Контролорите истакнуваат дека системот за управување со авиосообраќај е веќе децении стар; последната опрема е набавена во 2001 година, а новиот систем, купен во 2014, сè уште не е ставен во употреба.
Дополнително, над македонскиот воздушен простор во последниот период има зголемување на прелетите за 30 проценти, главно поради воени тензиите меѓу Израел и Иран, што го доведува системот до можност за преоптоварување и ризик за безбедноста.Синдикатот инсистира на веднаш да се реализираат договорите од декември 2024 година, како и на неопходното вработување стручна работна сила и конечно имплементирање на новиот систем за контрола на воздушниот сообраќај. Ако до 30 јуни не се исполнат овие барања, штрајкот ќе биде неизбежен, предупредува синдикатот.