Денеска во Кочани претставници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи присуствуваа на експертскиот панел „Безбедносните ризици на експресниот пат Штип – Кочани“.
Панелот беше инициран од универзитетскиот професор Јован Шоповски со поддршка на општествено одговорната компанија „Амфенол Технолоџи Македонија“. На панелот учествуваа и претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, експерти и професори од универзитетите во Скопје и Штип, сообраќајни инспектори во регионот и други учесници засегнати од проблемите на новоизградениот експресен пат.

Сообраќајните експерти се согласија за неопходноста од подигање на безбедносните услови на оваа делница при што се предложија одржливи решенија.Еден од најприфатливите предлог решенија на експертите е концептот „два плус два“, односно додавање по една коловозна лента на постојните и нивно физичко разделување.Во дискусиите беа потенцирани и неколку критични точки на кои се случиле најголемиот број од несреќите во кои имаше жртви, при што освен возењето со неприлагодена брзина и непочитувањето на сообраќајната сигнализација, беа наведени и некои технички недостатоци за кои консензусот беше дека мора да се отстранат во најбрз можен рок.