Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на млади сили“ гостуваше Тодор Конески, секретар за меѓународна соработка при Унијата на млади сили кој дискутираше за учеството на младите во надворешната политика. На самиот почеток Конески ја објасни функцијата секретар за меѓународна политика и ги истакна нејзините цели, обврски и одговорности, одржувањето на контакти со меѓународните организации, и зајакнувањето на позициите со надворешните фактори.
„Функцијата меѓународен секретар на Унијата на млади сили е многу интересна, во работните обврски на мојата одговорност е да го држам целосниот контакт со меѓународните организации, меѓународните фактори коишто се присутни во државата но исто така и зајакнување на позициите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во надворешен контекст, а и застапување за нашите стратешки определби како што е Европската унија“, објасни Конески. Конески истакна дека младинските совети се клуч за функционирањето на едно општество, и дека Владата активно работи во интерес на младите со што промените ќе бидат видливи за многу краток период.
„Младинските совети се клуч за функционирањето на едно општество, за жал во минатото не им беше даден доволно фокус, среќен сум што Владата од ВМРО-ДПМНЕ ова го стави на врвот на своите приоритети, работи активно во интерес на младите и уверен сум дека за многу краток период промените ќе бидат опипливи, поради фактот што се случуваат многу промени коишто се спори и треба време да помине да се случат, кревањето на младинскиот стандард а и за можностите за младите меѓу другото ќе бидат реалност со којашто младите нема да треба да се сомневаат, туку ќе можат самите да ја почувствуваат кога ќе излезат надвор од своите домови“, рече Конески.
Во врска со успешните проекти и активности Конески ги издвои: „Најголемите успеси за мене лично беа генералните собранија на двете младински организации на ЕПП тука во Скопје, донесовме огромен број на луѓе, бевме центар на младинските политички збиднувања, направивме настани коишто не беа во Македонија присутни повеќе од 8 години, успеавме УМС, ВМРО-ДПМНЕ, Скопје и Македонија да бидат достоинствени домаќини и да се покажеме себеси во најдоброто можно светло“, истакна Конески.