16.8 C
Скопје
21/05/2025 19:42
МАКТЕЛ

     

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

      

Говорејќи на партиски настан – јубилејната 20 годишнина на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нагласи дека нема време за губење, дека во Владата ќе ја санкционира секоја забеганост и затоа ќе им се заблагодари на оние кои нема да се истакнат во својата работа. Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со „чист образ“, пишува Вистиномер во новиот Контраспин кој го пренесуваме во целост. Но, зошто тоа не го стори веднаш? И, не му доликува на еден премиер да проценува дали некој функционер „забегал“, или да се заканува со „влечење за уши“. Тоа прозвучува непримерно и невкусно. Во крајна линија остава впечаток дека некој е опиен од моќта, па онака арогантно се заканува во стилот „ми се може“. Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, најави големи промени во партијата и државата и притоа ја спинуваше вистината:

Спин: …Го кажувам тоа јасно и децидно секогаш, а и сега. Ќе ја санкционирам како претседател на Владата, секоја забеганост, ќе ги разрешам сите оние кои ќе не посрамотат како структура и како луѓе, примерот за промени мора да го дадеме ние, и од секој од нас зависи како и со каков интензитет ќе се случуваат промените. Затоа денес од овде најавувам дека веднаш по редовниот конгрес кој ќе се одржи на крајот од оваа годинава, најдоцна почеток на следната година ќе има голема промена во партијата и во Владата. Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам. Го кажувам уште сега, за да се знае и да испратам порака дека единственото нешто што вреди, единствено најголемо нешто што човек може да го остави зад себе е образот и честа. И ќе дадам се тоа да остане најчистиот дел од нашата работа. Тоа сите заедно му го должиме на народот.

   

Немаме време за губење и немаме простор да создаваме нови разочарувања кај луѓето кои веќе со децении наназад се изгорени од разни неискрени и корумпирани политичари. [Извори: Официјална веб-страница на ВМРО-ДПМНЕФБ профил на Христијан Мицкоски (од 59 минута од видеото) – Датум: 18.05.2025]  Контраспин: Говорејќи на партиски настан – јубилејната 20 годишнина на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нагласи дека нема време за губење, дека во Владата ќе ја санкционира секоја забеганост и затоа ќе им се заблагодари на оние кои нема да се истакнат во својата работа. Големите промени во партијата и во Владата, Мицкоски ги најави по редовниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој треба да се одржи на крајот од годинава или најдоцна почеток на следната годинаОваа негова изјава  во којашто се препознава спин е проблематична по два основа.

Најпрво, Мицкоски од една страна вели дека нема време за губење и за големи грешки, дека тој како премиер нема да толерира „забеганост“, дека функциите ќе си ги задржат само тие што работат посветено, бидејќи најважни се „честа и образот“. Но, веднаш потоа тој вели дека „благодарницата“, на оние кои „забегале“ ќе им ја испорача на крајот на оваа или на почетокот на 2026 година. Значи, тоа нема да биде сега, туку казната за „забеганост“ би можела најрано да ги стигне за осум-девет месеци отсега! Што е нелогично со оглед на тоа што премиерот вели дека нема време за губење, ниту за грешки. Тие луѓе се речиси една година на функција, премиерот имал време да види дали и колку се посветени на работата, па ако навистина е решен да останат само најдобрите, најпосветените, највредните, оние со најдобри резултати, таква селекција може да направи веднаш. Зошто да го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со „чист образ“? Зошто тоа не го стори веднаш?

Ова некако наликува на повеќестрана политичка порака во пресрет на локалните избори. На гласачите им се претставува слика дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер се чесни и принципиелни, дека на функција може да бидат само ревносни, вредни, исполнителни личности. На самите функционери им се порачува дека по локалните избори ќе се одмерува дали некој ќе остане на позицијата, а на коалициските партнери во Владата им се испраќаат јасни сигнали дека локалните избори може да донесат поинаква поделба на функционерскиот колач. Просто кажано ќе има пазарење на сите страни – и во партиските редови и во коалицијата.

Исто така, прилично зачудува тоа што премиерот ќе оценува „забеганост“ кај функционерите и по тој основ ќе прави чистка. Нејасно е како Мицкоски ќе проценува дали некој од функционерите „забегал“ за да му се заблагодари и како од формално правен аспект (според кој Закон) тоа е критериум за губење на работното место – позиција во повисоките или пониските ешалони на власта. Та нели цело време и тој и владејачката партија говорат за правна држава, владеење на правото и почитување на законите. Еве да речеме дека Владата ќе ги разреши оние функционери кои ги именувала, верувајќи му безрезервно на премиерот дека тие „забегале“. Но како мисли Мицкоски поради „забеганост“ да ги отстрани функционерите кои ги избрало Собранието? Тоа е втората по важност институција во државата и според Уставот треба да ја контролира Владата (иако кај нас за жал во пракса не е така). Во  таа смисла во Член 68 од Уставот, меѓу другото, е прецизирано дека  Собранието:  врши избори, именувања и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Уставот и со закон;  врши политичка контрола и надзор над Владата и над другите носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието

Значи, сакал Мицкоски или не, мора да се запази одредена процедура. Независно што неговата партија има мнозинство во Собранието, само со оценка „забеганост“ не може да помине разрешување на функционер, тоа ќе треба и да се образложи, парламентот да расправа и да донесе одлука Конечно, не му доликува на еден премиер да дава квалификации од таков тип, да проценува дали некој функционер „забегал“, или да се заканува со „влечење за уши“, како што направи досега во неколку наврати. Тоа прозвучува непримерно и невкусно. Во крајна линија остава впечаток дека некој е опиен од моќта, па онака арогантно се заканува во стилот „ми се може“. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Претседателката Сиљановска-Давкова го достави предлогот за гувернер на Народната банка

Sase Ivanovski

Ако живеете во изнајмен стан, синдикалната кошница достигнува до 80.000 денари месечно

Sase Ivanovski

Трамп ја претстави американската „Златна купола“, ракетен систем инспириран од израелската „Железна купола“

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не значи предност, туку еднаков терен за сите

Sase Ivanovski

Политико: Нема прекин на огнот во Украина. Никогаш

Sase Ivanovski

Додека хуманитарната помош сè уште не е стигната во Газа, Израел е „многу блиску“ до извршување воени злосторства

Sase Ivanovski

Компанијата „Релиф“ произведува биоразградлива хартија од листовите на дрвата без токсични хемикалии

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хорор игрите „Dead Island 2“ и „Happy Game“ бесплатни на платформата Epic Games до четврток

Sase Ivanovski

Ленче Ристоска бара јавно извинување од Латас за клевети

Sase Ivanovski

Некој должи многу, некој штеди повеќе – кредитите и депозитите пораснале за 12 отсто

Sase Ivanovski

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Sase Ivanovski

ЦИКП: Законот за работно ангажирање на лица се усвои со меѓупартиски консензус

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Играта „Wоrld of Warcraft“ ќе може да се игра само со едно копче по новото ажурирање

Sase Ivanovski

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Sase Ivanovski

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Sase Ivanovski

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Sase Ivanovski

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Sase Ivanovski

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Sase Ivanovski

Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква, работиме на целосно унапредување на сите полициски капацитети

Sase Ivanovski

ЈП „Комунална хигиена“: Висар Ганиу пласира лажни вести во обид да ја покрие неспособноста

Sase Ivanovski

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС

Sase Ivanovski

Проф. д-р Татијана А. Балоска е избрана за декан на Факултетот за детективи и безбедност на АУЕ – ФОН!

Sase Ivanovski

Ректорот на АУЕ – ФОН, проф. д-р Саво Ашталкоски и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република С. Македонија – ИСОС, м-р Весна Прентоска, потпишаа Меморандум за соработка

Sase Ivanovski

Второ место за Дино Табаковски од АУЕ-ФОН на Универзитетско првенство во шах

Sase Ivanovski

АУЕ-ФОН: 21 Мај – Светски ден за културна разноликост за дијалог и развој „Различни култури. Заедничка иднина. Еден универзитет.“

Sase Ivanovski

Студентите од четврта година на Факултетот за дизајн и мултимедија, при АУЕ – ФОН остварија посета на печатницата „Пропоинт“

Sase Ivanovski

Помогни им на животните – биди Херој!

Sase Ivanovski

Наставен кадар од АУЕ- ФОН на ЕРАЗМУС+ мобилност во Бугарија: Интерактивни предавања за дигитална комуникација и заштита на лични податоци

Sase Ivanovski

Развој на Cloud-базирани сервиси со AWS и AI алатки

Sase Ivanovski

Студентите на Факултетот за правни и политички науки на АУЕ-ФОН зедоа учество на практична работилницита која ја организира (ЦУП) во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација

Sase Ivanovski

Одбележување на 22 годишниот јубилеј на АУЕ –ФОН со промоција на новата генерација дипломци и Саем за кариера

Sase Ivanovski

Откриена тајната на добрите партии на Роџерс Мато од Вардар…

Sase Ivanovski

ГРАДИНКАТА ,,ПРОЛЕТ” ВО КАРПОШ НАПОЛНИ 60 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

ЈАВЕН ОГЛАС за прибирање понуди од здруженија за организирање и реализирање на културната манифестација во Општина Карпош, Карпошово културно лето 2025 година

Sase Ivanovski

НАГРАДЕНИ ЕКО –ДВОРОВИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ

Sase Ivanovski

ГРАДИНКАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОД КАРПОШ ОДБЕЛЕЖА 80 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ

Sase Ivanovski

ЈАКИМОВСКИ РАЗГОВАРАШЕ СО ОСНОВЦИТЕ ОД КОЗЛЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ОД КАРПОШ ДЕЛ ОД ПРВИОТ НАУЧЕН КАРАВАН

Sase Ivanovski

Општина Карпош започна акција за испитување на нисконапонската електрична инсталација во сите основни училишта и детски градинки на своја територија

Sase Ivanovski

МЕЃУНАРОДНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ – СПОРТИСТИ ОД КАРПОШ

Sase Ivanovski

ДРЖАВНО СРЕБРО ЗА ОДБОЈКАРКИТЕ ОД ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ОД КАРПОШ

Sase Ivanovski

ЈАКИМОВСКИ: ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ЕДЕН ОД ОБЈЕКТИТЕ ЗА КОЈ БЕВ ОСУДЕН ЈА ВОДЕЛ АДВОКАТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ ЗБОРУВА (БОБАН СТЕФКОВСКИ)

Sase Ivanovski

Стефковски: Изградивме градинки, спортски сали, асфалтиравме улици во општина Гази Баба, тоа е доказ дека покажавме како се работи

Sase Ivanovski

Средба на Градоначалникот на Гази Баба со младите таленти од ООУ „Дане Крапчев“

Sase Ivanovski

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Гази Баба и Македонскиот полициски синдикат!

Sase Ivanovski

Одбележан 70-годишниот јубилеј на детската градинка „Детска радост“ во Гази Баба

Sase Ivanovski

ЖРК Металург – Автокоманда првак на Македонија во младинска конкуренција

Sase Ivanovski

80 години – Црвен крст на Македонија!

Sase Ivanovski

Изградба на пристапни патеки во Железара и улица во Ченто!

Sase Ivanovski

Општина Гази Баба ги додели решенијата за субвенции за набавка на нови велосипеди

Sase Ivanovski

Костадинов: Денеска Струмица беше домаќин на претставници од организацијата „Вело училишта” од Скопје, која има за цел промовирање на велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз на учениците ширум државата

Sase Ivanovski

Трипуновски: Со заеднички договор помеѓу откупувачите и земјоделците за откупот на пролетната зелка имаме девизен прилив од околу 32 милиони евра

Sase Ivanovski

Вежбата во ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица уште еднаш ја потврди пожртвуваноста и професионалноста на струмичките пожарникари

Sase Ivanovski

Латас уште не им простува на СЈО сака да ги гони трите грации

Sase Ivanovski

Костадинов до Мисајловски: Да не ги ставаме граѓаните во заблуда, ова не се приоритетите на ова време невреме

Sase Ivanovski

(ФОТО) Костадинов на фамилијарен кампинг на преубавата Беласица

Sase Ivanovski

Костадинов: Нека е честит и вековит меѓународниот ден на музеите!

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи

Sase Ivanovski

Костадинов: И за новата учебна 2025/2026 година обезбедивме еднократна парична помош од 2.000 денари за семејства со прваче за прв пат запишано во учебната 2025/2026 година со постојано живеалиште на родителите на подрачјето на општина Струмица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска во Чаир спречува градење на дивоградба, градоначалникот Ганиу го нарече „принцеза“

Sase Ivanovski

Костадинов: “Оваа дупка не е дупка”. Требаше да биде затворен базен, ама ВМРО-ДПМНЕ реши да води инает со цела Струмица, затоа на изборите ќе бидат жестоко поразени убедливо во прв круг

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Близок соработник на Виктор Јанукович, поранешниот претседател на Украина, убиен пред Американското училиште во Мадрид

Sase Ivanovski

Костадинов: Бидејќи владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги блокира сите проекти за Струмица, еве им предлог – откажете се од проектите и дајте ни ги нам на општина Струмица

Sase Ivanovski

Костадинов: Куклиш конечно ќе го добие Домот на култура кој е во завршна, трета фаза

Sase Ivanovski

Захарова: Трамп можеби сака да влезе во историјата како миротворец во Украина

Sase Ivanovski

Психолошка проценка и работа со децата кои се изживувале со штркот и одговорност од родителите, побара Анима Мунди

Sase Ivanovski

Костадинов: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани гласаа против меморандумот за меѓу општинска соработка помеѓу Струмица и Кочани со што паднаа во вода напорите на сите струмичани да институционално помогнеме на град кој пред многу кратко време се соочи со најголемата трагедија во историјата на независна Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски – Изјава од почеток на реконструкција на ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На Светскиот ден на пчелата, во Скопје се отвора првиот македонски Парк на пчелата, лоциран при Земјоделскиот факултет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во центарот на Прилеп, заменик градоначалникот Диме Бозоски, наместо да го реконструира покривот на деловниот објект, започна нелегална доградба

Sase Ivanovski

Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“

Sase Ivanovski

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони за да се намалат повеќечасовните чекања

Sase Ivanovski

Голема акција на италијанската полиција против калабриската мафија, уапсени се 97 осомничени

Sase Ivanovski

КРЕИРАВМЕ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА, СО ФОКУС НА СЕКОЈ ЧЛЕН НА ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО

Sase Ivanovski

Учесниците на вториот модул на ПроКредит Бизнис академијата се стекнаа со нови знаења за комуникациски вештини и „growth mindset“

Sase Ivanovski

САД одобрија продажба на воени хеликоптери за БиХ во вредност од 100 милиони долари

Sase Ivanovski

Неколку лица избодени во напад во Холандија

Sase Ivanovski

Повеќе од 50 уапсени во акција против трговија со дрога меѓу Италија и Албанија

Sase Ivanovski

Најмалку петмина загинати откако бомба погоди училишен автобус во југозападен Пакистан

Sase Ivanovski
Вчитувам....