Вчера попладне на граничниот премин „Долно Блаце“ бил приведен 55-годишен Косовец кој бил баран од Интерпол.
„На 14.02.2025 во 14.10 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Б.(55) од Косово, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој e предаден на полициски службеници од Интерпол за понатамошна постапка“, информираат од МВР.