1.8 C
Скопје
22/02/2025 10:04
МАКТЕЛ

    

Контраспин: Неколку извртувања на вистината на Ангеловски за ЕУ во „Само вистина“

      

Евроскептицизмот на Ангеловски и неговата оценка дека не треба да брзаме кон ЕУ преку преговори со Бугарија, односно треба да ги прекинеме истите бидејќи европските вредности и демократијата значеле уништување на семејството, нацијата и црквата се спинови, односно извртување на вистината. Политичкиот став на Ангеловски и на МААК се право на слободен избор и тој е неприкосновен, но кога комуницира со јавноста во обид да ги убеди граѓаните, спиновите не се фер и коректен политички метод. Со други зборови, евроскептицизмот на Ангеловски и неговата оценка дека не треба да брзаме кон ЕУ преку преговори со Бугарија, односно треба да ги прекинеме истите, бидејќи европските вредности и демократијата значеле уништување на семејството, нацијата и црквата се спинови, односно извртување на вистината, пишува Вистиномер. Пишува Теофил Блажевски. Претседателот на МААК Страшо Ангеловски во дебатна емисија на Канал 5 говорејќи за ЕУ искажа некои ставови во кои може да се препознае спин Спин: Европскиот сојуз го прави истото (она што го правел Советскиот сојуз). Им го одзема суверенитетот на државите, преку трансџендер и таа лгбт идеологија се обидува да ги уништи семејствата, да ја уништи нацијата и да ја уништи верата (Прв дел од Само Вистина од 12.50 мин-14 мин)…Двојните стандарди на т.н меѓународна заедница го овозможи ова што ни се случува и ден денес…(зборува за апартхејд спроведен преку Охридскиот рамковен договор каде што со мнозинството управувало 20 отсто од малцинството преку принципот на Бадентер). За среќа, со демонтажата повторно ќе речам, на таа либерална елита во САД, започнува демонтажата на таа лицемерна, на таа либерална елита со двојни стандарди и во Европа и во ЕУ. ЕУ ваква каква што е, е пред распаѓање, како европска над држава, како сонот на Хитлер – затоа што да се разбереме Европа како над држава беше сон на нацистите (тука појаснува за Договорот од Месина и за улогата на Валтер Холштајн, претседател на Европската комисија во два мандати, тврдејќи дека бил „министер во владата на Хитлер“)…Која е таа европска демократија? Тоа ли се тие вредности кои сакаат да ми го уништат внукот, кои сакаат да ни ги уништат семејствата, кои велат црквата да от…тие ли се тие вредности за кои ние треба да сонуваме да мечтаеме и да си го одземеме името, да си го одземеме идентитетот?…Во овој момент ЕУ е една забрзана композиција која паѓа во бездна…Да се разбереме, јас сум против ЕУ како над држава која ги одзема суверените права на државите членки. Ние мора да бидеме свесни дека најголем непријател на европските суверени држави е Европската унија. Колку помоќна е ЕУ толку понемоќни се европските држави, затоа што таа го исцицува целиот суверенитет од европските држави. Против таква Европска унија сум и ќе бидам секогаш за Европска унија на суверени држави, она што Патриотите на Европа на седми и осми месецов во Мадрид веќе го воспоставија како барање(Втор дел Само Вистина, од 7-25 мин.)“.[Извор: Канал 5/Само Вистина прв дел и Втор дел – Страшо Ангеловски: Датум – 11.02.2024]
Контраспин: Лидерот на МААК Страшо Ангеловски, во дебатната емисија на Канал 5 „Само вистина“ искажа повеќе извртени вистини и невистини околу ЕУ, испраќајќи ја пораката и директно дека РС Македонија во моментов треба да ги прекине преговорите со Софија, а со тоа индиректно и со ЕУ.Политичкиот став на Ангеловски и на МААК се право на слободен избор и тој е неприкосновен, но кога комуницира со јавноста во обид да ги убеди граѓаните, спиновите не се фер и коректен политички метод. СССР и ЕУ се неспоредливи
Првиот спин на Ангеловски на темата ЕУ е тој дека Европскиот сојуз, мислејќи на земјите членки на ЕУ го прават истото она што во ерата на социјализмот го правел Советскиот сојуз (СССР), односно дека им го одзема суверенитетот во целост. ЕУ никогаш не им го одзема суверенитетот на државите во смисла дека тие немаат право сами да решаваат за сите важни прашања за сопствениот народ и територија, како што тоа го правел СССР. Еве како ЕУ самата појаснува што е и што се случува со суверенитетот на државите Европската Унија (ЕУ) е уникатна. Таа не е федерална држава како Соединетите Американски Држави, бидејќи нејзините членки се независни суверени држави. Но таа не е ниту меѓувладина организација како Обединетите нации, бидејќи нејзините земји-членки ѝ отстапуваат дел од својот суверенитет и на тој начин стекнуваат поголема колективна сила и влијание од онаа што би ја имале кога би дејствувале самостојно. Тие отстапуваат дел од својот суверенитет по пат на донесување заеднички одлуки преку заедничките институции, какви што се Европскиот парламент, кој е избран од страна на граѓаните на ЕУ, и Европскиот совет и Советот, кои ги претставуваат националните влади. Земјите-членки донесуваат одлуки врз основа на предлози на Европската комисија, која пак ги претставува интересите на ЕУ како целина.Еве како и Собранието на РСМ ја појаснува Европската Унија и проблемот со суверенитетот Европската Унија претставува единствена интеграција на суверени европски земји кои цврсто решиле да делат заедничка иднина и да здружуваат дел од својот национален суверенитет. Земјите членки на ЕУ дел од своите овластувања за донесување на одлуки им го делегираат на европските институции што ги имаат создадено за да можат одлуките за специфични работи од заеднички интерес да се донесуваат по демократски пат на ниво на Европа.Значи станува збор за дел, помал дел од суверенитетот за одлуки во заеднички интерес на сите држави членки кои се претставени преку свои граѓани во Европарламентот и преку свои функционери на пониско или повисоко ниво во Комисијата и во разни други агенции и тела на ЕУ. Ангеловски тоа не го споменува, исто како што не споменува дека некои одлуки на ЕУ тешко и долго се носат токму поради правото на вето на секоја земја членка, што е директна потврда за не одземениот суверенитет.

Извртено претставување на вредностите на ЕУ. Следниот спин на Ангеловски е околу вредностите на ЕУ. Поврзувајќи ги со либерализмот правата што произлегуваат од родовите политики („Истанбулска конвенција“ која е ратификувана од РСМ), личните права на секоја индивидуа и во смисла на недискриминација поради пол или сексуална ориентација, тој ги наведува како клучни европски вредности, иако е тоа само едно мало делче од демократските слободи кои ги врамува самата ЕУ во своите документи. Во истите тие документи, преку почитувањето на граѓанските права и слободи никаде не се сугерира дека семејството или дека нацијата треба да се уништи, ниту пак тоа се прави индиректно. Уште поголем спин е дека ЕУ ја уништува црквата. Слободата на вероисповест и на верските организации и објекти е високо вреднувана вредност на ЕУ и како таква спаѓа во Фундаментите, т.е. основните права и слободи на граѓаните, запишана впрочем, во Повелбата на ОН, преку Европската конвенција за човековите права, до нашиот Устав.Спин е исто така, дека поради лицемерието на ЕУ и поради Охридскиот рамковен договор во земјава владее некој вид на апартхејд каде што малцинството управува со мнозинството. Принципот на Бадентер, т.е. условено гласање со двојно мнозинство за клучни прашања е воведен по конфликтот или војната од 2001 година, како метод да се избегне мајоризацијата и на централно и на локално ниво, но повторно потекнува од основните вредности вградени уште во првиот Устав на почетокот на осамостојувањето на Македонија. И токму затоа, Словенија и Македонија добија признание во 1991 г. од сега покојниот Робер Бадентер – експерт на Мировната конференција за поранешна Југославија, дека се единствени држави од СФРЈ кои заслужуваат меѓународно признавање. Принципот со гласање со двојно мнозинство секако дека да биде проблематичен и различно толкуван, но е можеби најважната алатка за недискриминација и избегнување конфликти во општеството.А за причините зошто избил конфликтот и дали Охридскиот договор е добар, лош или непотребен, водени се многу дебати и напишани се многу академски трудови. Но, почитувањето на индивидуалните и колективните права е темелна вредност и на ООН и на ЕУ и е вградена и во меѓународните и во домашните правни механизми. Двојни стандарди се разбира дека сè уште има околу ова прашање, но тоа не значи дека таа вредност – почитување или непочитување на правата на малцинствата, треба да биде причина земјава да го напушти процесот на евроинтеграции. Патриотите за Европа и нивните 86 европратеници од 720

Уште еден спин е дека ЕУ забрзано оди кон бездната. Тоа е премногу невтемелена и слободна проценка. ЕУ, иако е во длабоки дискусии и размислувања за реформи, во моментов сепак е истата ЕУ со сите свои проблеми какви што беа и пред Брегзитот во 2016 г., освен што е зголемена моќта на крајно десничарските европски политичари во неколку клучни земји, кои сега се обединети во неформална унија Патриоти за Европа и кои го исфрлија слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“, по примерот на американскиот претседател Доналд Трамп. Овие европјани, кои ги предводеа во Мадрид Виктор Орбан и Марин Ле Пен и кои уште се нарекуваат и суверенисти, мнозинските политички групации во ЕП ги нарекуваат „неевропјани“, се разбира и недемократи, конзервативци, авторитарци, итн., токму поради радикалното отстапување од некои од темелните европски вредности. Она што не го кажува Ангеловски е дека Патриотите имаат само 86 од вкупно 720 пратеници во Европскиот парламент. Исто така, она што не го кажува е дека во Обединетото Кралство, на пример, анкетите покажуваат дека земјата треба да се врати во ЕУ.

Холштајн никогаш не бил министер на Хитлер Меѓу спиновите што ги кажа Ангеловски за ЕУ кажа и една директна невистина, а тоа е дека Валтер Холштајн, претседател на Европската комисија во два мандати, бил министер за правда во владите на Адолф Хитлер. Холштајн, познат и по таканаречената Холштајнова доктрина, може во младоста и да бил дел од некои наци организации, но никогаш не бил министер. Бил професор и декан на Франкфуртскиот универзитет, бил поручник во артилериска единица во Франција за време на Втората светска војна и воен затвореник на САД, но никогаш не бил висок член на некоја влада на Хитлер, иако има тврдења дека бил поблизок со него отколку што пишува во официјална биографија. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Ројтерс: Русија испраќа дисиденти на принудно психијатриско лекување

Sase Ivanovski

Може ли Гаспром да стане нов сопственик на НИС?

Sase Ivanovski

ЕУ ги одложи новите правила за патување, пламнаа претсезонските аранжмани

Sase Ivanovski

Кога јајцата беа поскапи? Министерката за финансии тврди дека купува табла по иста цена како во време на СДСМ и ДУИ односно од минатиот Велигден

Sase Ivanovski

Мицкоски: По кратко и озбилно убедување 🤷‍♂️ од страна на Тимчо, Нело и Сашко се сложив вечерва слободното време да го поминеме гледајќи го НБА натпреварот помеѓу Washington Wizards и Milwaukee Bucks

Sase Ivanovski

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата на конзервативците

Sase Ivanovski

Поранешен разузнавач: КГБ го регрутирал Трамп во 1987 година, кодното име му е Краснов

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Ако ДУИ сакаат ветинг, нека почнат од својот лидер Ахмети

Sase Ivanovski

„ВОЛОДИМИР ЌЕ ГО ПОТПИШЕ ДОГОВОРОТ“ Советникот на Трамп најави дека наскоро ќе се обнови партнерството Вашингтон-Киев

Sase Ivanovski

НЕ ПОСТОИ ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 3.000 АЛБАНЦИ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Министерката за финансии ги демантираше изјавите на Меџити

Sase Ivanovski

„ЗЕЛЕНСКИ E НЕБИТЕН ВО ПРЕГОВОРИТЕ“ Трамп бил на чекор да ја повлече поддршката за Украина?

Sase Ivanovski

ПУТИН БРЗА ДА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА? Се ближи тригодишнината од војната во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЃОКОВИЌ КУЦА, ГИ ПОВРЕДИ ЛИ ПАК ЛИГАМЕНТИТЕ? Можното пензионирање станува главна тема за тенисерот

Sase Ivanovski

Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер, а најави чистка на уште пет високи функционери

Sase Ivanovski

Со секира скршиле стакло oд кафуле и го запалиле: обвинение против три лица за намерно предизвикување пожар во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Маж е тешко повреден во напад со нож кај споменикот на Холокаустот во Берлин

Sase Ivanovski

Без вода дел од општина Карпош

Sase Ivanovski

Студено утро, преку ден сончево со мала облачност

Sase Ivanovski

Првите казни за „Безбеден град“ од 2026 година

Sase Ivanovski

Мицкоски во Вашингтон: Целосно сме усогласени и ги поддржуваме политиките на Трамп

Sase Ivanovski

Мисајловски за обновата на Украина: Колку можеме – ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Агенцијата Асошиејтед прес поднесе тужба откако Трамп ја набрка зашто не пишува „Американски Залив“

Sase Ivanovski

Само Мицкоски му аплаудирал на Венс во Минхен: Тоа беше инспиративен говор

Sase Ivanovski

Грците најавија голем штрајк, ништо нема да работи

Sase Ivanovski

Претседателот на Судскиот совет Камбовски: Институциите треба да се унапредуваат, не да се распуштаат

Sase Ivanovski

Воен аналитичар: Трамп е подготвен да му даде на Путин сè што ќе посака

Sase Ivanovski

Трамп постави бизнисмен со српско потекло на чело на државната банка за поддршка на извозот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Фицо се сретна со Илон Маск во Вашингтон, дома илјадници луѓе му порачаа таму и да остане

Sase Ivanovski

Денко Малески: Средба со британскиот министер Даглас Херд во седиштето на НАТО

Sase Ivanovski

НБА: Суспензија од 25 натпревари за Портис поради позитивен допинг тест

Sase Ivanovski

Суперкомпјутер ги пресмета шансите на екипите за освојување на Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Продавачи за скопска фирма во Куманово задржале 8.000 евра од прометот

Sase Ivanovski

Аргентинскиот претседател се соочува со истрага за корупција за „криптогат“.

Sase Ivanovski

Министрите за одбрана на ЕУ ќе одржат итен состанок за Украина

Sase Ivanovski

Саботер од Украина работел за Русија во Полска, доби осум години затвор

Sase Ivanovski

Јончевски: Во второто полувреме промашивме многу отворени шутеви

Sase Ivanovski

Насловната на утрешен „Шпигел“: „Предаден – денес Зеленски, утре ние?“

Sase Ivanovski

Мисајловски за обновата на Украина: Колку можеме – ќе помогнеме

Sase Ivanovski

Проверка на факти: Дали е Трамп во право кога вели дека Украина ја почнала војната со Русија?

Sase Ivanovski

Какви беа релациите меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски со текот на времето

Sase Ivanovski

Проверка на имоти на судии и обвинители – да, но неселективно

Sase Ivanovski

Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи

Sase Ivanovski

МОН ги објави конкурсите за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети

Sase Ivanovski

МВР: Од почетокот на февруари издадени над 18.000 налози за сообраќајни прекршоци, 1.500 возачи не поседувале возачка дозвола

Sase Ivanovski

Големата идеолошка конфузија: Левичари – надесно равнајс!?

Sase Ivanovski

Бројот на заболени од шуга пораснал за 46 отсто за една година

Sase Ivanovski

Протест на вработени во Филхармонија, бараат директорот да се избере според критериумите, наместо со партиски договор

Sase Ivanovski

Внатрепартиски избори во СДСМ на 16 март, Венко Филипче е единствен кандидат

Sase Ivanovski

Контраспин: ВЛЕН со спинуван одговор до ДУИ за Албанците во безбедносниот сектор

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

Sase Ivanovski

Меџити: Правичната застапеност на Албанците е уставна категорија, му се допаѓало тоа на Минчев или не!

Sase Ivanovski

ДОМ: Обновлива енергија – ДА, НЕ на плодна земја!

Sase Ivanovski

Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска на средба во ССК – МСП се двигателот на нашата економија, поддршка за нивните инвестиции со поволните средства на Владата од унгарскиот заем

Sase Ivanovski

Со замрзнати руски средства ќе се обновува Украина, Москва се согласила но поставила услови

Sase Ivanovski

Сушење алишта во домот – научниците сметаат дека тоа може да биде опасно!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најопасното сирење на светот: Се создава со ларви, забрането е 60 години, а луѓето го јадат со векови

Sase Ivanovski

Дали комичарот станува трагичар?

Sase Ivanovski

Скопјани не го даваат дивиот паркинг кај Народна банка, ги откорнаа столпчињата да си обезбедат влез

Sase Ivanovski

Зоните на „Градски паркинг“ го освојуваат Скопје, ќе се шират низ Карпош, Аеродром, Чаир и Гази Баба

Sase Ivanovski

Американските разузнавачи скептични- немаат информации дека Путин планира мир

Sase Ivanovski

Конфликтот со Трамп му го зголеми рејтингот на Зеленски кај Украинците ?

Sase Ivanovski

Динамо Загреб добива нов стадион вреден 175 милиони евра

Sase Ivanovski

Папата Франциск ќе ја напушти должноста?

Sase Ivanovski

Турчин измамил друг турски државјанин во Штип – му ги сменил лирите со 3.500 фалсификувани евра

Sase Ivanovski

Векна леб не треба да чини повеќе од 20 денари, велат фармерите

Sase Ivanovski

Русија ќе прогласува победа, веќе е договорен датумот за прослава

Sase Ivanovski

(ФОТО) Нина Бадриќ со порака од Тајланд: „Животот не е краток, туку нас доцна ни текнува да живееме“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Бразил: Загинаа 12 студенти при судир на автобус и камион

Sase Ivanovski

Сиљановска од европските лидери повторно бара “креативно решение” за нас

Sase Ivanovski

Малолетничка нападната во ходник од станбена зграда

Sase Ivanovski

Хамас: Телото на Шири Бибас веројатно по грешка идентификувано и предадено на Израел

Sase Ivanovski

Ниту сум потпишала, ниту има договор за вработувања по етничка припадност – вели министерката за финансии по изјавата на Меџити

Sase Ivanovski

Свиркач од МВР што му давал податоци на Палчо бил избркан од работа

Sase Ivanovski

Во руските напади во Украина денеска убиени се 12 цивили

Sase Ivanovski

Порошенко до Зеленски: Престани да се однесуваш како да си на стадион

Sase Ivanovski

Хезболах подготвува величествен погреб за убиениот лидер

Sase Ivanovski

Полицаец испукал куршум од службениот пиштол, се повредил во раката

Sase Ivanovski

Левица на средба со рускиот амбасадор: Односите меѓу двата братски народа, не смеат да бидат заложници на геополитичките игри на западните центри на моќ

Sase Ivanovski

Кои цени ги намалија маркетите? Основа за пресметка на маржите се изгор цените од 1 февруари

Sase Ivanovski
Вчитувам....