14.3 C
Скопје
20/05/2025 06:04
МАКТЕЛ

     

Контраспин: Сиљановска со нефункционален предлог за надминување на евроинтегративната блокада

      

И покрај разбирливите повикувања на меритократските оценки и исполнувањето на копенхагенските критериуми во меѓународните односи, претседателката Сиљановска-Давкова ја извртува вистината со моменталната состојба на преговарачкиот процес на С. Македонија за членство во ЕУ. Преговарачката рамка за членство на С. Македонија во ЕУ приоритетно подразбира уставни измени, па потоа започнување на процесот со отворањето на поглавјата од преговорите, а не креативно толкување на условите од Преговарачката рамка Пишува: Стојан Синадинов Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 14.05.2025 ја прими Карен Пирс, специјална пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Сиљановска-Давкова ја оцени посетата на Пирс како јасна заинтересираност и посветеност на Западен Балкан на Обединетото Кралство, и во оваа прилика посочи дека оценувањето на напредокот на земјите-кандидатки за членство во ЕУ „треба да биде меритократско, со фокус на исполнувањето на копенхагенските критериуми“, укажувајќи на „деструктивноста на билатерализацијата на преговарачкиот процес под закана со вето“.

Како што наведува кабинетот на Претседателката во соопштението од средбата, таа „ја информираше специјалната пратеничка Пирс за заситеноста и заморот на македонските граѓани од бројните преседани, блокади и двојни стандарди. За неа, спротивно на европските темелни вредности и принципи е негирањето на националниот и културниот идентитет, како и непочитувањето на дигнитетот и интегритетот на македонските граѓани“. На средбата со специјалната пратеничка Пирс, претседателката Сиљановска-Давкова изрече спин во врска со можностите околу надминување на блокадата на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, кој е истакнат и во насловот од соопштението на нејзиниот кабинет: Спин: Можно надминување на блокадата, претседателката гледа во креативно толкување на Преговарачката рамка и надлежноста на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања. [Извор: Кабинет на претседателка на РСМ Сиљановска-Давкова на средбата со Карен Пирс: Потребни се креативни решенија и гаранции за македонската евроинтеграција  – Датум: 14.05.2025]

   

Контраспин: И покрај разбирливите повикувања на меритократските оценки и исполнувањето на копенхагенските критериуми во меѓународните односи, претседателката Сиљановска-Давкова ја извртува вистината со моменталната состојба на преговарачкиот процес на С. Македонија за членство во ЕУ. Преговарачката рамка за членство на С. Македонија во ЕУ приоритетно подразбира уставни измени, па потоа започнување на процесот со отворањето на поглавјата од преговорите, а не креативно толкување на условите од Преговарачката рамка. Во разговорите со искусната дипломатка Пирс, која извршувала низа значајни функции во британската дипломатија, Сиљановска-Давкова сосем во склад и со нејзината предизборна програма делува како „активен лобист, пред сè, во земјите членки на Европската Унија за отворање на патот за Македонија кон ЕУ“ (стр. 15 од Платформата „Македонија повторно горда“), иако Обединетото Кралство веќе шест години не е членка на ЕУ.

Откако на македонските власти им стана јасно дека не може да се менува Преговарачката рамка, дека не може да има уставни измени со одложено дејство, дека Македонија преговара со ЕУ а не со Бугарија сега претседателката Гордана Сиљановска-Давкова мисли дека со креативно толкување на рамката може да се најде излез од ќор-сокакотпорталот „Независен“ направи прецизен кроки-портрет на досегашните неуспешни обиди на претседателката и актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги „протнат“ нереалните предизборни ставови во сложен меѓународен процес каков што е преговарачкиот за членство во ЕУ. Тоа беше потврдено веќе следниот ден (15.05.2025) по изјавата на Сиљановска-Давкова со посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Тој во Скопје по којзнае кој пат ги потенцира задачите што С. Македонија мора да ги заврши пред да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Јасно е, тоа што е договорено е договорено, ние немаме што повеќе да се договараме. Сега треба да го испорачаме тоа што се договоривме. Нема повеќе простор да се бара нешто друго за договарањеизјави Кошта за тоа дали може Македонија да добие гаранции за да ги спроведе уставните измени.

Кошта го повтори ставот дека сега е време за следниот чекор – спроведувањето на уставните измени, а притоа Македонија може да смета на него и на Европската Унија за да се продолжи напред во процесот. Претседателката Сиљановска-Давкова уште минатата година, како кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ на изборите за оваа функција, самата ги демантираше нејзините и ставовите на партијата за наводна „бугаризација“, кои ги пласираа претходните две години. Во интервју за ТВ 24 Сиљановска-Давкова е децидна дека историските прашања не се споменуваат во ниту еден европски документ, особено како услов за натамошниот прогрес на земјава во преговарачкиот процес за приклучување кон ЕУ. Драган Тилев, доскорешен државен советник за европски политики кој работниот век го посветил на македонските евроинтеграции, во интервју за „Дојче веле“ од 01.03.2025, вели дека „мора да разбереме дека за ЕУ, каква што е денес и последниве децении, процесот на проширување е прифатлив само доколку цената која треба да се плати е соодветна на мирот и безбедноста кој со проширувањето би се постигнал. Така беше во 1989, така беше во 2004-2007 и 2013, таква е логиката и денес“. Тилев во интервјуто потенцира дека Преговарачката рамка е усвоена од сите 27 земји членки на ЕУ, и може да се менува само по истиот пат по кој е и донесена, со согласност на сите 27 земји членки, вклучително и Бугарија.

Мојот совет до моите претпоставени до последниот ден од мојата професионална кариера беше едноставен: да се фокусираме на содржината на Патоказот за владеење на правото и Акцискиот план за заштита на правата на поединци, припадници на малцинствата или заедниците, преку кои може да се обидеме да ги обезбедиме гаранциите кои ги очекуваме поврзани со нашите идентитетски корени. Гаранции во однос на сите други елементи од преговорите поврзани со европското право и европските стандарди се нереални и верувам, невозможнивели Тилев. Ескпертот Тилев и во друга прилика посочи дека закочениот евроинтегративен процес може да се придвижи само со тешки одлуки кои мора да се донесат: Некои експерти настојуваат да го наметнат ставот дека е можна промена на содржината или на условите дефинирани во Преговарачката рамка и „подобар или поповолен договор за нас“, но лично сметам дека единствен подобар или поповолен договор за нас е отворање на кластерот Фундаменти или темели најдоцна до декември 2023 година. Одлуките кои треба да нè придвижат нанапред во процесот во тој тесен временски простор мора да се донесат, колку тие и да се тешки. До сега, од искуствата во процесот на проширување, не е забележано дека некоја едногласно одобрена Преговарачка рамка е променетапишува Тилев пред две години.

Пред три години, со поставување на тн. „француски предлог“ како услов за продолжување на преговорите за членство на С. Македонија во ЕУ, „единствено што доби Бугарија  е вклучување на Бугарите во Уставот на земјата пред почетокот на преговорите по кластери, а не како што сакаше Скопје пред завршувањето на преговарачкиот процес за членство“, оцени бугарскиот портал „Факти.бг“ во коментар посветен на стартот на преговорите на земјава со ЕУ, пренесен од МИА. Еврокомесарката за проширување Марта Кос минатиот месец уште еднаш истакна дека Европската комисија (ЕК) работи на тоа да ѝ помогне на земјава да ги започне преговорите по кластери, лично ангажирајќи се околу билатералното прашање со Бугарија и наоѓање решение за деблокада на пристапниот процес. Затоа ние порачуваме, ве молиме направете ги реформите и бидете подготвени да го отвориме првиот кластеррече еврокомесарката за проширување. Оттаму, јасно е дека во процесот на започнување преговори за членство во ЕУ нема простор за креативни толкувања на Преговарачката рамка како можност за надминување на блокадата на евроинтегративниот процес на С. Македонија. Односно, таквите креативни толкувања што ги заговара претседателката Сиљановска-Давкова, без да наведе конкретно што би содржеле, можат да се протолкуваат само како спин, т.е. извртување на вистината. Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Мајка на починато дете од Кочани за тајните средби со Мицкоски: Некрофилски ни забивте нож во грб и глодарски ни ги распарчувате скршените души

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен: Трамп ги информираше лидерите на ЕУ и Зеленски за разговорот со Путин

Sase Ivanovski

Ушаков: САД и Русија планираат да разменат по девет затвореници

Sase Ivanovski

Јакимовски со критики кон ВМРО-ДПМНЕ: Никој со сила не ги тераше да лажат дека ќе ја сменат преговарачката рамка

Sase Ivanovski

Три недели откако пропадна патот во Галичник, нема абер дека некој ќе го поправи

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Авион на „Луфтханза“ летал без пилот 10 минути: Копилотот се онесвестил додека бил сам во кабината

Sase Ivanovski

Западен Балкан во ќорсокак: Заматената европска перспектива го храни национализмот

Sase Ivanovski

Фетаи: АА е сè уште во власта – од 50 функционери, само тројца поднесоа оставка

Sase Ivanovski

Првиот инвестициски циклус од британскиот заем ќе изнесува 2,2 милијарди евра, вели Димитриеска-Кочоска

Sase Ivanovski

Како ќе се одредат британските фирми што ќе ги градат брзата пруга за Солун и болниците во Штип и Кичево?

Sase Ivanovski

УЈП почна со исплата: Граѓаните заработиле скоро 13 милиони евра од скенирање

Sase Ivanovski

Mакедонската економија годинава ќе порасне за 3 отсто, предвидува Европската комисија

Sase Ivanovski

Анализа на „Скај њуз“: Путин го надмудри и понижи Трамп

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Градиме уште еден мега парк и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца!

Sase Ivanovski

Трипуновски: Во изминативе 10 месеци исплативме околу 8 милијарди денари по основ на заостанати и тековни исплати на субвенции

Sase Ivanovski

Апел за помош – Кате да добие шанса за достоинствен живот

Sase Ivanovski

Меѓународна научна конференција по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

 Санте Плус Групацијата и Меѓународниот балкански универзитет потпишаа Меморандум за соработка, со значење за студентите, но и за Република С. Македонија

Sase Ivanovski

Град Скопје: Продолжува реконструкцијата на улицата Волково

Sase Ivanovski

СДСМ: Мачно е да се гледа како Лефков ја брани расцветаната корупција на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Повратот на ДДВ кон етаблираните компании оди без застој, се проверуваат компаниите за кои добиваме аларм од воспоставениот систем  

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Фискалнaта консолидација останува приоритет – првпат намален јавниот долг во првиот квартал од годината

Sase Ivanovski

Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите во пасошите, ќе има фотографирање

Sase Ivanovski

Мицковски јавно го обвинува за велепредавство а дали ќе одговара вели тоа е работа на обвинителството

Sase Ivanovski

Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар

Sase Ivanovski

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени смe на работа на мемордандум со Украина, вклучувајќи и примирје

Sase Ivanovski

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

Sase Ivanovski

ЕУ и задава нов удар на Русија, земјите од Г7 играат клучна улога

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?

Sase Ivanovski

ПОЧИНАТИОТ ОД АЛЕРГИЈА, НЕ ПОЧИНАЛ ОД АЛЕРГИЈА: Причина за смртта била некроза на срцев мускул

Sase Ivanovski

Ивица Челиковиќ: ЕУ и мигрантите одат рака под рака

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: За Мухика и апологетите на скромноста

Sase Ivanovski

Бранко Героски: Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУПИЛА 6 КУЌИ ПО ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА, А СЕГА ОТКРИВА ДАЛИ ВРЕДЕЛО Американка сподели колку ја чинеше реновирањето

Sase Ivanovski

ОВАА ЗЕМЈА СТАНА НОВИОТ ЕЛДОРАДО Огромни резерви на злато, сребро и бакар пронајдени по 30 години

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Муцунски во дипломатска офанзива во Германија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митко Муриќ му гостува на Владимир Станковиќ во 180-та епизода од подкастот Бизнис Приказни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинески ловец J-10C: Одвојување на митот од реалноста

Sase Ivanovski

Кумановецот Ведат Адеми не починал од алергија на аналгин, вели извештајот од обдукцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Граѓаните и активистите во одбрана на дрвјата во Градски парк: Се „спасија“ дел од 113-те обележени за сечење

Sase Ivanovski

Управен го „зашемети“ Уставен – Се одложува подготвителната седница за Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во „Пулс“ да се јават во кочанската болница

Sase Ivanovski

Оставка поднесе заменик-министерот за земјоделие Беџети, оди во опозиција со Таравари

Sase Ivanovski

Со палка претепан член на партијата на Вучиќ

Sase Ivanovski

Трамп прво разговараше со Зеленски, а не со Путин

Sase Ivanovski

До крај на 2025 година четири украински региони под Русија со премолчена помош од Европа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка поради овозможување на бесправно поставување на урбана опрема

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ БАСТИОН РИЕКА По локалните избори, Хрватска останува „доминантно сина“

Sase Ivanovski

ОД ВИШОК СТРУЈА ОСТАНАВМЕ БЕЗ СТРУЈА Енергијата од сонце ќе ги изгори инвестициите ако не се обезбеди пренос или чување

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЧАИР НЕМА ДОГОВОР СО ДРИСЛА Комунална хигиена го прашува Ганиу каде го фрла ѓубрето

Sase Ivanovski

СУДСКИОТ СОВЕТ, СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ СУД СОЗДАДОА ПРАВЕН ПРЕСЕДАН Уставниот суд очекува правни импликации по поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ СО НОВ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ Украина го забрзува патот кон траен мир со Русија

Sase Ivanovski

СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Пациентите влегуваат во нова фаза на рехабилитација

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со зеленило, реквизити и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ивановски: Планираме да се вратиме на железничката мапа

Sase Ivanovski

Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

Sase Ivanovski

Муртезани: Нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Левит: Претседателот Трамп и натаму е отворен за средба со Путин, но да се почека денешниот телефонски разговор

Sase Ivanovski

Ванс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна

Sase Ivanovski

На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимани од Македонија

Sase Ivanovski

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата: Филипче за заемот од Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Тројца кандидати за гувернер: Сиљановска Давкова се мисли помеѓу Ангеловска-Бежовска, Ставревски и Славески

Sase Ivanovski

Починат маж најден во стан во Велес

Sase Ivanovski

Фетаи и Алиу на средба во амбасадата на САД во Скопје откако го напуштија Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГО ПОЗДРАВУВАМЕ ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО БРИТАНИЈА, ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ КОГА ЌЕ ИМА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕ

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Аеродром – се судрија моторцикл и автомобил

Sase Ivanovski

Моторските одреди на Русија можеби се самоубиствени, но и нанесуваат штета на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОТКРИВА: Дали и како урбаната мафија му врши притисок?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Гневот кај граѓаните кон власта ќе се излее на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди, а Владата крие детали

Sase Ivanovski

Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

Sase Ivanovski

Естонија соопшти дека Русија задржала танкер во Балтичкото Море

Sase Ivanovski

Убиството на колумбискиот модел, само неколку дена откако мексикански инфлуенсер беше застрелан на пренос во живо, предизвика осуда на фемицидот

Sase Ivanovski
Вчитувам....