-2.2 C
Скопје
19/02/2025 19:25
МАКТЕЛ

   

Контраспин: Додека се расправаме за грбот нѝ се врати шугата

     

Милошоски уверува дека отворањето на оваа тема не е дефокусирање од економската криза, ниту пак, е поврзано со претстојните локални избори. Сепак, зачудува од каде излезе баш во овој период оваа работа со грбот? Зарем сè друго ни е таман во државата? Или ова е најбитното прашање и тоа најмногу ги мачи граѓаните? Нема ли во моментот побитна тема од менувањето на грбот? На Милошоски му пречи тоа што државниот грб ја ставал Македонија во „ друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола“, ама не го загрижува тоа што државата падна 12 места на Индексот за перцепција на корупцијата и 88-то место го дели со Казахстан, Суринам и Виетнам? Зошто токму сега Милошоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ го отвораат прашањето за промена на  државниот грб? Изгледа грбот е најважната работа во државата, побитна и од престрелките меѓу младите кои станаа секојдневие, па се вади пиштол и за паркинг место. Побитна и од евроинтеграцијата, борбата со корупцијата, криминалот, сиромаштијата, хаосот во здравството…И додека се полемизира за промената на грбот, нѝ се врати шугата: деновиве е потврдена во основно училиште во кумановско, пренесуваме текст во целост од Вистиномер. Потпретседателот на Собранието и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, одговарајќи на новинарски прашања пред презентацијата на наоди од анкета за перцепцијата на јавноста за евроинтеграцијата на државава, го искажа следниот спин околу потребата од менување на државниот грб:  Спин: Ако зборуваме за современи државни обележја, засновани на одредена објективна хералдика, тогаш навистина Македонија не сметам дека би требало да остане во друштво со Белорусија, со Таџикистан и со Ангола. Ова се меѓу ретките земји во светот коишто сè уште имаат советска симболика по однос на државните грбови. Сметам дека Македонија има и добро историско наследство, кое може да ги поврзе и АСНОМ, и Илинденскиот период, и претходните периоди на нашата заедничка држава, и тоа да се отслика во еден државен грб којшто би бил подобар и би ги одразувал на еден поквалитетен начин определбите на Македонија, и во таа симболика да биде дел од европското друштво на држави [Извор: Грид.мк360 степени – датум: 17.02.2025] 

   

Контраспин: Собранискиот потпретседател и пратеник од редовите на најголемата владејачка партија, Антонијо Милошоски – а и долгогодишен министер за надворешни работи во владите на Никола Груевски – бранејќи ја идејата за промена на државниот грб ја спинуваше вистината и рече дека Македонија треба да има современ државен грб и со неговата симболика да биде дел од европското друштво на држави, а не да остане во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола. Неспорно и сосема легитимно право на власта, па и не само на власта, туку и на секој од пратениците, е да излезе со иницијатива, заложба, да покрене одреден проблем,  вклучително и прашањето за изгледот на државниот грб. Но, зошто токму сега Милошоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ (партискиот лидер, премиерот Христијан Мицкоски прв јавно ја обзнани идејата) го отвораат прашањето за промена на  државниот грб?  Има ли власта анализа какви финансиски импликации ќе има смената на грбот и врз граѓаните и врз државата, со оглед на тоа што ќе треба да се менуваат личните документи, таблите пред институциите, банкнотите…. 

Милошоски уверува дека отворањето на оваа тема не е дефокусирање од економската криза, ниту пак, е поврзано со претстојните локални избори. Сепак, зачудува од каде излезе баш во овој период оваа работа со грбот? Зарем сè друго ни е таман во државата? Или ова е најбитното прашање и тоа најмногу ги мачи граѓаните? Нема ли во моментот побитна тема од менувањето на грбот?  Што е со евроинтеграциите, борбата со корупцијата, криминалот, економските проблеми и сиромаштијата, социјалната несигурност, хаосот во здравството… На улиците се гине како да сме на бојно поле – што од пукотници, што од  дивеење во сообраќајот. Овие и многу други прашања не се битни?  Ќе стасаат ли тие на дневен ред или „ќе се поттурнуваат под тепих“, како што се турка настрана прашањето за уставните измени и обврската за внесување на Бугарите во Уставот. А во меѓувреме ќе се подгреваат конфликти и етнички тензии и ќе се дебатира за тоа дали ни чинат или не ни чинат државните симболи – грбот, химната, знамето (ДУИ), па ќе се полемизира околу употребата на албанскиот јазик – да биде службен јазик (ВРЕДИ). Истовремено ќе се трага по двотретинско мнозинство – минимум 80 пратенички гласови, колку што се неопходни за да се изменат овие системски закони, ќе се прават калкулации и сето тоа нема да помине без драмолетки во собраниската сала, а и надвор од неа. Така и досега низ годините поминувале вакви и слични иницијативи за разни теми од националниот фолклор, кога собраниската дебата ќе натежне од гнев и омраза, што потоа неизбежно ќе се разлее и во јавноста. И тоа ќе трае ли ќе трае, со месеци и месеци сè додека не се измориме од мудрување и „не си ги извадиме очите“, па да не можеме да видиме дека европскиот воз повторно нè одминал. Впрочем, Милошоски самиот кажува дека дебатата за промената на грбот нема да оди брзо. Иницијативата треба да отвори дијалог преку кој би стигнале до консензус во одреден период, без ограничувања дали тоа ќе се случи за три, шест или девет месеци од сега. Што значи дебата може ќе се развлече девет месеци, ама според Милошоски, ќе добиеме современ државен грб којшто би бил подобар и би ги одразувал на еден поквалитетен начин определбите на Македонија, и во таа симболика да биде дел од европското друштво на држави“. А, нели, таму во европското опкружување, само нас нè чекаат, онака поплавени, потонати во криминал и корупција. Никако во друштво на Белорусија, Таџикистан или Ангола, ама може со Казахстан, Суринам и Виетнам Милошоски е загрижен што државниот грб ја ставал Македонија во „ друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола“, ама не го загрижува тоа што државата падна 12 места на Индексот за перцепција на корупцијата и 88-то место го дели со Казахстан, Суринам и Виетнам?  Северна Македонија годинава според Индексот за перцепција на корупцијата, кој секоја година го објавува Транспаренси Интернешнл, се најде на 88-то место од 180 држави. На скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, С. Македонија има 40 поени, односно два поени помалку од 2023 година, кога беше рангирана на 76-та позиција. Од земјите во регионот, полошо рангирани се Босна и Херцеговина на 114-то место и Србија која се наоѓа на 105-то место. Во меѓувреме, Албанија е на 80-то место, Бугарија на 76-то, Косово на 73-то, а Грција на 59-то место. Хрватска е на 63-та позиција, додека Црна Гора на 65-та позиција. 

Ова воопшто не го загрижува Милошоски? Или според него доволно е само  Македонија да има современ државен грб и „оп“ веднаш ќе бидеме „дел од европското друштво на држави“?! 

Извор: transparency.org

Ништо не е поважно од промената на грбот! Изгледа навистина грбот е „најбитната“ работа во државата, побитна и од престрелките меѓу младите кои станаа секојдневие, па се вади пиштол и за паркинг место. А, бидејќи на врвот приоритетната листа на власта се симболите и разни романтичарски теми, останува имамот Муарем Исмаили од Иса Бег џамијата во Чаир  да укажува дека премногу лесно се посегнува по оружјето и дека е крајно време општеството да се вразуми и да престане да се самоуништува. Како што го стори тоа деновиве испровоциран од последното убиство во Чаир заради банална расправија за паркинг меѓу две групи млади момчиња: Парампарче се правите, како Тексас станавме, срамота сме на светов. Ако сме стасале дотаму во прв ред во џамија да се молиме, а во џебови кокаин да носиме, налет и на тоа!

И додека се полемизира за промената на грбот, ни се врати шугата, заразна болест која најчесто се јавува кога одржувањето на лична хигиена е на ниско ниво. Речиси истовремено со информацијата за заложбите на Милошоски за промена на грбот стаса и веста дека шугата е потврдена во основно училиште во кумановско Романовце, а во целата држава бројот на заболени лани се зголемил за 46,3 отсто во споредба со 2023 година (според податоците од ИЈЗ).

Но тоа не е сè од палетата „небитни вести“ кои се поклопија со тајмингот на заложбите на власта за промена на грбот. Во Зоолошката градина во Скопје на 11 февруари угинаа седум берберски овци, ама за тоа јавноста дозна дури на 17 февруари од објава на Фејсбук профилот на Зоолошката градина, а истиот ден со соопштение излезе и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Нејасно е зошто требало да поминат шест дена за да се сподели веста со јавноста, или можеби дека се „само“ угинати овци во прашање?! Целата оваа трагикомична ситуација со грбот можеби најдобро се илустрира преку познатата реплика од  прислушуваните разговори, онаа на Зоран Ставрески, поранешен вицепремиер и министер за финансии во Владата предводена од Никола Груевски, а сега советник  на премиерот Мицкоски: Не знам што праиме. Мислам, ние сме лудаци. Ние сме лудаци. Ова што го правиме е ненормално….. Ние сме лудаци. Ние трошиме на чоколада а немаме леб дома, тоа праиме ние. Којзнае дали тој го посоветувал премиерот дека во овој момент приоритет над приоритетите во државата е промената на изгледот на грбот, па токму на тоа да се стави фокусот и таму да се трошат ресурси, време и енергија.  *********** Пак му  се „нафрлија“ на грбот . Актуелниот државен грб  е усвоен пред  речиси 16 години – на 16 ноември 2009 година, со донесување на Законот за грбот на Република Македонија (Службен весник бр 138 ).   Во членот 2 од Законот е опишан грбот:  (1) Грбот на Република Македонија претставува поле опкружено со житни класје кои се поврзуваат на врвот, испреплетено со плодови од афион и тутунови лисја, што се поврзани на дното со лента прошарана со народни мотиви.  (2) Среде во полето се оцртува планина во чие подножје тече река, а зад планината изгрева сонце. А со членот 3 од Законот се прецизира дека:  Ликовно-графичкиот приказ на грбот на Република Македонија е составен дел на овој закон. 

Фото: Принтскрин Службен весник

Всушност, тогаш се отстрани црвената петокрака ѕвезда од грбот на Народна Република Македонија од 1946 година. Инаку, предлог за отстранување на петокраката дојде уште во 1992 година од тогашниот пратеник Фаик Абди (Собрание, стенографски белешки  стр.78).  Овој предлог неколку пати ќе го актуелизира пратеникот Никола Поповски. Во 2007 година истото решение  ќе го предложи  и тогашниот премиер Никола Груевски, а по обезбедена двотретинска поддршка во 2009 година влегува во собраниска процедура, по што во ноември истата година беше изгласан Законот за грбот, токму во периодот кога Милошоски е министер за надворешни работи (2006-2011). Според хералдичките стандарди македонскиот грб се карактеризира како амблем. Во декември 2014 година Владата предводена од Груевски усвои предлог за нов грб, кој беше поддржан  и од  ДУИ. Станува збор за црвен лав на златно-жолта заднина во форма на штит, како и круна во горниот дел во форма на тврдина. Но, тогашната владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеа да го реализира докрај овој предлог, бидејќи беше неопходно двотретинско мнозинство гласови во парламентот. 

Фото: heraldika.org.mk

По повеќе од една деценија прашањето за менување на грбот повторно го отвори премиерот Христијан Мицкоски. На 12 февруари тој одговарајќи на новинарско прашање потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ разговарале на оваа тема:. Ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што сè уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации. Мицкоски потсети дека договор за менување на државниот грб имало меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ  во 2014 година, кога двете партии беа во иста влада. Официјален предлог за нов грб нема, меѓутоа во јавноста се шири дебатата за оваа тема Од ВРЕДИ се подготвени да преговараат за промена на грбот, но истовремено бараат да се смени химната и дефиницијата за албанскиот јазик. Ова го изјави лидерот на Движење Беса, Биљал Касами во емисијата Дејли клик, на ТВ 21 Во принцип сме подготвени да разговараме за промена на грбот, но во еден пакет со промена на химната, со промена на дефиницијата за албанскиот јазик кој во Уставот се води како 20% и секако со решавање на некои други проблеми со што државата ќе влијае на мултиетничката реалност на општеството на РСМ и нејзиниот пат кон ЕУ…Барања а не условувања, уставни барања, во случајов ова се барања на коалицијата, на албанскиот дел од коалицијата …Сепак, помеѓу коалициските партнери во Владата нема консензус на оваа тема. ЗНАМ не ја гледа потребата за промена на државниот грб. Лидерот на оваа партија, Максим Димитриевски смета дека актуелниот грб ги отсликува македонската историја и реалност: Сите тие симболи нам нѝ значат вклучувајќи го и лавот и сонцето од Кутлеш коешто за жал согласно преспанскиот договор повеќе не е составен дел од таа иконографија. Но, како и да е – исто така е и петокраката. Јас лично сметам дека овој грб којшто државата во моментов го има ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и од географски континуитет и ја отсликува реалноста на македонскиот народ и држава. Ние од ЗНАМ сметаме дека не треба да се дозволи од државните обележја да имаме дополнително наметнување на политиката и партизација. Предлогот не го поддржува ниту опозициската СДСМ. Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува сите хералдички карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и од придобивките на Народноослободителната и антифашистичка војна, нема никаква поделба во однос на етнички групи. Доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче И за ДОМ е неприфатлив предлогот за промена на државниот грб. Партијата ја повикува власта да не прави дефокус на јавноста од потребата да се фати во борба против корупцијата, аерозагадувањето, здивените цени во маркетите и на електричната енергија, а сè заради зголемување на сопствениот рејтинг пред претстојните локални избори. ДУИ, пак, очекува да се отвори и прашањето за знамето. Пратеникот Блерим Беџети вели дека и Албанците во земјава треба да го чувствуваат државното знаме како свое. Според него, националното знаме на Македонците треба да се одвои од државното. Тој вели дека партијата би учествувала и во дискусиите за промена на државниот грб, химната, како и за отстранување од Уставот на формулацијата за албанскиот јазик. Секако и во делот на Законот за албанскиот јазик, но и за државното знаме за да има чувство дека е на сите. Мислам дека во овој пакет, македонското национално знаме треба да се одвои од државното знаме А од ЛДП предлагаат, рисот кој се наоѓа и на металната петденарка и на националниот фудбалски дрес, да го краси и државниот грб. Сметаат дека нема да создаде проблеми со соседните држави, потекнува од Шар Планина и ќе симболизира поглед кон иднината, наместо „враќање назад во минатото“.  За промена на државните симболи и измената на Уставот е потребно двотретинско и Бадентерово мнозинство во Собранието.  Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар Извор: Новинска агенција МЕТА

 

Најново

Зеленски: Трамп живее во „дезинформациски простор создаден од Русија“

Sase Ivanovski

Никола Тасев: Петте кривини за Мицкоски

Sase Ivanovski

РАКОМЕТАРИТЕ БЕА НА ГОСТИ КАЈ АГЕЛЕР Ракометната федерација предводена од Мукаетов беше свечено примена во американската амбасада

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ИМА И ПЛАН И ПРИЈАТЕЛИ Мицкоски се сретна со висок претставник од Стејт департментот

Sase Ivanovski

ИСКРЕНО, НЕ МИ Е НИ ГАЈЛЕ! Зеленски остро реагираше на средбата Русија-САД во Ријад

Sase Ivanovski

ИСЧЕЗНА 19-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД СКОПЈЕ Таткото пријавил во полиција

Sase Ivanovski

СЕ ПРЕТСТАВИЛ КАКО ЛЕКАР ОД БУГАРИЈА, БАРАЛ ПАРИ ЗА „ЗЛАТНИ ШТРАФОВИ“ 79-годишна скопјанка му дала 216.949 денари на туѓинец

Sase Ivanovski

КАНЈЕ ВЕСТ ПРИЗНА ЗОШТО ЈА НАТЕРАЛ БЈАНКА ЦЕНСОРИ ДА СЕ СОБЛЕЧЕ ГОЛА НА ГРЕМИ Раперот ја префрли целата вина на нив

Sase Ivanovski

САМИ МЕНУВАМЕ ГУМИ, САМИ РЕГИСТРИРАМЕ ВОЗИЛА Пратеникот Лефков ги правда патните трошоци на пратениците

Sase Ivanovski

Најголем бренд кај нас е Кафетин, за било која болка, прв избор на повеќето во екс Ју

Sase Ivanovski

НОВА ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: 17 годишно момче прегазено во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На паркингот на Клинички владее хаос! „Имам итен случај“ – се правдаат возачите

Sase Ivanovski

Објавен „Во длабочината на моите рани“ од Благица Каревска – роман што ги руши границите меѓу фактот и фикцијата

Sase Ivanovski

Муртезани и Кацарска потпишаа Меморандум за соработка помеѓу МЕП и ЕПИ

Sase Ivanovski

РОК ЅВЕЗДАТА ЈА НАРЕЧЕ ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА ФАШИСТ И НАЦИСТ Поднесено обвинение, Британецот се соочува со три години затвор

Sase Ivanovski

КАНЈЕ ВЕСТ И БЈАНКА ЦЕНСОРИ СЕ ВО ПИГМАЛИОНСКА ВРСКА, ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ТОА „Таа е жртва на психопат и манијак, спасете ја пред да биде предоцна“

Sase Ivanovski

ИЗБРИШАНИ ЈУТЈУБ-КАНАЛИТЕ НА БАКА ПРАСЕ Заработуваше над 100.000 евра месечно од прегледи

Sase Ivanovski

Ел Сиси: Да се усвои план за обнова на Газа без раселување на Палестинците

Sase Ivanovski

Затвореници ќе ја пошумуваат Македонија, ќе бидат ангажирани во „Македонски шуми“

Sase Ivanovski

Стружанец со таен уред крадел струја и ја оштетил компанијата за 260.000 денари

Sase Ivanovski

Денко Малески: Повторно ќе бидеме на менито

Sase Ivanovski

„Бугарска меморија“ против МАЕИ

Sase Ivanovski

Непостоечко обраќање на Путин кон Европејците се шири на Фејсбук

Sase Ivanovski

23-годишна девојка од Богданци лажно изнајмувала станови на луѓе од Штип и Пробиштип

Sase Ivanovski

Формирана работна група за системско решавање на вандализмот

Sase Ivanovski

Александар Русјаков: „Девојчето и куклата што патува“ потсетува дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма

Sase Ivanovski

Обид за силување во светиниколско село: 28-годишник допирал по телото 18-годишна девојка

Sase Ivanovski

Путин се огласи: Првата реакција на рускиот претседател по разговорите во Ријад

Sase Ivanovski

Кабинет на Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија: Расправата на која ќе се расправа за ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје ќе се одржи на 25 февруари 2025.

Sase Ivanovski

ОПЕЛ, ШАМПИОН СО ДОЛГ ОПСЕГ: НОВИОТ GRANDLAND PLUG-IN HYBRID

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска на средба во Стопанската комора – Првата транша од унгарскиот заем наскоро ќе се исплати до компаниите

Sase Ivanovski

СДСМ: Наместо половични мерки власта да ги прифати предлозите на 5% ДДВ за струја и 0% ДДВ за храна

Sase Ivanovski

Лимани: Брзиот развој на индустријата, континуираниот напредок на технологијата и новите услови за работа, ја наметнуваат потребата од ревидирање на листата на опасни занимања

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Партијата на нонгратите е фатена како лаже за Косово!

Sase Ivanovski

Останува отворена постапката за оценување на членовите 17 и 18 од Изборниот законик-ќе се гласа во полн состав

Sase Ivanovski

СДСМ ПРИЛЕП: Четиригодишното владеење на ДПМНЕ и Борче Јовчески ќе остане запаметено и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Sase Ivanovski

14 годишник планирал напад врз железничката станица во Виена, полицијата го уапси

Sase Ivanovski

Слаба контрола на законската обврска: За една година само четворица граѓани добиле казни за нечипирано куче

Sase Ivanovski

Вчера 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Како на политичарите, така и на судиите и обвинителите треба да се прочешла имотот кој го стекнале, има судии кои живеат како шеици

Sase Ivanovski

На Трамп почна да му паѓа рејтингот, економијата ги мачи Американците

Sase Ivanovski

Драма кај Лазаревац, Србија: Работници затрупани со земја при копање канал

Sase Ivanovski

Учесност на 4-та глобална министерска конференција за безбедност на патиштата во Мароко

Sase Ivanovski

Струмичанец избол со нож 22 години помлад човек од Василево

Sase Ivanovski

Хамас е подготвен да ги ослободи сите преостанати заложници во втората фаза од прекинот на огнот

Sase Ivanovski

Агелер: Не можеме да го гарантираме вашиот пат кон Унијата, но поддршката продолжува

Sase Ivanovski

Млад Србин се обидел да влезе во Македонија со „БМВ“ украдено од Германија

Sase Ivanovski

Професор нападнал ученик со метален предмет во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поранешното момче на Кејт Мос, Пит Доерти има сериозна болест: „Морам да одмарам за да не ми ги ампутираат прстите на нозете“

Sase Ivanovski

МОН дава финансиска поддршка за студирање на најдобрите светски универзитети

Sase Ivanovski

(ФОТО и ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака

Sase Ivanovski

Уставен поведе постапка – судијата Кадриу ја нарече скандалозна одредбата со која се унапредуваат членовите на Обвинителскиот совет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Леклер постигна рекордно време во неговиот прв тест со новиот автомобил на Ферари

Sase Ivanovski

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов до крајот на следната година

Sase Ivanovski

Вреди пее иста песна за химната, но нема текст

Sase Ivanovski

Поставени повеќе од 200 столпчиња на градските улици, обновени над 800

Sase Ivanovski

ФФМ ја одреди цената на билетите за натпреварот помеѓу Македонија и Велс

Sase Ivanovski

Сервер: Договор кој ќе ја компромитира Украина може да го охрабри сецесионизам и иредентизам на Балканот

Sase Ivanovski

Зибери: Институциите да го решат проблемот за околу 400 „невидливи лица“

Sase Ivanovski

Јаневска: Ќе се реформира Агенцијата за квалитет во високото образование, бидејќи не ги задоволува потребите

Sase Ivanovski

Усвоен 16-тиот пакет санкции против Русија: Нема целосна забрана за увоз на руски течен природен гас во ЕУ

Sase Ivanovski

Ако некој го качил во кола, да не се плаши и да се јави во полиција, апелира семејството на исчезнатиот Миле од Неготино

Sase Ivanovski

„Специјалниот“ претставник на Трамп за Украина пристигна во Киев на средба со Зеленски

Sase Ivanovski

Русија го пофали Трамп затоа што кажа дека НАТО е главната причина за војната во Украина

Sase Ivanovski

Кривична пријава против вработена во Одделението за управни работи Куманово, непрописно продолжила регистрација на возило

Sase Ivanovski

Од септември средношколците со попреченост ќе добијат образовни асистенти

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: продолжува поддршката за младите за студирање на најдобрите светски универзитети, МОН ги објави конкурсите за стипендии во академската 2025-2026

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Симона Цветановски: Страшно, не работи единствениот државен ПЕТ скенер – продолжува голготата на онколошките паценти

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за „несовесно работење во службата“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Голем ГАФ на обвинителот, кој тоа ќе кажува и суди што е тежок и што е лесен пропуст, и дали ако е лесен нема потреба од разрешување

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Во тек е акцијата за собирање кабаст отпад, службите се на терен

Sase Ivanovski

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Средба на КОБ со одбранбените аташеа во земјава – Размена на мислења за безбедносните политики и за членството во НАТО

Sase Ivanovski

На 84 години Том Џонс најави светска турнеја, ќе пее и во Хрватска!

Sase Ivanovski

Перински: Не се согласувам дека посетите на општините се почеток на предизборна кампања

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Фактот што нема постапка за извршителите на Заеви во судството, говори за тоа колку Коцевски е слуга на СДС и Заев

Sase Ivanovski

Меџити: Ахмети е во постојан контакт со Груби

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 814 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 268 за непрописно паркирање

Sase Ivanovski

Влада на Република Северна Македонија, Митева: Вложувањата во квалитетот на живот и здравјето за граѓаните се наш приоритет, донацијата на уреди за филтрација на воздух од компанијата ЕКОТИП ќе бидат распределени во градинките, училиштата, болниците и други критични јавни установи

Sase Ivanovski

МЖСПП: Учениците од ООУ Исмаил Кемали во Чаир учат како да станат еко херои

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Александар Аексовски: Партизација наместо реформи, зад разрешувањето на Јавниот одбвинител се крие обид за инсталација на партиски послушник

Sase Ivanovski
Вчитувам....