15.8 C
Скопје
30/01/2025 19:21
МАКТЕЛ

   

Контраспин: Љубчо во „србски“ манир им го честита празникот на Србите во Северна Македонија

     

Во својот најнов Контраспин, Вистиномер во ставот на Љубчо Георгиевски препознава борба против „србството“ и „србскиот свет“ во Македонија со пропагирање на бугарофилија – или, народски кажано, пледирањето да се биде „бугарски четник наспроти српските четници“. Во случајот на поранешниот премиер и филолог по образование кој не ги почитува нормите на стандардниот македонски литературен јазик, но и ги иронизира јазичните норми на српскиот јазик, овој став е спинување на вистината, пишува Вистиномер во текстот кој го пренесуваме во целост. Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, еден од основачите и долгогодишен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, во објава на неговиот Фејсбук профил им го „честиташе“ празникот Свети Сава на „Србите кои се доселиле во Македонија и го нашле својот дом тука“ и на сите Србо-македонци, кои според него, самите се викаат така: Спин: „Честит Свети Сава! На сите Срби кои се доселени во Македонија и го нашле својот дом тука. На сите Србо-македонци (сами така се викаат).Кои се автохони Макендонци ама нивните предци пред три или четири генераци го земале србскиот идентитет.Велат дека комунистите со сила ги македонизирале и сега имаат преродба со општа подршка на општеството.Се радувам што нивната бројка станува поголема секој ден.
На чистите Македонци кои размислуваат како Срби.Нивниот гео-полтички поглед на светот е србски.Нивниот историски поглед на светот е србски.Се поистоветуваат со србската култура и посебно музика.Светскиот спорт го гледаат само преку србскиот спорт дури и наспроти македонскиот.Се велат Македонци ама дишат како Срби. Се надевем дека сите тие со доминантната контрола и моќ што ја имаат во македонското општество ќе помогнат во европската интеграција на државата“.

 

   

Контраспин: Ваквиот став искажан по повод Свети Сава – националниот празник на српската заедница во Република Северна Македонија не само што содржи навредливи елементи, извитоперување на јазичните норми, дури и говор на омраза, туку во него препознаваме спин, т.е. извртување на вистината. Не е прв пат Љубчо Георгиевски да ја бранува јавноста со контроверзни ставови кога се работи за историски теми, а неговата иронична честитка на Фејсбук за „Србо-македонците“ и за „чистите Македонци кои размислуваат како Срби“ беше пренесен во домашните портали. Шест дена пред овој пост, Георгиевски објави став околу полагањето венци кај споменикот во Зебрњак, кумановско, со кое беше одбележана 107-годишнината од Кумановската битка (1912 г.) во Првата балканска војна во организација на Српската заедница во Македонија, под покровителство на Дирекцијата за дијаспора и Министерството за надворешни работи на Република Србија. Георгиевски во пост на Фејсбук пишува: „Рамиз Мерко добил кривична пријава за спомен плоча на училиште од време на албанската окупација. Љубчо Георгиевски од Битола веќе подолго го судат затоа што самото име на Ванчо Михаилов предизвикувало национална омраза. Тие што оддаваат почит кон Мара Бунева се третираат како отпадници. А дваесете обновени плочи од србската окупација никој македонски патриот не ги гледа. Еве една од стоте прослави на српската окупација со одличен говор за македонскиот идентитет“. За појаснување, Љупчо Георгиевски (во некои извори Ѓоргиевски) е екс-претседател на згаснатиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, против кого се води судска постапка за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, односно го величел ликот и делото на Ванчо Михајлов. Но, колку и да е испровоцирана со изблиците на „српскиот свет во Македонија“ по повод чествувањето на празникот на српската заедница во Северна Македонија, „честитката“ на Љубчо Георгиевски е, во најмала рака, недоследност во посочувањето на загрозувачите на македонскиот идентитет. Или, пак, не е, и не сака да биде? Ако геополитичката стратегија на она што денес се нарекува „српски свет“ е долговечна алатка за ширење на тој наратив, тогаш Љубчо Георгиевски во моделот на „најдобрите непријатели“ нескриено изминативе децении ја фаворизира бугарофилијата. Тоа не се огледа само со потсетување на „отворените приврзаници на општата историја со Бугарија“, туку и преку неговата загриженост за експанзијата на „српскиот свет“ и кон Бугарија. „Додека Костадинов ја најавува анексијата само на Северна Македонија без грчкиот дел, Српската политка веќе подготвила шопска нација и шопски јазик која влегува длабоко во северзападна Бугарија. Процесот одамна е почнат со србска скара и српска музика на секој ќош а веќе и со српски телевизии ама бугарските националисти тешко го гледаат затоа што мускулите ги користат само за Македонија. Македонските патриоти и посебно лингвисти не треба да бидат загрижени од кај нас во тие граници влегуват само Крива паланка, Саса, Пијанец, Малешевијата и Струмичко но и половина Пиринска Македонија“пишува Георгиевски во пост на Фејсбук.
Интересено е инсистирањето на Георгиевски да ја користи придавката „србски“, со цел да го иронизира, според него, просрпскиот дух кај дел од Македонците. Протагонистите на крајната десница на српската политичка сцена од крајот на 80-те години од минатиот век започнаа да го ревидираат српскиот јазик, применувајќи го етимолошкиот правопис и изговор (србски, србство, србски свет) наместо стандардниот фонолошки (српски, српство, српски свет), кој пропишува едначење по звучност. До реформите во српскиот јазик воведени од Вук Караџиќ – чиј превод на „Новиот завет“ од 1847 година ги поставува темелите на современиот стандарден српски јазик, кои се во целосна употреба од 1868 година – била употребувана словенскосрпска верзија на старословенскиот јазик. „Во последно време – ми се чини – нестручната јавност инсистира на формата „србски“, како и „Србкиња“, бидејќи – како што велат експертите – така се зачувува врската со значењето, па „србскиот“ е тој што е поврзан со Србија, а српскиот што нè поврзува со српот. Беа напишани значителен број текстови по тој повод во одбрана на изнесената теза каде, меѓу другото, се вели дека спорната придавка била во употреба кај Србите пред јазичната реформа на Вук Караџиќ, дури и Вук на места ја користел оваа форма, а југословенските мислители целосно го отстраниле од употреба, со јасна намера: да го загрозат идентитетот на српскиот народ и да го лишат од ‒ симболично, а потоа и вистинско – од неговото постоење. Со други зборови, кога доследно би пишувале српски наместо „србски“, нема да има повеќе Срби, освен на некои места на хартија, а и тие ќе се претворат во мали српови“пишува филологот и професорка по српска книжевност Биљана Ковачевиќ. Од друга страна, пак, го имаме Георгиевски, чие инсистирање на неговото лично име Љубчо не го почитува правилото за едначење по звучност, кое како гласовна промена е една од најкарактеристичните појави во македонскиот јазик: таа се случува при допир на две согласки со различна звучност. Затоа, според споменатиот модел на „најдобри непријатели“ ги читаме неговите ставови за загрозеност на македонскиот идентитет од „србството“, на кое тој му се спротивставува со фонетика карактеристична за бугарскиот литературен јазик.

Во 2006 година Георгиевски добил бугарско државјанство со што во Македонија и Бугарија предизвика бројни полемики за вистинските мотиви за ваквиот чин. Самиот тој се дефинира како бугарофил, пишува Википедија на македонски јазик, што предизвика бројни препирки со неговите стари сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ. Но, и со актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, кој во гостувањето на поткаст на Сител изјави дека „Георгиевски како потпросечен студент во деведесетите добил шанса“ и дека „тој човек вели дека Г. Делчев е Бугар. И да е така, тоа не се зборува јавно. Тоа не смее да го кажува!“. Квалификувајќи го „Војводата Христијан Мицковски како идеолошки наследник на Четничкиот вардарски корпус“, Георгиевски му одговара:„Никогаш и никаде немам напишано или кажано дека Гоце е „Бугар“, сум изнесувал факти кои се кријат во македонската историја и фалсификуваат, а како што гледам интелигентните луѓе како Мицковски сами си го носат заклучокот. Еве што имам кажано на таа тема.

Дека целото школуванје на Гоце е низ бугарските егзархиски школи, дури унијатското било бугарско школо. Дека сакал да стане бугарски официр и тоа го завршил во Софија. И има фотографија со бугарска бела униформа иста таква како што гледавме на партизанските филмови. Дека станал бугарски егзархиски учител каде земал плата од бугарската егзархија и предавал на бугарски литературен јазик. Дека сите документи и приватни писма, а ги има неколку стотина се напишани на бугарски литературен јазик. Дека заедно со Ѓ.Петров го напишале првиот статут на организацијата и ја крстиле БМОРК во која напишале дека е создадена да се бори за правата на бугарите во Македонија и Тракија,потврдено од професорите Катарџиев и од Ванчо Георгиев. Дека како член на задграничниот комитет по автоматизам бил член на Врховниот. Дека го формирал четничкиот институт заедно со потпис на Централниот комитет на Врховниот комитет и на Македонските воени братства со што тој дозволил во секоја вмровска чета да има по еден бугарски офицер. На лидерот Мицковски не му пречи кога пред неговите градоначалници српски функционери не нарекуваат Јужна Србија и стара Србија а му пречат фактите“. Георгиевски не пропушта и често да се пофали со бројни познанства со значајни личности од политичката сцена на Бугарија како царот Симеон Сакскобурготски, кнезот Борис, претседателот Румен Радев… Во ставот на Љубчо Георгиевски препознаваме борба против „србството“ и „србскиот свет“ во Македонија со пропагирање на бугарофилија – или, народски кажано, пледирањето да се биде „бугарски четник наспроти српските четници“. Во случајот на поранешниот премиер и филолог по образование кој не ги почитува нормите на стандардниот македонски литературен јазик овој став е спинување, т.е. извртување на вистината.

 

Најново

Со акциски цени против бојкотот: Макарони намалени за цели 4 денари, продавниците полупразни

Sase Ivanovski

Јаневска за Нацрт-концепцијата за гимназиско образование: Сите аргументирани барања ќе бидат прифатени

Sase Ivanovski

Стојаноски: Со посветена работа, веќе ги гледаме првите резултати, до крајот на мандатот ќе бидат целосно реконструирани студентските домови

Sase Ivanovski

Мицкоски: Минималната плата ќе биде онаа што ќе ја договорат работниците и работодавачите, а Владата ќе го фасцилитира тој процес

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Ги оставивте работниците на маргините, зошто не прифаќате минимална плата од 500 евра?

Sase Ivanovski

Мицкоски: Имам разбирање за бојкотот на граѓаните на маркети, а јавноста ќе дознае како од поранешни функционери на СДСМ се прави политика и манипулира при пресметката на минималната синдикална кошничка

Sase Ivanovski

Јаневска: Јавната дебата за Нацрт-Концепцијата за гимназиско образование е во тек, по 24 години неопходна е реформа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Вашите мерки дожвеаја дебакл, ќе го прифатите ли предлогот за укинување на ДДВ за храна?

Sase Ivanovski

Филков: Поразителни се бројките од анкетата за задоволството на судските услуги

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска до Мицкоски: Граѓаните се решија на бојкот, ќе признаете ли дека згрешивте со погрешните политики?

Sase Ivanovski

Групацијата ЕИБ постигна рекордни резултати во 2024 година, цели кон инвестиции од 95 милијарди евра за 2025 година

Sase Ivanovski

Кирков: ЈП Лајка потребно е да најде брзо, ефикасно и системско решение за трајно да го решиме проблемот со бездомните кучиња

Sase Ivanovski

Стојаноски: Согласно законот за реорганизација на државната управа ќе се намалат буџетските корисници, на тој начин овие институции ќе се реорганизираат под надлежност на министерствата

Sase Ivanovski

Директорот на Царинска управа додели признанија од СЦО за особени заслуги за зголемување на ефективноста на институцијата: во втората половина од 2024 година наплатени приходи од над една милијарда евра

Sase Ivanovski

Јаревски: Филипче да се потсети на времето кога тој беше министер за здравство, кога свесно се кршеле законите и се правел криминал

Sase Ivanovski

Јаневски: Не поддржуваме одлука која предвидува нередовни автобуски линии во руралните и приградските населби

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тренчевска: Власта направи хаос со инспекторатите, пазарните инспектори не може да казнуваат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ го поддржува бојкотот против ланците на профитери кои за жал СДС ги штити и сака да ги амнестира

Sase Ivanovski

Донаторска конференција со фокус на младите во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади

Sase Ivanovski

Јаневска: Добро е за сите нас кога компаниите ја покажуваат општествената одговорност со инвестирање во образованието

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Бојковски со порака до Арсовска и ЈСП: Месните и урбаните заедници треба да учествуваат во одлуката за менување на возните линии на ЈСП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Скандалозна изјава на Трајко Славевски, граѓаните да не бараат поголеми плати додека тој ужива

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чии кадри се бираат во Муртино, наместо во партиските органи

Sase Ivanovski

Лашкоска: Грижата за водите е одговорност на секој од нас, бидејќи сме дел од заедничкиот простор во кој живееме

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДС со најмизерни зборови ги напаѓаат Муцунски и Митески, Општина Аеродром посветено работи на подобрување на условите во кои растат и се развиваат децата

Sase Ivanovski

Стојановски: Ние советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаме за решавање на проблемот на граѓаните на Општина Сарај со водоснабдувањето

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николова до Јаневска: Има лавина реакции за лошата концепција-ќе преземете ли одговорност за уништување на критичната мисла?

Sase Ivanovski

Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Врховниот суд

Sase Ivanovski

Герасимовски: Покрената иницијатива за почисти училишни дворови, ја подигнуваме свеста кај децата за грижа за животна средина

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Марковска Илиевска по четврти пат поставува прашање, дали уредувањето и сите активности за мега паркот зафаќаат дел од втората заштитна зона каде што се бунарите, но одговор од Арсовска нема

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Кој лаже за бојкотот, Мицкоски или Трајко Славески со неговите срамни изјави?

Sase Ivanovski

СДСМ: (Најава) Претседателот Филипче во работна посета на Хрватска

Sase Ivanovski

Осврт на филмот Perfect Days, во режија на филмскиот автор Wim Wenders. Текстот е објавен на веб-порталот Трн.мк

Sase Ivanovski

Сите видови италијански сирења…

Sase Ivanovski

Осврт на антологискиот албум Station to Station на David Bowie, објавен во јануари 1976.

Sase Ivanovski

КИНЕСКИОТ „ЧАТ ГПТ“ КОРИСТЕЛ ПОДАТОЦИ ОД АМЕРИКАНСКИОТ БОТ? „Спутник моментот“ на DeepSeek е полн со контроверзии

Sase Ivanovski

АСАД ДА БИДЕ ЕКСТРАДИРАН Новиот претседател на Сирија упатил барање до Москва

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска одржав средба со амбасадорот на Италија во Македонија, Паоло Палминтери

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Патот Тетово-Призрен наскоро ќе стане реалност

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ја укина заштитата од депортација за 600.000 Венецуелци

Sase Ivanovski

Училиштата во САД се обидуваат да ги заштитат учениците без документи од имиграционите рации на Трамп

Sase Ivanovski

Спасовски: Поднесовме иницијатива, бараме Надзорна расправа за загадениот воздух

Sase Ivanovski

Мајк Џонсон го брани агресивниот почеток на Трамп, изјавувајќи дека „сè е на маса“

Sase Ivanovski

СУБВЕНЦИИ ЗА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ КОИ ЌЕ ПОСЕТУВААТ ОБУКИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА

Sase Ivanovski

Службениците за имиграција: „Најлошото оди прво“, но сега нема „бесплатна пропусница“

Sase Ivanovski

Трамп му нареди на центарот за јавно здравство на САД да ги стопира сите заеднички проекти со Светската Здравствена Организација

Sase Ivanovski

Приведен 46-годишен Кумановец. Бил агресивен кон полицајци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром излажа, помошта за новороденче остана непроменета

Sase Ivanovski

Нема преживеани во авионската несреќа во Вашингтон, САД

Sase Ivanovski

Saturday Family Brunch – Секоја сабота во @groovelyn од 11:00 до 14:00 !

Sase Ivanovski

Француските весници го тужат Линкедин за користење на нивната содржина

Sase Ivanovski

Патуваме кон југот, регионот на Егејска Македонија, денес Северна Грција, каде можеме сеуште да посведочиме сочувани примери на традиционалната архитектура

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бизнис мафијата блиска до СДС

Sase Ivanovski

Гешовски: Граѓаните „полудеа“ по производи на „Тему“ , а не стивнува и интересот за платформата „Алиекспрес“

Sase Ivanovski

Македонски Концепт со остра осуда за иницијативата на градоначалникот на Тетово, Билал Касами

Sase Ivanovski

Лоран Бајрами направи увид на потпорниот ѕид кај Детска клиника кој почна да се распаѓа уште лани во јуни месец…

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Создавањето на некакви зони без Aлбанци како што наведува ДУИ е единствено во главата на Ахмети и бегалецот Артан Груби

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Франција загина средношколка, повредени се голем број ученици

Sase Ivanovski

Захарова: Не смее да се дозволи во Србија да владее хаос

Sase Ivanovski

Гаши: Потребни ни се длабоки промени во правосудството

Sase Ivanovski

Министерството за финансии ќе продава државни хартии од вредност за 57 милиони евра

Sase Ivanovski

Телефонски број и имејл адреса пред печат за продолѓување регистрација – МВР го комплетира Сејф сити

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Глигор Цветанов во „Бизнис-клуб“: „Извозот е суштински за да опстанеме и како компании и како држава“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Внимание: Не растат платите туку цените – следува бојкот!

Sase Ivanovski

Пресуда против Италија за неактивност во справувањето со мафијашките диви депонии со токсичен отпад

Sase Ivanovski

Тешко повредено едно лице во сообраќајка во Тетовско

Sase Ivanovski

Кафето „арабика“ достигна рекордни вредности, во Бразил се очекува намалена жетва

Sase Ivanovski

Неправедно осудениот Јапонец кој помина 46 години во затвор бара оштета од 1,2 милиони евра

Sase Ivanovski

Инспекторатите нема да имаат сопствена буџетска сметка, ниту ќе спроведуваат постапки за јавни набавки

Sase Ivanovski

Русија забрзано ги повлекува своите воени трупи и опрема од сириското пристаниште Тартус

Sase Ivanovski

Пациентите да ги пријавуваат лекарите митаџии и да им се одземе лиценцата, повикува министерот за здравство Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО): Неколку минути пред трагедијата добил порака од сопругата: Трогателен разговор со сопруг на патничка од авионот од Вашингтон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гаши: Немам ингеренции да предлагам претседател на Комисијата за социјална политика, туку само да одредам пратеник за свикување седници

Sase Ivanovski

Во Шведска убиен ирачки бегалец пред судската пресуда за палење на Куранот

Sase Ivanovski

Пет години по Брегзит, Британците жалат – мнозинството сака да се врати во ЕУ

Sase Ivanovski

Државна ревизија: 39 отсто од лековите на скопска Дерматологија се со поминат рок

Sase Ivanovski

Уште не почнат, бојкотот го исплаши маркетите: Некои нудат пониски цени, некои ќе прават попис

Sase Ivanovski

Варшава е најмодерниот град во Европа!

Sase Ivanovski

Ги охрабрувам сите пациенти на кои им е барано мито да пријават и кај нас, вели Таравари

Sase Ivanovski

СДСМ: Стари кадри од режимот го советуваат Мицкоски, обврска на власта е да ги зголеми платите

Sase Ivanovski
Вчитувам....