МАКТЕЛ

    

Контраспин: Преку прашања за меѓуетничките односи ДУИ спинува за средбата Мицкоски-Филипче

      

Јавноста не може со сигурност да знае дали на средбата Мицкоски-Филипче што траела нешто повеќе од час и половина било зборувано нешто што не е кажано од актерите, ниту, пак, дознато од медиумите и нивните извори. Но, според сите јавно достапни елементи за оваа средба, речиси сите прашања во соопштението од ДУИ за вчерашната средба се спин, насочен кон влошување на меѓуетничките односи во државата, односно создавање недоверба на овој план. Во соопштение на партијата ДУИ за средбата на Христијан Мицкоски и Венко Филипче во Владата, може да се детекрира спин, пишува Вистиномер: Спин: Како е можно лидерска средба за таканаречен „нов општествен договор“ да се одржи меѓу првопласираната и третопласираната партија на изборите? Дали критериумот за учество во овие преговори е етничката припадност, наместо демократскиот легитимитет? Дали ова значи дека се воведува нова практика на едноетничко моделирање на државата, каде што Албанците и другите заедници се сведени на набљудувачи? Дали „новиот општествен договор“ е продолжение на коалицијата на олигархијата Мицкоски–Заев?Дали оваа иницијатива претставува почеток на пост-Охридско прекројување на уставниот модел на Северна Македонија? Зошто на средбата не беше присутен ниту еден претставник од албанската заедница – ниту од позицијата, ниту од опозицијата – ако навистина се разговара за иднината на државниот поредок? Дали оваа средба е обид за воспоставување на нова политичка хиерархија врз основа на етничка припадност, каде што Албанците се отстранети од суштинските процеси на одлучување?… Извор: Фокус – вест/ДУИ – 04.04.2025]

Контраспин: Опозициската партија ДУИ – која во континуитет претендира дека е единствен заштитник на правата на Албанците во земјава – во партиски комуникациски став со јавноста преку серија прашања за вчерашната средба Мицкоски-Филипче, спинува за идните меѓуетнички односи. Една од поголемите шпекулации во форма на прашање е она дека иницијативата за соработка во однос на носење на клучните законски реформи во евроинтегративните процеси, а што начелно ја договорија Мицкоски и Филипче, претставува почеток на пост-Охридско прекројување на уставниот модел на Северна Македонија“. Спинот е многу опасен за делот од јавноста што не ги следи политичките процеси во земјата на дневна основа. А факт е, дека иницијативата за средба ја поднесе лиерот на СДСМ Венко Филипче во текот на последната недела од март. Еве што изјави Филипче во првото претставување на идејата на 27 март: Следната недела јас ќе повикам на лидерска средба во Собранието, со лидерите на најголемите политички партии, на кои што сакам да го презентирам мојот план што јас мислам дека ние треба и имаме обврска да направиме за државата. Да се направи тоа што суштински треба, вистински реформи во правосудството, да се направи тоа што суштински треба за да се промени здравствениот систем, да почне изградбата на Клиничкиот центар. Да се направат суштински промени во системот на образование, да се дуплираат примањата на наставниците, да се осигураме дека нашите деца ќе имаат добра едукација. Да се направи дефинитивна промена во системот на јавна администрација, гледаме дека и покрај тоа што начелно има превработеност има сегменти каде што работници фалат, рече Филипче.

   

Значи, идејата на Филипче не беше средба на двајца лидери на најголемите македонски партии ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ, туку средба на лидерите на партиите застапени во Собранието. Тој на втори април ги прецизираше и темите и додаде дека ќе побара средба со Мицкоски за да се организира лидерската средба. По ова, Мицкоски рече дека ќе прими Филипче и на полноќ ако требало за да проценел што предлага опозицискиот СДСМ. До средбата дојде многу брзо по оваа изјава, односно вчера (03.04.2025). Значи првиот спин од страна на ДУИ кој парафразирано гласи дека поради етничко прекројување на државата се сретнале лидерите на двете најголеми македонски партии, е целосно извртување на вистината. Ниту се сретнале однапред планирајќи да се сретнат само тие двајца, ниту најавените теми со нешто укажуваат дека ќе се зборува за меѓуетничките односи. Вториот спин дека на средбата на која се разговорало за „нов општествен договор“, всушност, се разговарало за отстранување на Албанците од процесите во општеството, е најлесно видлив доколку се погледне суштината на изјавите и од Мицкоски и од Филипче по средбата. Едноставно побараа вклучување и еден инклузивен процес. Ценам дека како политичар и како човек, како најголеми (партии-н.з.) треба да привлечеме од сите слоеви од општеството и интелектуалци, и невладини, и политички партии кои што можат да помогнат да помогнат во одредени процеси… Јас ценев дека со една ваква средба ќе испратиме порака, дека ние политичарите ја научивме лекцијата и дека кон граѓаните треба да рефлектираме порака на обединување, на единство, посебно околу клучните прашања, стожерните прашања и низ поинаква оптика да ги гледаме работите кога станува збор за таков тип на прашања… вели Мицкоски.

И од страна на СДСМ се појаснува разговорот, иако инклузивноста на другите партии е неспорна сè уште. Имавме добар и конструктивен состанок со премиерот. Јасно е дека до него стигна пораката, барањето на граѓаните за некаква форма на заедничка работа во сфери коишто се битни за подобрување на квалитетот на нашето живеење… Во следниот период ќе номинирам неколку експерти од областа на правосудството и енергетиката, кои ќе се вклучат во изработката на овие законски решенија“. Претседателот на СДСМ истакна дека во иднина очекува и другите политички партии да се приклучат на овој модел на соработка, потенцирајќи дека „мора да испратиме порака на обединување за доброто на државата“ – го цитираат од СДСМ нивниот лидер. Забележливо е дека сега од речникот на СДСМ (а и од ВМРО-ДПМНЕ), веќе не се разговара за лидерска средба во Собранието, но сепак, инклузивноста во процесот на сите партии и други актери во општеството останува и кај двете најголеми македонски партии по нивната лидерска средба. Конечно, ДУИ во своите спинови околу меѓуетничките односи ја премолчуваат првата понуда од Филипче, го премолчеа одговорот на таквата понуда кој од нивна страна го немаше (се фокусираа на парламентарна комисија за Кочани), го премолчеа и генерално негативниот став за таква средба од коалициските партнери во владата, од ВЛЕН и од ЗНАМ. Јавноста не може да знае дали на средбата што траела нешто повеќе од час и половина било зборувано нешто што не е кажано од актерите, ниту, пак, дознато од медиумите и нивните извори. Но, според сите јавно достапни елементи за оваа средба, речиси сите прашања во соопштението од ДУИ за вчерашната средба се спин, насочен кон влошување на меѓуетничките односи во државата, односно создавање недоверба на овој план. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Националните паркови и годинава ќе добијат пари од буџетот, ќе градат пристаништа и инфо центри

Sase Ivanovski

Иран стравува од американски напад, вооружените сили во борбена готовност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МВР ТРАГА ПО СИНОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДОЛНЕНИ – објавената снимка од пукањето предизвика голем револт меѓу граѓаните

Sase Ivanovski

СПАСЕН ЗАЛУТАН ПЛАНИНАР НА ПЛАНИНАТА КОЖУФ – ноќта ја поминал на отворено, но поради влошените услови загубил ориентација

Sase Ivanovski

ДВАЈЦА МОРТУС ПИЈАНИ ВОЗЕЛЕ НИЗ УЛИЦИТЕ НА КАВАДАРЦИ На „дување“ им измериле 3,34 и 2,65 промили алкохол

Sase Ivanovski

(ФОТО) ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО МЕКСИКО СИТИ Голем интерес за електричните машини за урбана хигиена

Sase Ivanovski

1.200 ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ТРАМП СЕ ОДРЖАА НИЗ САД Рацете подалеку од нашата демократија, му порачаа демонстрантите

Sase Ivanovski

Дебар бара правда за Крешник – поставен транспарент во центарот на градот

Sase Ivanovski

(ФОТО) Снег го прекри и Крушево

Sase Ivanovski

Таравари: Нема тенденции да се обединиме со Села, не дискутираме за такво нешто

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исен Шабани му сврте грб на Села и сега е под исти чадор со Таравари за да биде кандидат за втор мандат градоначалник на Врапчиште

Sase Ivanovski

Уапсен маж кој се забарикадира во зградата на парламентот во Отава

Sase Ivanovski

Муцунски: Грчките болници ги примија првите пациенти евакуирани од нашата земја

Sase Ivanovski

Зеленски ги осуди ракетните напади од Русија

Sase Ivanovski

Забрана за тешки товарни возила на Стража поради снег

Sase Ivanovski

ЦУК: Ефикасно и брзо е пронајдено залутаното лице кај Мрежичко на Кожуф

Sase Ivanovski

ЕК утре ќе и претстави на ЕУ список на американски производи со дополнителни царини

Sase Ivanovski

Зеленски: Притисокот врз Русија се уште не е доволен, бројот на напади се зголемува

Sase Ivanovski

Совет од Германија: Колку пари треба да се чуваат на тековната сметка?

Sase Ivanovski

Мицкоски за царините на Трамп: За скоро очекувам добра вест

Sase Ivanovski

Двајца пијани возачи приведени во Штип

Sase Ivanovski

Поради „диви трки“ и преголема бучавост одземени десет возила

Sase Ivanovski

Трга на пат првиот луксузен италијански воз „Долче Вита Ориент Експрес“, билет 3.500 евра

Sase Ivanovski

Пронајден хероин, кривична против три лица од Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поранешната американска кошаркарка Лиз Камбаџ по пензионирањето отворила Onlyfans профил и вели дека првата недела заработила повеќе пари отколку за целата кариера во женската НБА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Анкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Одземени 10 возила поради предизвикување голема бучава и т.н. диви трки во Скопје

Sase Ivanovski

Попов: УМС на ВМРО-ДПМНЕ е со јасна визија за младите, наш приоритет е реализација на многу проекти од суштинско значење за младите луѓе

Sase Ivanovski

Мицкоски со пораки до младите: Нема подобар начин да го изразиме нашиот патриотизам и љубов кон државата и народот од формирање семејство

Sase Ivanovski

Зошто толку многу Американци аплицираат за втор пасош?

Sase Ivanovski

Ле Пен вели дека пример и е американскиот борец за граѓански права Мартин Лутер Кинг

Sase Ivanovski

Побарувачката на возила со нулта емисија гасови се уште е далеку од она што треба да биде

Sase Ivanovski

Големо невреме ги погоди САД: Најмалку 16 загинати, предупредување за торнада и поплави

Sase Ivanovski

Излета „БМВ“ на автопатот Скопје-Тетово, четири лица повредени меѓу кои и малолетник

Sase Ivanovski

Таравари: Ние сме дел од ВЛЕН, ако не најдеме решение сами ќе одиме на избори

Sase Ivanovski

Министерство за здравство: Во моментот во медицинските центри надвор од државата се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана и својот медицински третман го продолжува во друга држава каде лицето има здравствено осигурување.

Sase Ivanovski

Мицкоски од Тетово: Изграден е нов дел од булеварот „Видое Смилевски- Бато“ од Фуштанска до село Порој

Sase Ivanovski

Крилото на Арбен Таравари, соопшти дека донеле резолуција за трагедијата во Кочани и неопходноста од институционална одговорност.

Sase Ivanovski

Канаѓаните предупредија дека американските граничари може да ги пребараат нивните телефони

Sase Ivanovski

Русин преживеа напад од мечка, се преправал дека е мртов и мечката го оставила

Sase Ivanovski

Сообраќајна несреќа кај „Нова Македонија“, има повредени

Sase Ivanovski

Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски за попречување на правдата

Sase Ivanovski

Владата функционира обединето и единствено, мнозинството е стабилно, вели Мицкоски

Sase Ivanovski

„Правда за Крешник“ поставен транспарент во центарот на Дебар

Sase Ivanovski

ОПЕК плус од мај го зголемува производството на нафта, веста го забрза падот на цените на пазарот

Sase Ivanovski

Повеќе од 150 Срби од Косово утринава пеш тргнаа кон Белград за протестот на Вучиќ

Sase Ivanovski

ДУИ: Имплементација на ISO 37001, антикорупциски стандард наречен систем за управување против поткуп

Sase Ivanovski

Двете британски пратенички приведени во Израел се на пат за Лондон

Sase Ivanovski

Мицкоски: Платата на просветните работници со раст од седум отсто

Sase Ivanovski

Крилото на Таравари на Алијанса за Албанците денес одржува собрание на партијата

Sase Ivanovski

Снег падна на Стража

Sase Ivanovski

Шок откритие во близина на Британија: Руски сензори шпионираат од длабочините на морето

Sase Ivanovski

На коцкарите не им е дозволен кредит во банките во Хрватска

Sase Ivanovski

Папата го имаше своето прво појавување во јавноста откако боледуваше од пневмонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Полиција во Германија пронашла три тела, градот блокиран, се бара убиецот

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кочанската полиција поднесе кривична пријава за три лица, при претрес кај нив пронајден хероин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: Обвинителство да оформи предмет против градоначалникот на СДС во Крива Паланка, Митовски, кој свесно ширеше паника за наводно загадената вода

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТО во посета на касарната “Илинден”

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода двајца возачи за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Штип

Sase Ivanovski

Од 60 милијарди до 20 ТРИЛИОНИ долари! Откријте ја неверојатната трансформација на Кина од 1960-тите до денес!

Sase Ivanovski

Од панчевски алтернативен бенд до распродадени големи — како изгледа развојнот пат на еден уметнички проект од идеја до реализација

Sase Ivanovski

Пицерија „Јовески“ Кривогаштани–Најубавата италијанска пица во регионот со хрваватско-германски шмек

Sase Ivanovski

Сите начини на кои BYD го остава Тесла во прашина…

Sase Ivanovski

Ричард Д Волф: „Економската игра е завршена. Кинезите, ако веќе не се побогата економска единица од нас, веројатно ќе бидат за неколку години”

Sase Ivanovski

Богдановиќ: Одадов почит на загинатите пилоти и жители на Куманово. На 06.04.1941 год. во 5:10ч над Куманово се појавија германски фашистички авиони кои го бомбардираа градот

Sase Ivanovski

За 1 седмица втор инцидент со припадници на 6-тата управа, уапсен припадник на обезбедувањето на Мицкоски како продава полициски доверливи информации, а двајцата од обезбедувањето на Силјановска лажеа колега-полицаец

Sase Ivanovski

Потенцијалните тарифи на САД би можеле значително да влијаат на азиските економии, неколку земји, особено во Азија, би можеле да се соочат со значителни економски влијанија од потенцијалните американски царини предложени за 2025 година

Sase Ivanovski

Русија планирала да користи секс играчки за да ја нападне Европа, вклучен бил и оперативец кој е уапсен во БиХ

Sase Ivanovski

Водич за 4 незаборавни денови на Азурниот брег!

Sase Ivanovski

Уапсена Даниела Крете под обвинение за тероризам

Sase Ivanovski

Наместо прослава на денот на Општината, жителите на Улцињ организираа протест поради намерите на владата да ја даде под концесија на 99 години Големата плажа на инвеститор од Арапските Емирати

Sase Ivanovski

Трамп: „Газа е под опсада долги години“, тоа е „место каде умираат многу луѓе“

Sase Ivanovski

Кениецот, Жилберт Киплетинг Чумба победник на овогодинешниот Белградски маратон со време од 2:11:21!

Sase Ivanovski

Православните христијани на 20 април ќе го прослават Велигден

Sase Ivanovski

Марк Кубан предупредува дека тарифниот план на Трамп плус намалувањата на DOGE може да ја доведе земјата во „многу полоша ситуација од 2008 година“

Sase Ivanovski

Аналитичарите едногласно ги осудуваат тарифите на Трамп за денот на ослободувањето: „Полоши од најлош случај“

Sase Ivanovski

Екстрадевственото маслиново масло не може да биде евтино и не е евтино за производство!

Sase Ivanovski

Лери Самерс: „Мазохистичките“ тарифи на Трамп ќе чинат 300.000 долари по четиричлено семејство

Sase Ivanovski

Гејминг центарот при Црвен крст каде заедно со млади од локалното население и волонтерите на Црвен крст се дружат, играат видео игри и развиваат вештини

Sase Ivanovski

ПОСКАПЕА ПИЈАЛАЦИ И РЕСТОРАНИТЕ Растат цените и на ноќевањата

Sase Ivanovski
Вчитувам....