БЈБ заедно со ОЈО ГОКК во повеќе градови низ Македонија спроведува акција насочена кон сузбивање на организиран криминал и корупција во здравствениот систем.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, МВР спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата. Станува збор за основано сомнение за сторени повеќе кривични дела со кои е сторена штета на Фондот за здравство. Со оглед на обемот на акцијата повеќе информации ќе бидат споделени по нејзиното завршување“ – соопштија од Обвинителство за организиран криминал и корупција. Против 49 лица се поднесени кривични пријави за основано сомнение за сторени кривични дела: злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување, помагање, примање поткуп, давање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање награда, неофицијално се дознава. Наводно, во акцијата се предвидува лишување од слобода на вкупно 24 лица.