Иницијалната замисла да се прославува Свети Сава како духовен патрон на српската заедница во Северна Македонија и да се чествуваат мирот и разбирањето, се претвори во „увоз“ на штетните антизападни и проруски наративи (како во случајот со ставовите на Додик) и непримерното глорификување на Вучиќ во ставовите на Стоилковиќ пишува Вистиномер во написот кој го пренесуваме во целост. На прославата на Свети Сава, националниот празник на српската заедница во С. Македонија, која се одржа со Светосавска академија во Македонскиот народен театар во Скопје, меѓу присутните беа премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Андрија Мандиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, Патријархот на Српската православна црква Порфириј, Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан, српскиот министер за култура Никола Селаковиќ… Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и претседателот на Република Српска Милорад Додик предизвикаа посебно внимание поради ставовите во нивните обраќања. Спин: Господине Гашиќ, дозволете ми во името на Србите во Македонија да пренесам целосна и толку огромна поддршка до претседателот Вучиќ, да продолжи да носи мир и стабилност во регионот, а на некој начин мирот и стабилноста на Србија е предуслов за економскиот развој на Србија, а како таков економски развој, тој е погоден и за сите земји во регионот и таа политика мора да продолжи и понатаму, рече вицепремиерот Стоилковиќ.
Најново
Мобилниот телефон на Васил Јованов во притвор му е одземен, ќе следува истрага за затворската полиција за санкционирање на тој што му го овозможил
Прометот на маркетите паднал на половина за време на бојкотот, премиерот Мицкоски вели се прават анализи
(ВИДЕО) Илјадници студенти и граѓани ги блокираа мостoвите во Нови Сад, Мостот на слободата ќе биде блокиран 24 часа
МЛАДИТЕ БРАЧНИ ДВОЈКИ НЕ МОЖАТ ДА СИ КУПАТ СТАН Николовски најави дека се работи на нормализирање на цената за квадратен метар
Родителите на најголемиот крипто-измамник бараат помилување од Трамп: Ќе се ослободи ли Сем Банкмен Фрид?
Тинекс предложи добавувачите да ги вратат цените од пред Нова година – Нема да прифаќаме изменети ценовници
Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“ промовираа авторска песна и спот: „Сувенир из Сарајева“ и врвна „копче-дугме“ забава како сувенир за душата за македонската публика
(ВИДЕО) Ќе скокне ли повторно цената на зејтинот? Берзанската цена е многу повисока од онаа во маркетите – Румен Смилевски во Стадион
Вчитувам....