Почитувани, Ве молиме земете го предвид следново коригирано соопштение. (Корекција) Герасимовски: Акција за собирање кабаст отпад на локации во Пролет, Капиштец и Буњаковец
Општина Центар започнува нова акција за собирање кабаст отпад, со цел заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот во локалната самоуправа. Во периодот од 15 до 20 февруари, март и април, граѓаните ќе можат бесплатно да го одложат кабастиот отпад на три локации:
Во населба Пролет, кај Феријален дом,
во Капиштец, на улица „Загребска“, во близина на КТК
во Буњаковец, на улица ,,Костурски херои“, во близина на Вучко.
„Апелирам до сите да ја искористат оваа можност и на еколошки начин да се ослободат од кабастиот отпад. Да ги чуваме нашите улици чисти и да придонесеме кон поздрава животна средина!“ – порача градоначалникот Герасимовски. Акцијата се спроведува согласно Акцискиот план за чист воздух и во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Дополнително, службите на локалната самоуправа активно спроведуваат голема кампања за чистење на општината под мотото „Центар не чека, Центар чисти“. Оваа иницијатива доби силна поддршка и позитивни реакции од жителите. Заедно со граѓаните продолжуваме да создаваме чиста и уредена општина, во која приоритет ќе биде здравата животна средина.