16.8 C
Скопје
04/06/2025 00:04
МАКТЕЛ

   

Контраспин: Таравари до вчера беседеше дека Мицкоски со право бара гаранции за во ЕУ

      

Од обвинувања кон другите партнери за кукларство, на крај се чини дека всушност тој е кукларот кој ги влече конците и управува со своите политички партнери кои му дале доверба, пишува Вистиномер во контраспинот кој го пренесуваме во целост
Арбен Таравари може да оддава впечаток на сериозен прагматичен политичар. Но, кога со прагматизмот во политиката ќе се претера, како во неговиот случај, тогаш јавноста може брзо да стекне впечаток дека моралната вертикала што ја продавал била само фатаморгана, односно меур од сапуница. А, од обвинувања кон другите партнери за кукларство, на крај се чини дека всушност тој е кукларот кој ги влече конците и управува со своите политички партнери кои му дале доверба, пишува Вистиномер во контраспинот кој го пренесуваме во целост.

Арбен Таравари, лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство изјави дека ја напушта власта зашто не биле задоволни од односот на Владата и ВЛЕН кон положбата на Албанците во државата и од позицијата на државата кон евроинтеграциите. Она што го кажа синоќа по одлуката на партиските органи зошто си одат, всушност подецидно го појасни во неделата (09.05.), говорејќи на неформално предизборно претставување во Врапчиште. Во дел од тие изјави може да се регистрира спин:

   

Спин: Побаравме поддршка минатата година за да донесеме промени, но оваа промена што ја имаме не е промената што ја чекаа Албанците и тоа е непобитен факт. Владата некако се изгуби на патот кон ЕУ. Гледајте ја ситуацијата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани…Кога сите трчаат да влезат во Влада, ние сме навикнати да излегуваме од Владата…Сакаме да избегнеме да бидеме марионети кога сме во влада. Ова не можеме да го дозволиме…, бидејќи не сакам активистите да мислат дека сме сместени таму за да не мислиме на Албанците. Не можеме да ги вработиме, не можеме да им ја завршиме работата, затоа е подобро да се вратиме кај народот, рече меѓу другото претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.

Контраспин: Министерот за здравство (2017 и 2024-2025), Арбен Таравари, ќе биде запаметен како единствениот лидер на некоја од партиите на Албанците во Македонија кој врз основа на спинови прави влези-излези кога сака од централна власт и тоа со две дијаметрално спротивставени коалициски влади, на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа во таа смисла го прави да изгледа исклучително прагматичен политичар. Секако тоа е негово право и негов избор, но притоа во комуникациските ставови со јавноста ја извртува вистината, т.е. спинува за причините, а во конкретниот случај со евроинтеграциите и со позицијата на коалициската влада на ВМРО-ДПМНЕ – ВЛЕН и ЗНАМ кон Албанците.

Таравари: Мицкоски е суперзападно ориентиран! Таравари, кој беше и претседателски кандидат на ВЛЕН на изборите во 2024 г., до пред крајот на минатата, па и на почетокот на оваа година имаше цврсти ставови во поглед на владината политика за евроинтеграциите, наведувајќи дека С. Македонија има право да бара гаранции, во смисла дека кога процесот кога ќе започне со промена на Уставот, тој и ќе заврши без барање на нови отстапки од страна на Бугарија или некој друг од соседите. Зборувајќи во интервју на „Вин-Вин“ на ТВ Телма, во истиот ден кога во Скопје присуствуваше претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лаен (24.10.2024 г.), на прашањето на новинарката за ЕУ интеграциите и за тоа што претпоставува дека била позицијата на премиерот Христијан Мицкоски во разговорите со неа, Таравари одговори:

…„Многу легитимно и од премиерот, ни треба некаква гаранција – нели, ни даваат гаранции од 2018 година од Преспанскиот договор, па се случи 2019 година…Гаранција да ги започнеме и да ги завршиме преговорите. Јас мислам дека топ приоритет на оваа влада и на државата генерално е Македонија да се качи на возот за ЕУ, да не остане во двојката во која што се Косово и БиХ и да биде третата држава од таа група… Мислам дека по сѐ што се случуваше Македонија заслужува некаква потврда од Брисел и Вашингтон дека нема да се побара нешто екстра од Македонија. После 2018 година заслужуваме да имаме некаква стопроцентна увереност во Владата… Сигурен сум дека премиерот Мицкоски е прозападно ориентиран и тој прави доста напори Македонија за да не остане во таа група со Босна и Косово… мислам дека е суперзападно ориентиран…(Види ТУКА по 14 мин.). По ова следува дел каде што Таравари прави проценка дека по изборите во Бугарија и САД, С. Македонија ќе започне со уставните измени уште во декември, бидејќи ќе се најде некакво решение на релација Брисел-Софија-Вашингтон.

Таравари: Доколку си отидеме само ДУИ ќе печали
Во декември пак, Таравари уште еднаш се осврнува на ова прашање, директно одговарајќи што станало со предизборното ветување на ВЛЕН дека коалициската влада на ВМРО-ДПМНЕ во рок од 6 месеци ќе ги започне уставните измени или ќе излезе од Владата. Божем давајќи му рок на ВМРО-ДПМНЕ до јануари 2025 г. да ги отпочне уставните измени, Таравари, де факто, повторно ги брани позициите дека без гаранции ЕУ интеграциите ќе останат закочени, а дека ќар ќе има само ДУИ:

Си дадовме услов до јануари 2025 година да се направат уставните измени. Гледам дека еден од политичките аналитичари вели: „Рековте ли дека ќе ја условувате Владата ако не се направат уставните измени да излезете од Влада?“. Еве, хипотетички ви велам, Алијансата не е во Владата? Еве, ВЛЕН не е во Влада? Можеме ли ние Албанците сами да ги направиме уставните измени? Еве господинот Ахмети вели напуштете ја Владата и ВЛЕН решава да го послуша и ја напушта Владата. Но, што правиме? Каков е резултатот од тоа? Знаеме, но и премиерот во Собранието рече дека има постојан притисок. Господине, кажете ни што ќе се случи ако излеземе од Владата? Дали имате план? Велите дека не влегувате во Влада, ВМРО и ЗНАМ се, но без Албанците не може да има Влада. Практично може да има затоа што имаат над 60 пратеници со ЗНАМ. Но, колку ова ќе биде функционално? Господинот Ахмети не е јасен. Ајде да седнеме со ВЛЕН и да му кажеме дека тоа е планот. Така излегувате, ние влегуваме, не влегуваме… Постојано ДУИ носат луѓе да лобираат да влезат во Владата, ова изгледа парадоксално, рече Таравари и додаде „дека ДУИ на средбите со граѓаните покажува дека нема план“. (извор: ТУКА).

Истото Таравари го беседеше и во февруари 2025 година. Во интервју за РСЕ, кое беше предмет и на рецензија на Вистиномер, Таравари изјави: Колку што гледам, премиерот е подготвен, меѓутоа бара некаква гаранција. Дали тоа ќе биде од Софија, Брисел или Вашингтон, тоа е ирелевантно, но и дека ова е последно условување за Македонија. Дека е претерано условувањето кон Македонија и за ЕУ и за НАТО, тоа е непобитен факт. Ставовите на премиерот Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ во меѓувреме не се промениле од предизборниот период, одговорот од Брисел и од Софија, исто така не е сменет, Вашингтон делува преокупирано со други проблеми, но Таравари сега веќе нема разбирање за гаранциите и за него евроинтеграциите стануваат еден од клучните проблеми поради кои треба да се напушти Владата. И ВЛЕН.

Спин е и ставот на Таравари за балансерот како проблем. Говорејќи во истото интервју на Вин-Вин откако беше донесена одлуката на Уставниот суд за укинување на балансерот како алатка, Таравари остро распали по ДУИ дека и таа гласала во стратегијата за реформи на администрацијата да се укине алатката, а освен тоа наведе и бројки дека алатката не покажала многу ефикасност, бидејќи пред нејзиното воведување во 2015 година биле вработени 7 отсто Албанци во јавниот сектор, а по воведувањето до 2024 г. само 1,5 проценти. Таравари тогаш се заложи дека треба да се најде сеопфатно законско решение во кое ќе бидат решени и други диспаритети при вработувањето во јавниот сектор, кои ќе се надминат со соодветна родова политика, итн: Tреба да изнајдеме решение коешто е прифатливо со што пошироко консензус. (од 20-40 мин.види ТУКА)

Истото го изјави и десетина дена претходно: Подготвуваме нов закон, кој се надевам дека идната недела ќе биде на јавна дебата. Ќе бидеме во координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека ‘балансерот’ не функционираше како што треба Сега Таравари вели: Ако не можеме да ги вработуваме Албанците зошто сме во Влада? Истиот однос лидерот на АА го имаше и при актуелизацијата од страна на ДУИ дека Албанците смислено се маргинализираат во државата од страна на Владата, потсетувајќи на предизборни и постизборни изјави на функционери на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ. Сите такви тврдења ги отфрлаше, а сега тоа за него е актуелен проблем, a Таравари и неговите сопартијци не сакале да бидат марионети, т.е. кукли додека конците ги влечел некој друг. Арбен Таравари може да оддава впечаток на сериозен прагматичен политичар. Кога Зоран Заев стапи во коалиција со Зијадин Села, а Таравари беше именуван за министер, тој го напушти здравство по само два месеца, а проблемите во неговиот роден град Гостивар ги оцени како посуштински важни од проблемите во здравството во државата. Всушност, по негирањето во август 2017 г., во септември Таравари дури изјави и дека сакал да си се провери во базата! Овој пат, од позиција лидер на АА влегувајќи преку ВЛЕН во коалиција со Мицкоски, екимот Таравари „дури“ по десет месеци го напушта здравството. Од прагматични потреби. За него и неговата партија, тој повторно во прв план ги става проблемите во Гостивар и уште неколку други општини меѓу кои и Сарај. Прагматично. Но, кога со прагматизмот во политиката ќе се претера, како во неговиот случај, тогаш јавноста може брзо да стекне впечаток дека моралната вертикала што ја продавал била само фатаморгана, односно меур од сапуница. А од обвинувања кон другите партнери за кукларство, на крај се чини дека всушност тој е кукларот кој ги влече конците и управува со своите политички партнери кои му дале доверба. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Деветгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено, го прегазил возач од Чегране

Sase Ivanovski

Жена од Илинден, некој од Радуша и маж од Стајковци се тепале во Гази Баба

Sase Ivanovski

Критиките за Славески се неосновани – избран е поради стручноста, уверува Сиљановска Давкова

Sase Ivanovski

Божиновска: Соларни покриви, стабилни сметки

Sase Ivanovski

Гази Баба: Градоначалникот одведе шестоодделенци да гледаат вежба на полициски кучиња

Sase Ivanovski

Тинејџери нападнале и снимале малолетничка во круг на скопско училиште – заработија кривични

Sase Ivanovski

СДСМ: Очигледно Мицкоски живее во паралелен свет, целосно отсечен од реалноста во која луѓето во Македонија едвај врзуваат крај со крај, се борат со поскапувања, мизерни плати, празни паричници и празни фрижидери

Sase Ivanovski

Одземање на пасошот и мерки на претпазливост бара ОЈО од лице осомничено дека ја гради шесткатната зграда во Чаир на диво

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова рече дека Трајко Славески не бил нејзин избор за гувернер на Народна банка

Sase Ivanovski

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИРЛ: Фирма на Вице Заев за време на енергетската криза во 2023-та инкасирала 9 милиони евра за набавка на јаглен во РЕК Битола

Sase Ivanovski

ДУИ ГРАДИ НЕЛЕГАЛНО 20 ГОДИНИ, ЕДНА СЕДНИЦА НЕ МЕНУВА НИШТО Кирков ја замоли Данела да не прави театар

Sase Ivanovski

ТУРЦИЈА ОТВОРА 27 ИСТОРИСКИ МЕСТА ЗА НОЌНИ ПОСЕТИ Проектот „Ноќни музеи“ им овозможува на туристите да истражуваат повеќе

Sase Ivanovski

МЕЧКА НАПАДНА ЖЕНА Жртвата се бори за живот, а Словенија даде дозвола за отстрел на 200 мечки за спас од наездата на кафеави мечки

Sase Ivanovski

Сериски крадец „здиплил“ лаптопи од канцеларијата на градоначалникот на Гази Баба

Sase Ivanovski

ЗДРАВЈЕ НА ЧИНИЈА „MIND диетата“ може да го намали ризикот од деменција и до 25 отсто

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ Е СВЕТСКИ ПОЗНАТ ЕКСПЕРТ КОЈ ЗАД СЕБЕ НЕМА АФЕРИ Сиљановска Давкова ги отфрли критиките за гувернерот

Sase Ivanovski

ПО 10.000 ЕВРА ЗА МЛАДИТЕ КОИ ЌЕ ОТВОРАТ СТАРТАП Владата најави поддршка за сите кои ќе сакаат да се вработат

Sase Ivanovski

НАЈСТРОГО ЧУВАНАТА ТАЈНА ЗА МАШКАТА СЕКСУАЛНОСТ НА ВОЗРАСТ 60+ Мастурбацијата – табу или лек?

Sase Ivanovski

РЕНТАЛ ПРОСТИТУТКИ, ИМА БОГАТО ХУЛИГАНСКО МИНАТО Кој е новиот претседател на Полска?

Sase Ivanovski

МОЖЕТЕ ЛИ ДА ИЗДРЖИТЕ ЕДЕН ДЕН БЕЗ МОБИЛЕН? Како дигиталната детоксикација ги менува мозокот, телото и расположението

Sase Ivanovski

ГЛАД ЗА ДОПИР Дали на момчињата навистина не им требаат прегратки?

Sase Ivanovski

СЀ ШТО ТРЕБА ДА СЕ РАЗНЕСЕ, ЌЕ СЕ РАЗНЕСЕ, А ОНИЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИСТРЕБАТ – ЌЕ ИСЧЕЗНАТ Целта на Русија е целосна победа, посочи Медведев

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е НА ЧЕТВРТО МЕСТО ВО ЕВРОПА СПОРЕД РАСТОТ НА БДП ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Пред нас се само Ирска, Данска и Полска

Sase Ivanovski

(Видео) Поплавен пазар во Битола: „Одличен пример за скандинавско езеро“

Sase Ivanovski

МНР ќе троши 4.3 милиони денари за ресторански и хотелски услуги во земјава

Sase Ivanovski

УКИМ испадна од листата најдобри 2.000 универзитети во светот

Sase Ivanovski

За Бугарија извештајот на ЕП за Македонија бил необјективен. Бара истрага

Sase Ivanovski

Пијан возач во Пробиштип со автомобилот удрил во дрво

Sase Ivanovski

Албанија наскоро би можела да ја престигне Хрватска и да има дури 30 милиони туристи

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Руски цивили фрлаат камења кон украински дронови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СО ЕДЕН ТОН ЕКСПЛОЗИВ ДЕТОНИРАН КРИМСКИОТ МОСТ Се појавија снимки од уништувањето

Sase Ivanovski

СДСМ: Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Андоновски: Во соработка со МВР работиме на дигиталниот паричник за сите граѓани

Sase Ivanovski

Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Опструкциите на владата ја кочат работата на Општина Карпош, во школо со 25 деца со пречки во развојот немаме дефектолог затоа што владата не дозволува вработување

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Од две градинки во Карпош правиме една, бидејќи нема персонал, владата не дозволува нови вработувања, се пожали Јакимовски

Sase Ivanovski

Левица: Соработничка на Меџити добива државни пари од три институции

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената реалност

Sase Ivanovski

На 12 јуни ќе се бира новиот министер за здравство, порача премиерот

Sase Ivanovski

Филипче: Го слушам премиерот Мицкоски како ја цитира Библијата, ако продолжи вака ни Господ нема да му помогне

Sase Ivanovski

Прегазено е деветгодишно девојче во Гостивар

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Затоа што по јавна наредба ботовите на Висар Вики Ганиу се пуштени на најјако да полемизираат на тема Водовод, не дека им мисли главата туку дека крими шефот така им рекол, да појаснам за јавноста

Sase Ivanovski

Огњен Лазиќ ја презема функцијата генерален директор на Пивара Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костовски: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова, инспекторка за економски криминал?

Sase Ivanovski

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“: Ова е вистината за нашата ќерка, а обвинителството конечно да излезе на прес и да ги каже деталите од истрагата!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЕРОВСКИ: И да има бегалски кампови, тие ќе бидат привремени, кој сака да остане во земјава?!

Sase Ivanovski

ОЈО утврди дека објектот во Чаир е дивоградба, отворена постапка против инвеститорот

Sase Ivanovski

Ова што се случува меѓу градоначалниците е предизборен циркус, вели Тошковски

Sase Ivanovski

Битката околу дивоградбите се префрла во градскиот Совет: Денеска две вонредни седници, една побара СДСМ, друга ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Тошковски: Судот му го вратил пасошот на Јахоски за да патува, МВР постапува по нивните одлуки

Sase Ivanovski

Маж од Прилепско истепан од својот колега во фабрика во Жабени

Sase Ivanovski

Приведен скопјанецот кој ѝ се заканувал на Арсовска, полицијата го расчистува случајот

Sase Ivanovski

Приведен кавадарчанец кој си ја натепал сопругата

Sase Ivanovski

Најновата бугарска резолуција за Сиљановска-Давкова е навредлива: Во некоја друга држава би следувала иста таква декларација

Sase Ivanovski

Гази Баба со 3.000 денари за секое прваче

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Опожарена депонија близу Арачиново

Sase Ivanovski

Над 500 пешаци биле казнети во мај поради непочитување на сообраќајните правила

Sase Ivanovski

Двајцата заболени со мајмунски сипаници се под здравствен надзор, изолирани дома – нивните контакти досега не пројавиле симптоми

Sase Ivanovski

Приведен скопјанец за издржување казна затвор од 11 години

Sase Ivanovski

Јакимовски размислува за уште еден мандат, не сака Карпош да го остави на кого било

Sase Ivanovski

ДУИ ќе настапи со отворени листи на следните парламентарни избори

Sase Ivanovski

Арсовска до Мицкоски: И покрај заканите јас не се повлекувам, за сè имам докази

Sase Ivanovski

Марта Кос се нуди како олеснувач во разговорите меѓу Бугарија и Македонија

Sase Ivanovski

Договорот со Обединетото Кралство е извонреден, смета Сиљановска-Давкова

Sase Ivanovski

По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка

Sase Ivanovski

Тошковски: Прашање е како е донесена одлука да му се врати патната исправа на Јахоски, а не зошто МВР постапило согласно судска одлука

Sase Ivanovski

Се забрануваат протести пред Собрание, Африм Гаши бара прогласување безбедносна зона околу зградата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЧ НЕ Е ПАМЕТНО ДА ПЛАНИНАРИШ НА АКТИВЕН ВУЛКАН, ВАКА БЕГАА ВЧЕРА НА ЕТНА

Sase Ivanovski

Грчките електро компании го најавија бранот летни поскапувања на струјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пет полицајци убиени во заседа на наркобандите во Мексико

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Активисти украдоа восочна фигура од Макрон и ја поставија пред руската амбасада во Париз

Sase Ivanovski

АЕК ја чека одлуката за натпреварот со Алкалоид со многу проблеми: Навивачите бесни по поразот од Олимпијакос

Sase Ivanovski

Напаѓачот од Колорадо цела година го планирал нападот врз Евреите: Би го направил тоа повторно

Sase Ivanovski

14-годишен Палестинец убиен од израелски оган на Западниот Брег

Sase Ivanovski

Најмалку петмина загинати во руските напади во Донецк и Харков

Sase Ivanovski

Израелските сили пукале врз Палестинците на 500 метри од дистрибутивниот центар во Рафа

Sase Ivanovski

Орбан: Руско-украинската војна добива загрижувачки нов пресврт, се продлабочува

Sase Ivanovski

Пратеници од Левица се сретнаа со францускиот амбасадор

Sase Ivanovski

Пратениците ќе ја „чешлаат“ работата на Судскиот совет

Sase Ivanovski
Вчитувам....