидат истакнати во овој процес“, заклучи Кос.LОтворањето на сите поглавја означува нова фаза во преговорите меѓу Албанија и ЕУ и испраќа силна порака до целиот регион за решеноста на Унијата да го задржи проширувањето како еден од своите клучни стратешки приоритети