Илон Маск закажа посета на Пентагон, што веднаш покрена шпекулации за причината за неговата посета на Министерството за одбрана на САД. Американските медиуми „Њујорк тајмс“ и „Волстрит журнал“ цитираа двајца неименувани американски функционери кои тврдат дека на Маск ќе му се даде увид во „строго доверливите“ воени планови за хипотетички конфликт меѓу САД и Кина. Наводно, брифингот за планот содржи меѓу 20 и 30 слајдови кои објаснуваат како Вашингтон би водел војна со Пекинг, додека секретарот за одбрана Пит Хегсет се очекува да му ги претстави на Маск детали како што се поморските тактики. Сепак, Хегсет ги негираше овие наводи, велејќи на социјалните мрежи дека состанокот бил посветен на „иновативноста, ефикасноста и попаметното производство“. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, нагласи дека „со задоволство ќе го пречекаат Илон Маск и дека тој доаѓа само на посета, и дека ќе плати билет. Сличен став имаше и американскиот претседател Доналд Трамп, кој на платформата „Truth Social“ напиша дека Кина нема ни да биде спомната на состанокот. „Какваштета што дискредитираните медиуми можат да измислуваат такви лаги. Во секој случај, приказната е целосно невистинита“, нагласи Трамп.
Маск потоа го сподели коментарот на Трамп на „Х“, нарекувајќи го извештајот на Њујорк Тајмс чиста пропаганда, но и упатување закани, бидејќи, како што наведе, со нетрпение очекува да ги гони вработените во Пентагон кои злонамерно објавуваат лажни информации во медиумите. Во недостиг на веродостојни информации, како логично решение, со оглед на тоа што Маск раководи со Одделот за владина ефикасност (DOGE), се чини дека разговорот во најголемиот административен комплекс во светот ќе се однесува на промени и намалувања на расходите кои веќе го засегаат Министерството за одбрана. Пентагон пред неколку дена постави цел да го намали бројот на цивилни вработени до осум отсто, што би можело да значи отпуштање на речиси 60.000 луѓе, додека 21.000 вработени веќе прифатиле план за доброволно отпуштање.
Иако министерството на Маск веќе спроведе масовни отпуштања во неколку владини агенции, додека Трамп и тој тврдат дека ова и заштеди на државата 105 милијарди долари во гломазна администрација, за Пентагон може да важат посебни правила. Медиумите од другата страна на Атлантикот известуваат дека клучна тема на состанокот би можело да биде утврдувањето на буџетските приоритети, при што министерот за одбрана инсистира на тоа дека кратењата не ја вклучуваат Индо-пацифичката команда. Ова ќе ја направи Кина, која Пентагон ја назначи како главен противник уште во 2018 година за време на првиот мандат на Трамп, повторно дел од безбедносната равенка, но индиректно, наведуваат регионалние медиуми. Вашингтон го гледа Пекинг како единствениот способен воено и економски да се спротивстави на САД и затоа се подготвува за потенцијални предизвици, додека односите се затегнати со години поради трговските тарифи, сајбер безбедноста, ТикТок, Тајван, потеклото на коронавирусот.