МАКТЕЛ

     

Контраспин: „Македонско сценарио“ за Србија и(ли) „Српски свет“ за С. Македонија?

      

Власта во Србија и нејзините медиумски мегафони, соочени со низа афери со трагични последици, спинуваат за наводно „македонско сценарио“, градејќи го наративот кој е многу сличен на руската пропаганда: разни меѓународни фактори сакаат да ја сменат „суверенистичката“ власт за да ја распарчаат и ограбат земјата, пишува Вистиномер во анализата која ја пренесуваме во целост. Новите протести на опозицијата во Србија ја активираа старата мантра на српскиот претседател Александар Вучиќ за постоење на наводно „македонско сценарио“ кое треба го руши неговиот систем. Наведувајќи дека ги видел видеата од Грузија, каде 7- годишно дете фрла со предмети кон полицијата за време на актуелните антивладини протести во оваа земја, Вучиќ изјави:

СпинКој го објави тоа, каде се неговите родители? Прво го објавија западните медиуми, оние кои ги поддржуваат демонстрациите во Грузија, а потоа и каналите на Телеграм. Зошто некој се фали со учество на 7 годишно момче. Мислите дека е генијално што ги обоија бехатон плочите со црвена боја, кои нема да можат целосно да се исчистат? Дали мислите дека тоа беше нивна идеја? Најдете снимки од 2016 година, истото сценарио во Северна Македонија. Токму на ист начин го бојадисаа и главниот плоштад во Скопје. Газдата и спонзорот секогаш беа исти, а жртви беа народите врз кои се спроведуваа обоени револуции. Тоа нема да се случи во Србија, бидете уверени.

[Извор: Б92 Вучиќ: Македонското сценарио нема да се случи во Србија – датум: 03.12.2024]

   

 

 

Контраспин: Во изјавата на српскиот претседател Вучиќ препознаваме неколку спинови. Како докажан мајстор во таа сфера, користејќи го одржувањето на безбедносниот самит на Србија со африканските земји во Белград, Вучиќ повторно го користи заплашувањето на српските граѓани со „македонско сценарио“ – овој пат надградено и со „грузиски“ и „украински“ сценарија,  за да го дефокусира граѓанското незадоволство од трагедијата по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад пред еден месец, а попатно и од контроверзната експлозија на каналот Ибар-Лепенец на Косово, која наново ги затегна српско-албанските односи до крајност.

Диригираните медиуми на режимот на Вучиќ деновиве синхронизирано ја експлоатираат темата за наводното „македонското сценарио“ за рушење на неговата власт. Користејќи го терминот „обоена револуција“ за добро познатите настани во Македонија од 2016 година – кога незадоволството од режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ експлодираше по објавувањето на прислушкуваните разговори низ масовните протести на „Шарената револуција“, српските медиуми под контрола на Вучиќ „во лет“ ја фатија тезата на увезена револуција и продолжија да ја шират на добропознат начин.

Така, истиот медиум Б92, кој во оваа прилика го користиме како извор на овој спин, ја „илустрира“ тезата на Вучиќ за „македонско сценарио“ со текст со кој сака да ги заплаши српските граѓани дека ќе поминат како Македонците:

Македонската „Шарена револуција“ од 2016 година доведе до тоа денес да се палат македонски знамиња низ цела Северна Македонија, бидејќи земјата никогаш не се опорави од таа штета, тврди Б92.

Во истиот тајминг се јавува и „ударната тупаница“ на Вучиќ, неговиот доверлив функционер  Александар Вулин (меѓу другото бивш министер за одбрана и директор на Безбедносно-информативната агенција; сметан и за своевиден „офицер за врска“ со путинова Русија), со наративот дека протестите на опозицијата се пример од учебник за „обоени револуции“:

Опозицијата во Србија се обидува да го повтори македонското сценарио, настаните во Нови Сад се копија на македонскиот модел. Македонците ги бојадисаа плоштадите поради некоја своја причина, овој народ денес за своја. Беа копирани и моделите од Белорусија и Хонг Конг. Тоа е учебнички пример за обоена револуција. Опозицијата не излезе со тоа, туку беа обучени и прецизно инструирани од оние што правеа обоени револуции низ целиот свет, тврди Вулин.

На неговите тврдења се надоврзуваат и истоветните мислења на „хорот српски аналитичари“, кои го зацврстуваат наративот за „македонското сценарио“ наменето за Србија.

Бојадисувањето на плоштадот „Слобода“ во Нови Сад во боја на крв не е ништо ново, ниту пак нешто го  смислиле само српската опозиција и нејзините активисти за да покажат дека поради некого е пролеана крв. Тоа е всушност само реплика на македонската обоена револуција од 2016 година, кога нивните опозиционери користеа идентични методи во обидите да ја соборат тогашната власт. Имено, пред осум години во Скопје опозицијата во Македонија ја лансираше т.н обоената револуција, односно протестите против тогашната Влада и аферата „прислушување“, се вели во текстот на српски „Курир“.

Во текстот е поместената и изјавата на дописникот на белградска „Политика“ од Скопје, Жељко Шајн, кој оценува дека настапот на опозицијата во Србија е идентичен со сценариото што се случи во С. Македонија.

Тоа е само прашање на стил во даден момент, односно што се користи како изговор во некоја земја. На крајот на краиштата, Македонија го смени името и влезе во НАТО, додека сè уште е далеку од влез во ЕУ, што беше приоритет. Има уште еден момент: крајот на војната во Украина и на Блискиот Исток е сè поблиску, така што моментите на глобални поделби се користат и во случаи на внатрешни проблеми во Северна Македонија и Србија, вели Шајн за Курир“.

Политичкиот аналитичар Дејан Милетиќ во истиот текст тврди дека ваков вид протести не биле само во Северна Македонија, туку и низ земјите од Југоисточна Европа, како Грузија, Украина, Романија… Секако дека на овие наративи не пропушти да се надоврзе и озлогласнениот „Информер“ со тврдењата на неговиот аналитичар дека на Србија ѝ се закануваа „македонско“ и „украинско“ сценарио: првото за рушење на власта, а второто за поделба на земјата.

Овие наративи се производ на проруската пропаганда, кои беа пласирани и кај нас, за што пишуваше „Вистиномер“ во анализата објавена на почетокот на 2022 година. Медиумскиот аналитичар Жарко Трајановски тогаш укажа дека руската пропаганда за време на македонската политичка криза (2015-2017) ги користеше изразите „украинско сценарио“, „обоена револуција“ и „македонски Мајдан“ како составен дел на главните пропагандни пораки од една комуникациска стратегија, која се реализираше на повеќе пропагандни канали во 2015 година.

Изразот „обоени револуции“ е составен дел од официјалните комуникации на Кремљ, особено по настаните во Украина познати како „Портокалова револуција“ од 2004 година и „Евромајдан“ од 2012 година.

Оттаму, не случајно се јавуваат и актуелните наративи за наводното „македонско сценарио, за кое колумнистот на српски „Данас“ Немања Рујевиќ иронично вели дека било малку запоставено:

Едно „сценарио“ е неправедно запоставено во последните години – македонското. За оние кои помалку паметат, на крајот на 2016 година македонската опозиција конечно го победи семоќниот клептократ Никола Груевски, тој што изгради поубаво и постаро Скопје. Во Собранието тие денови имаше крв бидејќи ниту еден владетел чиј пад од власт води до затвор, не е подготвен да си замине без крв.

Тоа и такво „македонско сценарио“ – патем, нашиот оригинал беше обилно филуван со дезинформации дека е спонзорирано до Сорос Фондацијата во Македонија, е дел од еден поширок спектар на руската пропагандa раширена во регионот, како што покажува и овој пример со баучот на „македонското сценарио“ наменето за Црна Гора.

Но ако се погледнат неговите промотори, доаѓаме до геополитичката стратегија на она што се нарекува „српски свет“. Токму „рускиот човек на дворот на Вучиќ“, Александар Вулин, е нотиран како првата висококотирана политичка личност во Србија (во тој момент министер за одбрана) која ја промовира идејата за „српскиот свет“ под водство на, се разбира, Вучиќ:

Последното обвинување во бошњачките и црногорските медиуми е дека Вучиќ создава „српски свет“. Верувам и се надевам дека обвинението е точно, Вучиќ треба да го создаде српскиот свет. Белград мора да ги собере сите Срби во него и околу него, а претседателот на Србија е претседател на сите Срби, изјави Вулин во 2020 година, иако се сериозни шпекулациите дека зад таа идеја стои лично Вучиќ, што не е неверодостојно со оглед на неговите политички апетити.

Земјите од регионот зазираат од тој и таков „српски свет“ – политичка идеја од средината на 19. век, откако Србија стекнала автономија во рамките на Османлиското Царство – бидејќи претставува загроза за нивниот суверенитет, бидејќи сесрпското обединување би ги вшмукало и другите нации. Би звучело иронично да не е загрижувачко што речиси синхронизирано со обвинувањата за „македонско сценарио“ во Србија одат предупредувањата за влијанието на „српскиот свет“ во мешаните етнички средини во С. Македонија, каква што е градот Куманово, каде што неодамнешното палење на два автомобили создаде сцена за меѓусебни препукувања во албанскиот политички кампус.

Како и да е, власта во Србија и нејзините медиумски мегафони, соочени со низа афери со трагични последици, спинуваат за наводно „македонско сценарио“, градејќи го наративот кој е многу сличен на руската пропаганда: разни меѓународни фактори сакаат да ја сменат „суверенистичката“ власт за да ја распарчат и ограбат земјата.

Пишува: Стојан Синадинов

   

Најново

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski

Масивната вежба на писта на американските воздухопловни сили со 53 авиони – испратена порака до ривалите како Кина

Sase Ivanovski

На многаја лета Свети Василиј Острошки…

Sase Ivanovski

Полска еднаш ги отвори вратите за милиони украински бегалци, но сега расположението се смени

Sase Ivanovski

Полска: Руската тајна служба стои зад пожарот во трговскиот центар во Варшава во 2024 година

Sase Ivanovski

Научниците откриваат колку точно тежина ви е потребно за да кревате за да стекнете мускули

Sase Ivanovski

САД и Кина се согласија да ги намалат царините во рамките на деескалацијата на трговската војна

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп е подготвена да прифати „палата на небото“ како подарок за Трамп од Катар

Sase Ivanovski

Објавена е првата излезна анкета од изборите во Албанија, Социјалистичка партија и Еди Рама водат со 79 пратенички места

Sase Ivanovski

Зошто кинескиот борбен авион J-10C „Vigorous Dragon“ е во тренд…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бендот „Фанк Шуи“ со голем хуманитарен концерт за Кочани во МКЦ на 15 мај

Sase Ivanovski

Ќе се работи Студија за природните вредности на Јабланица, целта е да се прогласи за заштитено подрачје

Sase Ivanovski

Лишени од слобода четири лица во гостиварско затоа што управувале возила со поголема брзина од дозволената

Sase Ivanovski

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Sase Ivanovski

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

Sase Ivanovski

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Sase Ivanovski

Муртезани на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц  во Брисел: стратешки разговори за напредокот во пристапниот процес и поддршка за реформите

Sase Ivanovski

Лишен од слобода тетовец затоа што управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

(ФОТО) (Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

Sase Ivanovski

Европските лидери го посетија Киев и и порачаа на Русија: 30-дневен прекин на огнот сега или ќе се соочат со огромни санкции

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Sase Ivanovski

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ЗНАМ не можат да излажат никого

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

Sase Ivanovski

Вчера 968 сообраќајни прекршоци, 636 за брзо возење

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Пронајдена дрога во Кавадарци, лишени од слобода две лица

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Македонскиот павилјон меѓу 10-те највпечатливи на Венециското биенале, GOVTECH дигитална програма за решавање на проблемите на граѓаните, се зголемува довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Чествување на 195-годишнината од раѓањето на Прличев со промоција на книга од акад. Митевски во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Венециското биенале ги поздрави СДС, успех за македонската делегација предводена од Љутков, македонскиот павилјон во првите 10

Sase Ivanovski

Од утре почнува Robomac по 13-ти пат

Sase Ivanovski

Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Sase Ivanovski

Симеонов: Се зголемуваат платите на здравствените работници што е услов за квалитетен здравствен систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза?

Sase Ivanovski

Амбер Херд откри дека дочекала близнаци, кои и се придружија на големата сестра Унах (4)

Sase Ivanovski

Бугарија наскоро на референдум – ќе одлучува дали ќе го прифати еврото

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан најавија директни преговори

Sase Ivanovski

Еди Рама на прагот на четврти мандат

Sase Ivanovski

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува

Sase Ivanovski

Почина кардиологот Агим Зеќири

Sase Ivanovski

“Ни падна нас да ги исправаме грешките од лековерност или незнаење на претходниците” беседеше премиерот интервјуиран од заменик министерката Трајков

Sase Ivanovski

Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа

Sase Ivanovski

Пакистански авион од кинеско производство собори два индиски борбени авиони, соопштија американските власти

Sase Ivanovski

ПКК објави дека се самораспушта и го запира вооружениот конфликт против турските власти

Sase Ivanovski

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Sase Ivanovski

Гардијан со детали: САД и Кина договорија намалување на царините за 115 отсто за период од 90 дена

Sase Ivanovski

Една епизода од Game of throns чини колку Х Македонски народни приказни

Sase Ivanovski

Слонот во собата и „куклите“ во Владата

Sase Ivanovski

Оптимизам на берзите во Европа по договорот меѓу САД и Кина за намалување на царините за 90 дена

Sase Ivanovski

Руско Министерство за одбрана тврди дека нивниот „Искандер“ уништил ХИМАРС на украинската армија

Sase Ivanovski

ЦЕЛТА Е ЕУ, НО ТРЕБА ДА ПОБЕДИМЕ И ВО ПАРИЗ, БЕРЛИН, РИМ… Мицкоски сака Македонија да биде трипати подобра од сите за да испрати порака

Sase Ivanovski

Голем триумф за Еди Рама – сам има мнозинство да состави Влада

Sase Ivanovski

ДУИ: Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Интрига или факт: Гајдов му удрил бокс/шлаканица на Зиков?

Sase Ivanovski

Основната разлика меѓу евро-интеграциите на Скопје и Кијив: Украина ја брани Европа сама по себе. ЕУ ја брани Северна Македонија самата од себе

Sase Ivanovski

САД и Кина се договорија да ги намалат царините!

Sase Ivanovski

Како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот

Sase Ivanovski

Костадинов до Ѓеоргиевски: Недостасува кадар во градинките во Струмица, зошто местата не се пополнуваат?

Sase Ivanovski

Хотел Златибор во Ужице, Србија е маестрален пример за социјалистичкиот модернизам

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: БЕЛОМОРСКИ ВИДУВАЊА 2025

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини

Sase Ivanovski
Вчитувам....