Не успеа и 36-тото продолжение на конститутивната седница на косовското собрание, објавува „Економија онлајн“.
Пропадна уште еден обид на движењето Самоопределување да создаде ад хок комисија за тајно гласање.
Претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари, побара од ПДК, ЛДК, ААК, Нисма и Српска листа да ги предложи своите кандидати за комисијата, но овие партии не прифатија и не учествуваа во гласањето.
Од 120 пратеници присутни беа 99, а 53 пратеници гласаа „за“, 1 беше против и немаше воздржани.
Дехари ја прекина седницата и најави дека таа ќе продолжи на 25 јуни, во 11:00 часот.Претставниците на меѓународната заедница и граѓанското општество во Косово постојано повикуваат на политички дијалог и институционална одговорност, нагласувајќи дека одложувањето на процесот му штети на демократското функционирање на државата и го попречува напредокот во важни области како што се европската интеграција, реформите и економскиот развој.