Пратениците на Собранието на Косово денес не успеаја да го изберат претседателот на Собранието, по седми пат, откако кандидатот на Самоопределување, Аљбуљен Хаџиу, по петти пат не успеа да го добие потребниот број гласови. И денеска, како и минатиот пат, за неа гласаа 57 пратеници, 41 беа против, додека тројца беа воздржани.
Претставниците на поранешната опозиција по седницата изјавија дека нема да гласаат за Хаџија, но дека се подготвени да поддржат друг кандидат од Самоопределување. Демократскиот сојуз на Косово повтори дека „никогаш нема да гласаат за кандидатот на Самоопределување“ за претседател на Собранието. Претседавајќи со конститутивната седница, Авни Дехари го најави осмото продолжение за вторник, 29 април.