Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија презент” – Скопје распишува Конкурс на тема “Јас, Итар Пејо”. Сите заинтересирани автори од сите возрасти (нема никакви ограничувања) треба да испратат свои хумористични и сатирични прилози на следниов мејл: [email protected] најдоцна до 25.3.2025 година.
Авторите треба да испратат хумористична или сатирична песна, расказ, карикатура, стрип, афоризми (десет), хумористично-сатирична книга и слично. Резултатите од Конкурсот ќе бидат соопштени на 1 април 2025 година, кога ќе биде доделена и специјалната награда “Сатир” за најдобра хумористично-сатирична книга објавена во 2024 година.