Универзитетскиот професор Синиша Наумоски, во гостување на ТВ „21“ рече дека Коридорот 8 е „нужно зло“, затоа што ако не го направиме ние, Бугарија заедно со Романија и Грција, веќе прават паралелен коридор.
„Не мислам дека имавме капацитет да ги финансираме, затоа што ако сме имале, ќе го направеа тоа. Коридорот 8 и така натаму, тоа е нужно зло, јас би рекол, затоа што ако не го направиме ние, веќе Бугарија со Романија и Грција прават паралелен коридор и ние би станале „слепо црево“ и тоа мора да го направиме ние – ако не сме први, тогаш не сме во играта“, вели Наумоски.